|
|
Дали сметате дека се потребни предвремени избори?
Започнато од DLM на 20.04.2008 18:36. Темата има 17 одговори.
 
 
|
|
Подреди коментари:
|
|
|
|
20.04.2008, 18:36
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
|
|
Што можеме да очекуваме од изборите на 01. 06. 2008 год. Се надевам дека ќе понудат избор на идеи и концепти во врска со следните прашања:
-внатрешна политика демократизација на општеството, модернизација на вооружените сили, редукција на МВР и ... -во надворешната политика ставови и насоки за националните интереси како името, прговори со Грција, стратешки партнери, визен режим, емиграција, имиграција и ... -економска политика развој и стимулација на базните , секундарните и терцијарните дејности, фискалната политика даноци и царинска политика и ... -социјална политика, вишок на работна сила, социјално згрижување на хендикепирани и постари лица и ...
Овде само нафрлив некои од прашањата останатите кои не се споменати се исто важни но не би ги набројувал, и сето оваа го пишувам со цел да ги изнесам своите очекувања бар некои .. Значи јас би го дал својот глас на оној што ќе ги има следните ставови -по прашањето за името-идентитетот прекинување на преговорите и изработка на стратегија за ублажување на последиците од таквиот став; -во врска со стратешките партнери, воспоставување на односи со големите и сојузништво до одреден степен ..
The Best websites for Macedonia
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
28.05.2008, 0:43
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
|
|
Убаво бидејќи никој не се интересира за овие избори, бар од овие кои го посетуваат фурумот и немаат некое си мислење за да не остане оваа нишка вака сам ќе си одговорам. По се изгледа овде никој изборите не ги смета за избирање помеѓу лошото и полошото, што доведува до заклучок или сме некој протекторат па на изборот на гувернерот немаме никакво влијание или до толку сме помирени со судбината па и не се обидуваме нешто да измениме. Но едно е сигурно судбината не е одредена значи можеме да ја креираме според сопствените убедувања и избор секогаш постои, зошто толку апатија, зошто секогаш некој друг да ни одредува што сакаме па нормално е ние да сакаме нешто но за тоа треба и да се избориме. Во овој случај тоа можеме да го направиме преку избори, кои воедно претставуваат и одредување на тоа каква ќе ни биде иднината за еден подолг временски период, а најповеќе се однесува на нашето постоење како народ и нација сходно на тоа и како држава. За жал кај нас само преку изборите можеме да направиме влијание на целокупните процеси кои потоа се рефлектираат на политичкиот,економскиот, социјалниот итн систем, иако се поединечните гласови минорни тие сепак претставуваат ИЗБОР. Поради нискиот демократски потенцијал кај структурите и суперструктурите за кој вината ја сносат овие вторите сепак последиците ги чуствуваат првите по правило. Ме зачудува само следново како тоа НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ (секоја чест за Лилјана Поповска иако не сум бар засега, ... ако уште еднаш тоа јавно го повтори ќе размислам за полит.ангаж) не сака да го искаже својот став за името-идентитетот како да се работи за нешто споредно дали повторно се заменуваат тезите. ПА КАКО БЕЛ ДЕН Е ЈАСНО ДЕКА СЕКОЈ ОНОЈ ШТО Е ЗА КОМПРОМИС(бар според објавеното) Е ЗА ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТОТ И ИМЕТО, а за мене пак тоа претставува потреба да се излезе на избори и да се искаже ставот. Замислете ако не сме стенеле НАТО членка ќе сме јаделе корења, како досега да јадевме само бифтек и сл и сето тоа тресење на зелени треба да се финансира со мои пари. Од пред 2 месеци се виде какви се медиокритети како паразити биле прикачени на Македонското ткиво и си го живееле својот паразитски живот, навистина понекогаш треба радикални потези (иако по убедување не сум тоа) за да се одстранат не елиминираат ваквите паразити да се принудат и тие нешто во својот живот да створат да почуствуваат како е да направиш нешто корисно за себе за сите а, поготово кога тие живеат од нашиот труд и уште не убедуваат дека ние не сме тоа што сме, Македонци и затоа треба да си го смениме името и идентитетот. За жал тие не се од бога така створени