Националното биро за осигурување: кражба или не?
Дали во Македонија владее бизнис олигархија?
Националното биро за осигурување: кражба или не?
Apocalypto
24.12.2008, 9:51
“““Зелениот картон за излез од земјава со моторно возило е со највисока цена во регионот. Ниту поевтини, ниту пак како што се најавуваше не стана задолжителен и да се издава со секоја регистрација на возилото. Цената за зелениот картон остана непроменета. За разлика од Словенија каде за зелен картон за излез од земјата се плаќа годишно 2 евра, во Србија околу 15 евра или Грција 6 евра, во Македонија само за еден месец се плаќа 2450 денари. За три месеци се плаќа 3670, за половина година 5500 а за една година 9760 денари.
Возачите коментираат дека ова е превисока цена.
- 2400 денари, тоа е прескапо, да. Во Црна Гора е 16, 18 евра, а кај нас... нема баланс никаков.
- Мислам дека се скапи, за еден месец важност е 3000 денари. За да излезеш и да се вратиш, за еден месец се скапи.
- Изгор. Скапи претерано - коментираат граѓаните.
Националното биро за осигурување во чиј управен одбор се претставниците на осигурителните компании засега не интервенираат околу намалување на цената за зелениот картон. Компаниите од осигурителниот бизнис велат дека евентуалното намалување дополнително би ги оптоварило финансиски. Намален профит компаниите забележале и по коригирање на цената за 30% за осигурување на возилата.
Зошто цената на зелениот картон останува непроменета од осигурителните компании велат дека за Македонија не важат европските регулативи каде има либерализација на делот авто одговорност и се издаваат годишните зелени карти.
Засега само Македонија и Албанија остануваат единствени земји во регионот каде не се применува оваа пракса на задолжително издавање на годишни зелени картони. ““““
Не знам дали да продолжам да пишувам или веке е јасна сликата?
Барем за мене да, немам поим за останатите па нека си кажат што мислат.
Има само да додадам, нека секој од вас си земе време да си ги проверите осигурителните полиси за своите автомобили и ке видите што се се случува! На вашите полиси ке си најдете х лице со х регистарски таблици на х место, направена е штета од х денари а вашиот автомобил нема ни гребнатинка!....
Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.