БРУТО ПЛАТИ ОД 2009 ГОДИНА

Дали во Македонија владее бизнис олигархија?

БРУТО ПЛАТИ ОД 2009 ГОДИНА


VirtualX 03.09.2008, 13:23
Читам деновиве за тоа дека од 01.01.2009 ќе се делат бруто плати и гледам во ВРЕМЕ една математика од Славевски која никако не ми оди во глава. Имено, човекот вели дека ако некој зема бруто плата од 20.000 денари тогаш после одбивање на намалените (???) придонеси од 28,4 % ќе му останеле околу 14.300 денари. Сакав да го прашам човекот од кога тоа придонеси се пресметуваат на бруто плата??? Или можеби и тоа е некоја новост од 01.01.2009. Како што ме учеа математика во школо и земајќи ја во предвид досегашната формула за пресметка на придонеси излегува дека ако на нето платата што ја пресметал Славевски се додадат придонесите од 28,4 % се добива бруто износ од 18.360 денари кој е побајаги помал од 20.000 денари. Односно, за некој кој би земал бруто плата од 14.300 денари треба да плати придонеси од околу 40% за да има бруто плата од 20.000 денари?????... Па ме интересира што е тука намалено???

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.