туку сами избрале да бидат такви и можеби си имаат и некоја зделка од сето тоа, и тоа е во ред но нивниот ангажман во кој целосно се внесени и сакаат со наши пари да не убедуваат на компромис околу така важни прашања е во најмала рака НЕПРИСТОЈНО. И на крајот ме интересира со каква песна ќе продолжат по 1-ви јуни ако нивните убедувања се покажат како промашени, оваа го кажувам бидејќи кога се работи за Македонските граѓани се е можно, можеби тие стварно не се чуствуваат како МАКЕДОНЦИ, но со сигурност можам да тврдам дека овде живеат најмалку 420 000 Македонци бар според резултатите од последниот референдум. малку шега, Но тоа беше пред многу години сега сигурно не има повеќе
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
28.05.2008, 13:28
|
Kenan
Пристапил на 30.09.2007
Рангирање нема
|
|
|
DLM, убав искажан збор и на место со еден убав речник. Барем од моја страна ке кажам дека не излегувам на гласање и не сум излегол никогаш бидејки ниту една партија дали Македонска или Албанска или Турска....и.т.н. не излегла со платформа каде што ке ме задоволи со истата и дека изборите ке се борба на две и повеке платформи а не борба на личности како што ни се случува како по некој автоматизам последниве 17 години. Што се однесува за идентитетот, “коцката е фрлена“, преговорите (разговорите) се во тек и мислам дека нема таа политичка партија која нема да ги продолжи тие разговори или преговори со Грција, така да сиот овој маркетинг од политичките партии ми се еднолични и нема никаков впечаток барем лично кај мене. Голема е грешката од наша страна што воопшто и започнале тие преговори, зарем сите се прават луди во оваа држава и не знаеле дека ова еден ден ке ни се случува? Знаеле и знаат, само се криело како змијата нозете за на крај некој да го искористува во политички маркетинг па која и да е политичка партија. Мора да се соочиме со вистината дека еден ден ке мора да седнат нашите политичари на таа преговарачка маса само незнам каков ке биде исходот. Како прво ниту јас се слагам за промена на каков и да е Македонски идентитет, бидејки пораснав покрај МАКЕДОНЦИ а не покрај некој ХХХ Македонци но најтрагично е што почнува да се двои народот на поголеми Македонци и помали Македонци. Се бараат повторно некави си петоколонаши и издајници. Еднаш засекогаш ке мора политичките партии да ја согледат реалноста дека ке мораат да бидат единствени кига се во прашање националните интереси и да не го вовлекуваат народот на референдуми кој што можат да се наместат за на крај да се каже- “ете така самите одлучивте“ и да се создаде поголема криза во земјава. Кој може да гарантира дека референдумот ке биде фер и демократски? Го познаваме доволно нашето општество и политиката која што никогаш не била реална, и никогаш немала излез од состојбава во која се наогаме поради недостаток не идеи и личен интерес. Само ке кажам следново, ГОСПОД ДА НЕ ЧУВА од вакви политичари без визија.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
07.06.2008, 9:51
|
tekstiling
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
|
Re: Избори 2008-ДЕН ПОТОА,ЗА ПАМЕТ
|
|
|
|
|
ДЕСЕТ ПРИЧИНИ ЗА ПОРАЗ
1.ЛОШО ДРУШТВО-СО КОГО СИ ТАКОВ СИ 2.СЛАБА КАМПАЊА-ГРЕШКИ ВО ЧЕКОРИ,ФУСТАН,СПОТ-ЛЕЛЕ КОЛКУ БЕЗОБРАЗНА НАВРЕДА ЗА НАРОДОТ,КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ГО МОЛИШ,А НЕ ЛУТИШ,СКАПА ГАРДЕРОБА, 3.НЕМАЊЕ ПРОГРАМА,А ИМАЊЕ КОМПРОМИС ЗА СЕ И СЕШТО 4.ЛЕПЛИВИ РАЦЕ,БОГАМИ НА ГОЛЕМО 5.ЈАС,ПА ЈАС КЕ ВЕ ОДВЕДАМ ВО.... 6.20ГОД НА БИНА (ПРЕМНОГУ ДОЛГ СТАЖ,ДОВОЛЕН ЗА ВО ПЕНЗИЈА) 7.ГОЛЕМИТЕ РИБИ ГИ ЈАДАТ МАЛИТЕ 8.НИКОГАШ НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈ ОПОНЕНТОТ,А БИДИ ПРВ ШТО КЕ МУ ЧЕСТИТАШ 9.МНОГУ ИСТЕРАНИ ЧЛЕНОВИ,МЕНЕ ДА НЕ МИ Е РЕДОТ,ДЕКА ОСТАНАА САМО НА ЕДНА РАКА ДА ГИ БРОИШ 10.СТЕЧАЈ ЗА СИТЕ ПА НА КРАЈ И ЗА САМИТЕ СЕБЕ(КОЛКУ ПОБРЗО,ПОМАЛКУ БОЛИ...НЕЛИ)
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
06.07.2008, 22:59
|
Aleksandar makedonski
Пристапил на 20.10.2006
Рангирање нема
|
Re: Избори 2008-ДЕН ПОТОА
|
|
|
|
|
Kakva korist za Makedonija moze Gruevski da napravi so dvotretinsko mnozinstvo:
1)Moze da go smeni Ustavot i da ne se izbira veke Pretsedatel,tuku Makedonija da stane Premierska drzava,kako Anglija.Germanija ili Grcija.
