ocenuvanje

Одлив на интелигенција

ocenuvanje


ato 27.11.2008, 16:38
Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-qformat:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin:0in; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; font-family:"Calibri","sans-serif"; mso-ascii-font-family:Calibri; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-fareast-font-family:"Times New Roman"; mso-fareast-theme-font:minor-fareast; mso-hansi-font-family:Calibri; mso-hansi-theme-font:minor-latin; mso-bidi-font-family:"Times New Roman"; mso-bidi-theme-font:minor-bidi;}

Двочекор

Читајќи за протестите на учениците се прашувам дали секогаш мора да се решаваат работите со протести?

Се прашувам чија е вината? Дали вината е кај тие млади и невини детски размислувања, дали вината е во Министерството за образование (односно кај наставниците како нивни преставници) или вината ја сносат родителите.

Ако сакаме да водиме дебата вината ке ја најдеме по малку кај сите. Сите ќе имаат аргументи за и аргументи против, но со тоа проблемот нема да се реши.

За решавање на проблемот потребна е негова темелна анализа.

Како прво мораме да го поставиме прашањето зошто да ги решаваме проблемите преку децата, зошто се почнува преку образованието. Зарем  резултатите на наставниот кадар не се гледаат преку големиот број на студенти кои ги запишуваме на универзитети во Македонија, зарем нивната работа не се имплементира преку големиот број на млади кои заминаа своето образование да го продолжат надвор од државата. Зарем не се секаваме ние какво образование имавме зарем не сакаме да знаеме какво образование сакаме да имаме.

Сметам дека мотивацијата како мерка е изгубена па затоа сега се оди на казни репрекусии и кај наставниот кадр. Зошто прво од нив се почнува?

Мислам дека вината е во Владата на РМ. Зошто? Па едноставно затоа што овој закон го носи со едночекор. Сметам дека пред да се донесе овој закон и да се почне со негова имплементација во стварноста потребно е да се направи најмалку двочекор ако не и трочекор.

Чекор 1. Потребно е да се мотивираат наставниците во образованието. Ако помисливте дека е во парите не господа. Мислев на демотивацијата на наставниот кадар која постои со години а никој не гледа на неа како проблем која го кочи образованието. Технолошки вишок како категорија во образованието е заборавена. Иста плата  прима наставник со цел фонд на часови и наставник кој има десет, пет, два или нула часови. Да господа ова не е решено повеќе од 20 години во образованието. Напротив тие уште и се дополнително стимулирани и за своето работно време од нула часови примаат и хранарина, патарина и земаат стимул за минат труд.

Значи нај платените работници во државата се баш овие наставници. Замислете кој зема плата од 300 евра за никаква работа. Замислете дека тие наставници никој нема да ги оценува и си спијат мирно, не размислуваат за припреми за часови, не размислуваат за казни поради нередовно доаѓање, не размислуваат дали ќе ги контролира директорот или инспекторот.

Наровучение:  Пред да се имплементира овој закон потребно е да се реши овој проблем и да се плаќаат наставниците според трудот и работата.

 

Чекор2. Бирот за развој на образованието потребно е прво да ги изработи прашањата и тестовите кои ќе им се даваат на учениците за проверка на знаењето. Кога би биле изработени овие тестови и прашања би им биле достапни како на наставниците така и на учениците. Би можеле учениците преку целата година односно во четирите двомесечја да бидат оценувани и проверувани според нив. Тогаш би знаеле во што би се упуштале при тестирањето на крајот од годината. Не би преживувале стресови и верувам дека не би имало потреба како при реализирањето на матурскиот испит да ги симнуваме критериумите за да дојдеме до некои резултати. Не

                Наровучение: Пред да се имплементира овој закон да се изготват прашањата и тестовите со кои ќе се оценуваат наставниците преку учениците и да им бидат пристапни како на наставниците така и на учениците. Со така изготвени прашања да се оценуваат учениците континуирано цела година од страна на самите наставници. После согледувањето на евентуалните слабости да се отстранат истите и законот да се имплементира во стварноста.

Образложение:

Сметам дека овие чекори ќе доведат да се имплементираат сите новини во образованието без да се создава напната состојба меѓу наставниот кадр, учениците и родителите. Сведоци сме дека учениците неколку години се повеќе на улица отколку таму каде што им е местото во училишните клупи.

Исто така сметам дека секоја новина доведува до одбојност, неприфаќање поради фактот што бегаме од непознатото, неизвесното. Затоа сметам дека Министерството за образование не треба да ја маргинализира улогата на Наставничкиот совет во училиштата и пред да ги носи и задолжува со имплементација на нови законски решенија да го слушне и нивното мислење. Тогаш нема да има обвинувања и делење на наставниот кадар на *наши* и *ваши*. Тогаш нема да има потреба проблемите во образованието да се решаваат во некои партиски комисии по партиските канцеларии, тогаш нема да има подршка или одбојност по партиска линија, тогаш нема да се размислува кој ги подржува учениците а кој не, тогаш нема да се манипулира со учениците од една или од друга страна.

Како потврда на сето ова ќе споменам само уште дека и на факултетите оценката на студентите не се состои само од крајниот испит. Таа се состои еден процент од редовноста на предавања и вежби, друг процент од резултатите на колоквиумите и трет процент од резултатите на самиот испит.
А јас верував во луѓето

Re: ocenuvanje


DADIM 06.12.2008, 13:42
Воошто не во ред да се мешаат високо-образовните институции со средните училишта,на факултет отценката се заслужува како последица на сопствената заложба на самиот студент да покаже одредени интереси за одреден предмет,присуството и не задолжително,без да навлегувам во последиците од таквото однесување,додека пак во средните училишта учениците со закон се обврзани да посетваат настава ,а отценките ги заслужуват на сметка не некој си "трет",мора да се стави крај на ова ,клитетот на образование воопшто се движи во надолна лилија.До кога?

Re: ocenuvanje


ato 07.12.2008, 16:42
Почитуван,
Мислам дека не сум разбран во поглед на високото образование. Кога ќе разлистате некоја страница од факултетите во РМ па и пошироко ќе видите дека кредит системот баш тоа го прави. Оценката на студентот не е како што беше едно време. Без разлика на задолжителноста на некој вид на образование оценувањето е оценување и кај едниот и кај другиот вид на знаење. Потешко е да оцениш ученик кој со сила на закон е донесен да учи отколку да оцениш студент кој по своја желба се запишал и сака да учи.
Тоа што тони од година во година образованието е приказка за себе. Никој досега не го одредил вистинското место на учителот во опшеството. Местото на учителот е на дното од опшеството со години. Државните службеници, судиите и некои др. во државата се заштитени како мечките со закон, а по учителите секој може да фрла со дрва и камења кога сака и како сака. (мислам со соопштенија на ТВ и др.)


А јас верував во луѓето

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.