Моето гледиште на многумиина ќе им звучи чудно. Велам чудно, бидејќи студирањето на приватен факултет го одобрувам и поддржувам. Зошто? Ќе земам еден студент - на пример од Струга - каде егзистира филијала на „ФОН“ - Универзитетот.
Прво - за финансиите (најголемата причина за Македонскиот студент). Студентот, нема пари (2000 евра годишно) за студирање на правниот факултет при ФОН, па одлучува за само 500 (4 пати помалку) да студира на правниот факултет при УКИМ во Скопје. Првичната пресметка е дека „заштедил“ 1500 евра. Но, 10 од 12 месеци мора да е во Скопје, со просечна кирија од 80 евра, тоа се 800 евра што стужанчево немало да ги плати на ФОН. На тие 80 евра додај месечен трошок што во јавноста е познат како одвоен живот (дома една светилка за петмина, одвоен живот - една за нашиот штедлив студент). Бидејќи сум поминал низ тоа - тврдам дека апсолутниот минимум за нормален студент е 8000 денари (горе долу 120 евра) или за тие 10 месеци трошок од 1200 евра. Значи основните сретства сепак го надминуваат она што го плаќате на пример на ФОН (Мислам дека школарината кај другите е 3000 Евра). Сепак 500+800+1200 = 2500 < 2000 е чиста математика. Административни трошоци и кај едните и кај другите се горе долу исти.
Второ - за квалитетот на студиите. Многумина велат дека „државен си е државен“. Иако „државните кадри“ не донесоа до социјална беда, до економско дно, до нула прогрес - ние сепак ја прифаќаме приказнатаза „државната елита“. Квалитетот на студии - чудо од квалитет на државен. Излегува професорот - објаснува и си оди, додека на „приватните“ доаѓа лице со опрема - проектор и лаптоп, професорот сликовито го предава материјалот низ стручно изработена презентација. На државен - по предавањето - нормално професорот си оди дома, асистентот се барикадира и работи на тоа да докторира (и да стане професор) притоа ви дава 1-2 часа неделно за да се консултирате, а на приватен е професорот задолжен да биде присутен, и згора на тоа неговиот асистент мора јавно да го објави бројот на мобилен телефон и да биде достапен секој ден од 8 до 22 часот - за секој студент.
Трето - простории. Не дај боже да ти се примоча во државен факултет. На 15 метри од елитното државно WC смрди на амонијак и фекалии. Внатре треба со закон да се воведе гас-маска. На привартниот пак влегол не влегол никој цел ден - на крајот на денот се врши задолжителна дезинфекција на просторијата и освежување. За зимно време да не разговараме. Сме слушале - факултетите се без греење - нема мазут, нема нафта ... Ама тоа не смее да се случи на приватен. Нашиов студент влегува како господин, јакната му ја чуваат службени лица на факултетот, комотен и лесно облечен се сместува во предавална. Моето искуство со џемпер и монтка на предавања ќе се трудам да не го препорачувам - ама баш на никој.
Изберете си акредитиран приватен универзитет, поминете си господски студии полесно отколку на државен (каде сигурни се следниве појави: депресија, фрустрација, изжививање врз студентот...). Нај сериозно.
Мето.
П.С. Мислам дека слушнав дека и на ФОН може да се плати - на рати.
Се слагам, целосно.
Време е интелектуалната дегенерација на нашите факултети да се исчисти под дејство на економската моралност, кога УКИМ нема да биде најдобар факултет во МК, зашто јас верувам дека НЕ е. Ако навистина е најдобар, тешко на нашата држава.
Горан.
Мето, темата е добра и актуална и не само за Македония.
Аз лично, като гледам колко много македонци дойдоха да учат в София и то на цени много по-високи от тези в македонските факултети, направо си мисля, че приватните факултети не са проблем - само да ги има достатъчно и да са качествени. Важно е приватните факултети да не бъдат само още едно место за изкарване на пари от старите и консервативни професори от държавните факултети.
Аз лично (като икономист) харесвам системата за обука в САД - там университетите са приватни (без неколко държавни). Цените за обуката са много големи, но ето тука е хитрината. В икономиката се говори за "пределен приход" (marginal revenue) и за "общ приход". Ако ставите една цена за стоката, тогава дали купувам един брой или сто бройки, цената е иста. Тогава общият приход е цената умножена по бройките. Големата хитрина е, ако некой успее да постигне променлив "пределен" приход, тоест ако успее да накара всеки да плати толкова, колкото е готов да даде за стоката. Така ако некой дава 10 000 долара за обука, да му ги вземат, а ако некой дава 5 000, да му ги вземат и тях. Ако некой дава по-малко отколкото би приел университетот, нема обука.
И сега - къде е хитрото на американската система ? Хитрото е, че те за всички обявяват високи цени, а ако некой докаже с документи, че е финансово в нужда, беден е, и не може да плати, тогава му дават стипендия и (или) кредит. Така всеки дава толкова, колкото е доказал, че може да даде, а университетите взимат парите на богатите без да пропуснат бедните, ако са талантливи.
Има нужда от приватни факултети, но и от професори с по-ново, модерно мислене. Факултетот не е место, на което професорот да иде, за да изкара заплатата и подкупите от студентите, да им се направи на много велик и на много важен, па след това айде дома. От една страна, приватните инвеститори требва да знаят, че факултетот не е изворче за много пари, а сериозна работа. От друга страна, лугето требва да разберат, че нема нищо страшно да се учи в приватен факултет. А и парите за обука се връщат после като дойде време да се побара работа.
Поздрав.
Погледот на Милен е дотолку интересен што дури и ако не е таа итрина применета во САД, дефинитивно може да се примени во транзициони земји. Еден од основните проблеми кај нас, сепак не е во парите. Во својот прв коментар од оваа тема, забележав дека ако некој студент од струшко или охридско, се запише во Скопје на државен, а можел во Струга (или Охрид) на приватен, ќе плати иста сума. Значи, парите се горе долу истите. Кај нас како поголем проблем се јавуваат шпекулациите (воедно, шпекулациите за бугарските факултети ги пополнија тамошните со наши студенти). Значи, за кои шпекулации зборувам:
Останав должен за една констатација. Пред околу 4-5 години, кај нас беше приватното школување во зародиш и доста нерегулирано, една шпекулација однесе на 1500 студенти во Бугарија. Шпекулавијата беше - доволно е да се изјасниш за бугарин за да имаш просек 10. Така, потпросечните ученици од Македонија, заради ова отидоа по дипломи (не по знаење - за жал) во Бугарија. Сега некои дознаа дека не било баш така - ама тоа е. Шпекулација е кај нас посилна од закон.
Види види. На правнијадата организирана во земјите на бивша Југославија, победници во категориите „Познавање на правото“ и „Ораторство“ се студенти од ФОН - Универзитетот. Нели таму се земаше диплома со пари??? Нели таму без учење се дипломира??? Дрн дрн јариња. Браво за студентите кои им ги затворија устите на шпекулантите.