2)Moze da go smeni Ustavot za Narodna Banka Na Makedonija i da go smeni Petar Gosev od Funkcija i na negovo mesto da vleze covek od Vmro..So toa Gruevski moze da napravi vo Makedonija da se plaka so EVra kako vo Crna Gora,Bosna i Kosovo sega.
Togas nema da ima inflacija od denari tuku ke imame evropska inflacija od 2 posto.Gruevski togas bi mozel da gi koristi rezervite na Narodna Banka od 2 milijardi dolari za razvoj na Makedonija.!
3)So ovie izmeni moze Gruevski so vladata da upravuva so vojska .policija,narodna banka i ustaven sud bez problemi.Dosega se pokaza deka kohabitacija vo Makedonija so delba na vlasta megu pretsedatel i premier bese pogubna ideja sto dovede do smena na imeto vo Fyrom,nemoznost za odbrana od teroristite od Kosovo i sozdavanje na razni mafijaski oktopodi koj nikoj ne moze da gi kontolira.Vreme e za kontrola vo Makedonija na razni mafijaski lobi grupi koi vladeat so biznis,kriminal,i gradenje na divi zgradi vo Makedonija.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.03.2009, 23:08
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
|
|
СЕГА СЕ ИЗБОРИ 2009. И повторно нема мислења за предстојните претседателски и локални избори??? Дали навистина никој (од посетителите на овој фурум) не чувствува потреба да ги каже своите ставови-размислувања во врска со изборите и кандидатите, или е нешто сосема друго? Па добро тогаш јас ќе се обидам да ги кажам своите... Како прво сметам дека Македонија станува опасно место за живеење, можеби не за сите но за оние кои мислат со својата глава СИГУРНО. Чим ке се обидам нешто да кажам набргу потоа ќе меснајде нешто, се разбира КОИНЦИДЕНЦИЈА. Демокрастките пролети изгледа завршија со заминувањето на луѓето со демокраски потенцијали од политиката, а на нивно место дојдоа медиокритетчиња. Се на се жална политичка сцена во Македонија за изборите во 2009. Но и покрај тоа треба да се каже нешто за според мене главните фаворити во претседателските избори, Бошковски, Иванов, и Фрчковски. Па за првиот, и покрај неговите познати ставови за проблемот со Грција и другите соседи, голем хендикеп е тоа што не обезбеди подршка од некоја политичка партија, но ако успее да влезе во вториот круг тогаш тој е новиот Претседател на РМ. Вториот недоволно експониран во политиката, претпоставувам извонреден правник, но според мене на Македонија и е потребен вешт политичар а тој за такво нешто не остава дојам, сигурно влегува во вториот круг. Е сега третиот, за овој може да пишуваме до нова година, и тој никогаш нема да се откаже од манирите за манипулација со јавноста, па тоа го први и сега замислете сака дуел со Иванов (каде се чуло и видело да има дули, соочувања и сл пред вториот круг), па на тој начин сака да го истисне Бошковски и можеби на тој начин да си го обезбеди влезот во вториот круг. Има толку добра анализа направено како да додјде до целта, само уште му недостасува авторитет, со еден збор човекот со пишување колумни сака да стане Претседател на Македонија, убаво смислено нема што... Нека ме извинат останатите но според мене малку доцна влегле во политиката. Па ајде да видам има ли некој ..... да напише што мисли, и при тоа да го брани своето мислење, партиските ставови се излитени и не би требало да се овде!!!
