пример: ако одите на лекар и сакате еден нормален третман кон Вас, ќе бидете принудени да подарите подарок на медицинскиот персонал за да истите се однесуваат нормално. Значи за еден вид услуга ние сме принудени да платиме 2 пати, но овде и самите граѓани учествуваат доброволно бидејќи ако подарокот се даде по завршената процедура е подарок односно благодарност ком медицинарот, но ако се даде пред започнувањето тогаш е тоа класичен пример за корупција. Сигурно дека изборот на овој пример има недостатоци затоа што се работи за човековото здравје (живот), но се додека не се разбудиме и се почитуваме самите себе својот интегритет и достоинство како идеали за кои само збориме, тогаш со сигурност можеме да тврдиме дека не постои доволна критична маса за да се ублажат таквите појави.