Dodeka ne se pomirime so nacionalnata pripadnost nema drzava

Дали сметате дека се потребни предвремени избори?

Dodeka ne se pomirime so nacionalnata pripadnost nema drzava


vanco mihajlov 31.05.2008, 22:13
РАЗГОВОРОТ Е ПРОВЕДЕН СО КОРЕСПОНДЕНТ НА В. „ХРВАТСКА" ВО 1970 г.
ПРАШАЊЕ: Во што се состои, поточно во што може да се види некаква разлика измеѓу кралскиот и комунистичкиот режим во Македонија?
ОДГОВОР: Кралскиот режим започна веднаш со посрбувањето. А сегашниот режим ја усвои препораката на српскиот политичар Стојан Новаковиќ, која тoj кон кpaj на минатиот век ja даваше на белградските одговорни фактори. Против Бугарштината, кoja ја признаваше Новаковиќ дека има длабок корен во Македонија, мастерски треба да се противопостави „македонството", т.е. треба да се използува географското име на земјата.
Титовци започнаа со физички напади врз бугарската интелигенција и сите влијателни Бугари. Истовремено започнаа и систематска пропаганда, дека Македонците се оделна народност, а не Бугари. Оваа демагагија со географското име достигна огромни размери.
Верно е, дека ние покрај нашето бугарско име сме се нарекували и македонци, но само во онаа смисла како далматинците Хрвати се нарекуваат себе си далматинци, или херцеговците Хрвати - се нарекуваат и херцеговци. Во Македонија Турците, Грците и Ароманите исто се означуваат и како Македонци.
Секој малку пописмен човек знае, дека во скоро сите европски земји има области со различ-ни географски имиња, а суштествуваат и племенски имиња. При Бугарите имаме географски имиња: Добруџа, Тракија и Македонија, но и денес се среќаваат уште племенски имиња: рупци, торлаци, брсјаци, мијаци, шопи.
Ако новите скопски жупани, поради омраза против Бугарштината, сакаат под маската на гео-графското име да прогласуват „Македонска народност", логично е да ги запрашаме: зошто не ги прогласуваат во својата жупанија како оделна народност Брсјаците, така како населението околу градовите Кичево и Крушево е позното под истото име?
Во Италија и Германија би следувало, врз основа на географски и стари племенски имиња, да бидат прогласени барем десетина нови „народности". Но никој не тргнува по таков погрешен пат, освен зеслепените шовинисти од категоријата на Новаковиќ, или оформилите се во негов дух рене-гати, какви се денешните комунисти во Македонија под југословенска власт.
Кажав, дека имињата Македонија и Далмација се стари, како е старо името Галија (денешна Франција). Но не суштествуваат народности македонска, далматинска или галска".

Иван (Ванчо) Михајлов 1970

Re: Dodeka ne se pomirime so nacionalnata pripadnost nema drzava


ato 27.02.2009, 23:08
Зошто тогаш пред да се создаде југославија, Бугарите и нивните бугаромани од Македонија ги тепале и убивале Македонците.
Зарем и тогаш имало некој на мојата неписмена баба да и каже горе во планините дека не е Бугарка туку е македонка.
Ние сме македонци по мајка, татко баба дедо, прадедо и тн. не била писмена мојата баба да чита литература ама не ги заборави цел живот стаповите од Бугарите затоа што со сила сакале да ја направат бугарка.
А тоа го правел во Македонија Ванчо Михајлов.


А јас верував во луѓето

Re: Dodeka ne se pomirime so nacionalnata pripadnost nema drzava


DLM 02.03.2009, 19:37
СЕ ДОДЕКА ИМАМЕ ТАКВИ ДОМОЉУБИ, И СЕ ДОДЕКА ИМАМЕ ТАКВИ СОСЕДИ, ОПСТАНОКОТ НА НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ПРАШАЊЕ.
И една мала напомена, од бројот на оние кои ова држава ја сметат за Македонија и творба на државотворен народ Македонскиот, ќе зависи иднината на државата, а не од моментните политички номенклатури.
А за лицето што се восхитува со дострелите на Ванчо Михајлов, би му советувал малку подобро да ги проучи историските факти, па потоа да ги популаризира, бидејќи човек што го кодошел својот претседател а потоа и...,
и не заслужува некоја голема почит.
До редакцијата на ВРЕМЕ, инсистирањето на бугарската тема не секогаш е медиумски хит.


    Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.