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
12.03.2009, 17:44
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
|
|
Изненадува овој молк!!! За десетина дена ниедно мислење-став, или нема партиски иструкции или се нема мислење ова второво е за психо-терапија. Морама да користам таков речник за некој да се почувствува навреден и да собере храброст и нешто напише, па макар и плагијат, само нека го преуреди малку. Би започнал со МИЛИ МОИ или ако сакате ДРАГИ МОИ, инаку често користена фраза од "мистер жвака" во неговите колумни, едноставно тој човек е непресушен извор и инспирација, колку само може да биде комичен, ако не верувате погледнете ги снимките од 1990 на ТВ Загреб каде учевствуваше во некоја емисија како македонски претставник, а тој јадниот и не е сигурен дали е македонец. Дотичниот господин Љ.Ф. и неговиот колега кој се вгнезди во другиот табор В.П. според мене се гробари на Македонската Пролет или ако сакате Демократија, и никако не може да се види со што успееја да се наметната на политичката сцена, двајцата се носители на стратешки пресврти во националната-државната политика. Како единствен можен заклучок се наметнува дека тие душата ја продале на "ѓаволот"(не мислам на оној, туку некој наш мегународен сојузник), и покрај сите нивни бламажи, тие се нашиот најквалитетен производ, да не е трагично би било ... Ваква жестока кампања до сега немало, како да се кандидирале за водачи на некоја улична банда а не држава, како расипани грамафони повторуваат ние треба да направиме ова она, а бе тутурутки едни јас знам што треба да направам речете што вие ќе направите за да видиме и ние бел ден, а политичките слепци и профитери се насекаде околу нив и им се упикуваат достоинствено. Никако не може да се разбере зошто лица со искажани квалитети не сакат ни малку да вложат од својата енергија за Македонија, ако е во прашање нивната суета тогаш тие можеби и не се толку големи како што се рекламираат.
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
13.03.2009, 9:18
|
tekstiling
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
|
|
|
Нормално ,за се треба провокација,еве и за овој мој став.Неколку пати сакав да напишам нешто,ама бришев,не ми се допагаше или немав доволно енергија или ставот беше излитен.Ние повеке се мислиме него овие што цел свет ги следи ,па се појавуваат во сета своја излитеност.Овој Мистерот што на сите соодветни имиња им даде,како Електрик Мен,Лепи Цане ,сега со сета ароганција ужива да биде слушан,персиран,уф сам да си се предложи .Мене ме потсека на Луцифер,јас не знам што би ми правел да ме начека во неговите да речеме претседателски раце.Можеби онака пријателски ке ме обработува.Како може да се каже што правеле кога биле добри пријатели,а замислете сега повеке не се.Тоа на пријателот да му го истуриш во лице, сето она што го знаеш за него па можеби кажал и малку повеке од потребното, е толку подло,тоа кажува дека не си му ни бил пријател.Значи сега треба да си зададат удари ,дали е тоа наше типично,не сакам да верувам дека сме сите дренки од ист дол.Ке си кршеле нозе ,хахаха ,добро ако и она другото не си го скршат .Како што рече во една прилика една страна дипломатка,си играте со државата!.Боже прости им,па ние не сакаме такви да не водат.Сите научници во правото,па кај им е терезијата за да делат правдина?Прво за себе,а потоа и на другите.
