Добредојдовте! Форум на Време Најави се | Регистрирај се | НПП
 
   Добредојдовте на форумот на дневниот весник ВРЕМЕ
Ако првпат го посетувате сајтот Регистрирај се
Aко сте веќе регистрирани Најави се

Дали во Македонија владее бизнис олигархија?

Започнато од Apocalypto на 02.12.2008 12:54. Темата има 0 одговори.

Печати Барај
Подреди коментари:    
   02.12.2008, 12:54
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Македонија рај за поединци, власта наречена мајка и маќеа?
Одговори Цитирај
Земјоделците со години укажуваат на неправилна и неправедна поделба на земјоделското земјиште. Ако некаде има ваков пример кој го отсликува нивното тврдење, тоа е во Кратово. Во градот, кој уште го викаат и „Ѕинго-град“, во официјалните податоци што ги испечатила во брошура локалната власт стои дека од расположливите 1.700 хектари обработливо земјиште во ридско-планинското подрачје дури 1.000 хектари се на РИК „Силекс“, а останатите 700 хектари се на сите останати земјоделци. Но кога појдовме во Кратово, всушност добивме уште пореална и, за жал, покатастрофална слика за ваквата неправедна распределеност. Сите 700 хектари кои ги имаат земјоделците се всушност нивите кои се по ридовите и кои се ситни, расцепкани и расфрлани по околните ридови додека најубавото и најплодно земјиште од 1.000 хектари групирано во големи блокови е она на „Силекс“. - Се што е рамница или поголема површина, Ѕинго го има земено. Најубавото земјиште покрај реката, огромни парцели што ќе ги видите со пченка се негови. Толку се големи што се уште не можат да успеат да ја соберат пченката. Појдете ќе видите како работат неговите луѓе и го собираат родот од пченката, а ние се мачиме овде по ридовите со земја која не може еден тон пченица да роди. Додека е Ѕинго, овдека ќе биде пустош - вели револтирано кратовски земјоделец кој инсистираше на анонимност. - Се мачиме, тракторите ги искршивме, само ридови и камења ораме и едвај за живеачка да извадиме. Јас мои имам преку 20 хектари, но само 5 хектари ги обработувам бидејќи не вреди да се троши нафта и ѓубре бидејќи во ридот не може да се работи и да се живее од земјата. Се насочив на одгледување говеда за да ги пасам по ридовите. Кај нас најубавата земја е во рацете на Ѕинго - се надоврзува друг земјоделец од Кратовско. И додека земјоделците мораат да се снаоѓаат со ситните ниви распоредени на ридовите околу селата, непрегледните полиња се уште се обработуваа и тоа со најнови трактори кои само пред неколку месеци се делеа купени со парите од јапонска помош.


Кога имаш медиум, сила, власт, се е можно така и кај нас во Македонија. На сите страни се слуша колку нашите политичари воделе грижа за својот народ но од тие приказни за мали деца ни остана само немо да гледаме колку неправилности ни се случуваат и како роботи, контролирани без своја свест, повторно ке не програмираат и со далечинско управување ке почнеме да скандираме како во времето на социјализмот со извиците, “Тито, Тито“ без да помислиме што се ни се случува и зошто ни се случуваат истите работи како во тоа дамнешно време.
Народот пропаѓа на економскиот дел, станува се позависен, некој пак станува се помоќен, сево ова ме подсеќа на времето во Америка во 20-30'те години од минатиот, век кој што имам читано за тој период. Секако, со таков економски зависен народ ке се има уште подобра контрола и кога ке се додаде медиумот како clean up memоry mashine, се си иде според планот на поединци.
Уште повеќе ме иритира кога читам, слушам, дека истите тие олигарси си го чуваат тоа богатство наместо да почнат да размислуваат да вложат во производтство со кој можат, иако заработено на грб на народот, колку толку да му овозможат на истиот тој народ да му даде шанса да си го подобри стандардот.
Каде е тука сенсот за бизнис? Гледам на сите страни наслаги на ѓубришта, Дризла како пример, каде што сиот смет замо се закопува а не се рециклира!
Ако веќе НЕКОЈ има толкаво огромно земјиште и насадено пченка, нека го искористи тоа за биодизел (најверојатно и тоа се користи) но барем вработениот да биде исплатен со минимална плата од 25.000,00 денари!
Се бара помош од странски инвеститори и од нашите иселеници по светот но никој не ги именува нашите олигарси. Тие се Vanished, не постојат, скриени позади нашите институции си го зголемуваат и така големо банкарско конто, повторно во името на народот и партијата!

Дали има излез од оваа беда, дали има некој кој што ке ја погледне вистината во очи и храбро ке каже ДОСТА БЕШЕ?

Се надевам дека ке разберат еден ден дека од сиромашен народ може само да има криминал и социјални проблеми, додека со народ кој што е економски задоволен ке се има колку толку еден нормален живот. Секој кој мисли дека тоа не е можно во Македонија, тој греши, можно е но сепак народот ке треба свесно и со резонорање да го разбере начинот на кој што не водеа политичарите во последните 17 години.....
   Извештај 
Форум на Време » Економија » Дали во Македон... » Македонија рај за поединци, власта наречена мајка и маќеа?