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
13.03.2009, 12:16
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
|
|
Основно правило во политиката е дека нема правила. Кога почнав да пишувам за овие избори, повеќе за цел имав да прашам зошто на сцената ги нема оние особи кои имаат неоспорен демократски потенцијал, како Тупурковски и низа други. Повторно имаме низа кандидати кои покрај нивните професионални достигнувања немаат никакво познавање од политиката и во таа област се анонимуси (со исклучок на ЉБ и ЉФ). Значи да се вратам на првото зошто еден Тупурковски не се јавува на овие избори иако има можности многу да направи за Македонија со неговото знаење, искуство, познанства и демократски потенцијал, па зар навистина медиумите се одлучувачкиот фактор не спорам дека се моќни но и тие се манипулираат. Овде зборам за Тупурковски но има бар уште десетина како него, иако е тој докажан и со тоа во предност. Од сите кандидати "мистер жвака" најмалку заслужува доверба за вака престижна и пред се одговорна функција, се плашам дека за некој ролекс може да падне во искушение и да ни ја ..... остатокот од државата, која пак со уставот од 2001. (во тоа време инаку тој е креатор со помош на оној другиот В.П.) и не е повеќе национална држава на Македонскиот народ. Односно сакав да прашам каде е прагот, која е таа критична маса која е потребна па граѓаните да почнат да го користат својот интелект и на подолги стази. Преку медиумите упорно им се сервира дека е супер - само што живееме во карантин, па дека оние што не довеле во таква состојба се тие што ќе не избават од оваа апатија и карантин, ма идиотарија. продолзувам...
Зачудува тоа како нашата "јавност" е повеќе заинтересирана за претседателските избори во САД отколку за изборите во Македонија, иако влијанието на претседателот на САД е значајно (сепак нели тие го назначуваат гувернерот), сепак е нејасно зошто нема бар малку пркос за достоинство да збориме е мислена именка во овие услови. Бидејќи сум оптимист по природа, знам дека има прилично од оние кои се подготвени да се вложат дел од себе за нашата работа, и дека истите чувствуваат страв поради режимот (поранешен и сегашен) и за што имаат многубројни примери, во случај да се осмелат да мислат со својата глава и тоа да го изнесат јавно и при тоа да немат поголем (надворешен) брат или некоја пара за црни денови. Случајно во медиумите ја видов изјавата на "мистер жвака" дека тој би посакувал во вториот круг за противкандидат да го има Љ Бошковски, па тој човек никако да свати дека Македонската историја ќе биде спомнат само по неговите манипулации и "извонредниот рамковен". А, Бошковски ако мислел да води ваква губитничка кампања подобро и да не влегувал во трката, бидејќи така не се добиваат симпатиите на ... Мислам дека нема повеќе смисла да се пишува за овие претседателски избори, можеби треба да се размисли истите да се прекинат и повторно да се распишат подоцна кога ќе имаме кандидати со јасно искажана визија (по однос на стратешките прашања) за иднината на Македонија, вака само трошиме време и пари!!!
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
27.03.2009, 9:34
|
tekstiling
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
|
|
|
ДЕСЕТ ПРИЧИНИ ЗА ПОБЕДА
1.Народот сака заштита на неговиот идентитет,а тоа го гледа во патриотска партија 2.Младината со жар се понесе со партијата која им даде шанса на младите 3.Обични луге со свои мани ,што ги има секој,како говорни,наследни,фамилијарни 4.Вработување на многу млади,на пр на универзитетот во Штип(сигурно сите блиски гласаа за партијата на власт) 5.Внесување нов дух во сите области,макар што има некоја слабост,народот молчи ,им дава шанса 6.Иако имаше големи грешки во денационализациониот процес,се има трпение 7.Груевски има неверојатни симпатии поради оптимизмот кој ни го влеа 8.Опозицијата е со лоши остатоци од исвирканиот кадар,кој времето го прегази,водење титова политика,копирање манири како пушење пури,отстрел на секој што смета на патот кон врвот,исти фрази-меџународна изолација и сиромаштво ,недоветни меџуно... 9.Ако се преброди кризата со вработувањето,ке имаат долго шанса за власт 10.Нескриени желби за остварување на сите идеали на македонскиот народ-обединет
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
30.03.2009, 21:57
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: ИЗБОРИ 2009 : - : и сто причини за РАЗМИСЛУВАЊЕ!
|
|
|
|
|
Прво не мислев да одговорам но не можев да издржам на предизвикот. 1. Народот мора да го знае својот идентитет, и треба да го заштити самиот преку изборот... 2.Младината добила шанса, а до своите 40 живее со своите родители, е таква шанса ретко се добива!!! 3.Оваа е за пофалба на сите медиуми спикери-водители се лица со говорни мани, па после се чудиме зошто децата никогаш не можат да научат да зборат правилно !!! 4.Вработување на сите послушници, а ако некој се дрзне и почне да мисли му доаѓа исто како да извршил самоубиство од заседа!!! 5.За жал нема дух, а за нов нема ни збор (овде мора да кажам дека тие само ја копираат матрицата на владеење на претходниците, со исклучок на периодот 1998-2001), за слабостите и грешките по завршртокот на оваа мајмунијада. 6.Трпение немаат само оние што се живи, другите го имаат засекогаш!!! 7.Најмногу оптимизам ни влеа со казнената политика сега помалку наликуваме на конц логор!!! 8.Опозицијата е лоша и затоа не е на власт, но за демократија е предуслов!!! 9.Ако го сочува името ќе остви убави спомени и тоа е се!!! 10. Обединување од позиција на власт смешно, обединување со авторитет пожелно, а обединување врз идеали благословено и ТРАЈНО!!!
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
27.09.2009, 0:55
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: ИЗБОРИ 2009 : - : IZBORI 2010
|
|
|
|
|
Има ли нешто ново на форумов или само неколкуте јастреби ќе не убедуваат што сме и кои сме, за жалење се јадните и самите не знаат што се. Но да поставам една тема, низ прашање, за која не гледам дека има некој особен интерес, а е доста интересно сега кога Кумот почна со неофициелна кампања... ШТО МИСЛИТЕ ДАЛИ НАПРОЛЕТ 2010, ЌЕ ИМА НОВИ ИЗБОРИ, СЕ РАЗБИРА АКО НЕ ПАДНЕ ШЕНГЕНСКИОТ ЗИД И КАРАНТИНОТ ??? Моето мислење е дека Кумот (со веќе видени потези) се подготвува за таква ситуација, но ако пак само блефира тогаш навистина му е време да изврши политичко самоубиство, бидејќи после тоа јавноста ќе заборави дека некогаш постоел и ... Ако некој има свои размислувања за развојот на ситуацијата по оваа (не партиски идиотарии) би сакал да ги видиме
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
27.09.2009, 10:21
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Re: ИЗБОРИ 2009 : - : IZBORI 2010
|
|
|
|
|
"Има ли нешто ново на форумов или само неколкуте јастреби ќе не убедуваат што сме и кои сме, за жалење се јадните и самите не знаат што се."
Има, има ама ке ти е многу тешко да одговориш. Вопросот е тачно за идентитетот и това дека пишува Арбен Джафери.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
27.09.2009, 23:04
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: ИЗБОРИ 2009 : - : IZBORI 2010
|
|
|
|
|
Ако сакате одговор тогаш напишете го текстот на македонски јазик или англиски, како би можел да го разберам, доколку сакате да го разберам, инаку ваквите мисли кои ги изнесувате овде се вон темата. ТЕМАТА е МАКЕДОНИЈА и политичките збиднувања а, не идентитетот. Мојот став за идентитетот е, дека тоа е веќе апсолвирано (и целосно завршено) прашање, ако пак има некој кому тоа не му е јасно нека достави електронска адреса, слободно ќе посочам литература и факти така што и вам ќе ви стане јасно... Ставовите на Џафери и други јастреби се исто така познати така да нема причини некој овде упорно да ги ифрлува за сопствени... И да завршам кои се причините за таквото упорно негирање на вистината од ваша страна (уште и на бугарски јазик), мал совет ако сакате ефекти тогаш треба тоа да го сторите на македонски јазик, инаку вака трудот е залуден, и слободно напишете ни овде нешто за Македонците во Бугарија, како живеат во една членка на ЕУ која има претензии кон соседна земја и упорно се меша во внатрешните работи.
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
03.10.2009, 0:42
|
MOS-MAKEDONSKI OBEDINETI SILI
Пристапил на 01.10.2009
Рангирање нема
|
Re: ИЗБОРИ 2009 : - : IZBORI 2010
|
|
|
|
|
IZBORITE ZAVRSIJA ....NEKOJ KAZUVA PAK IZBORI KE IMALO I PAK ISTITE SUTRACI KE GI GLEDAME NA POLITICKA SCENA ,...TREBA NOVI LUGE POKREATIVNI PORAZUMNI LICNOSTI A PRED SE MAKEDONCI .
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
|
|
Страна 1 од 2 (18 ставки)
|
1 2 > |
|
|
|
Форум на Време » Политика » Дали сметате де... » Избори 2008
|
|
|
|