Re: Македонски студенти, каде сте?

Одлив на интелигенција

Македонски студенти, каде сте?


Apocalypto 13.12.2008, 16:21
Многу интересна статија прочитана во весникот ’Време“ ...Цитат:

“Студентите се претворија во безгласни букви и во конформисти и се длабоко навлезени во политиката. За разлика од нив, пак, европските и студентите од регионот секојдневно му покажуваат на светот што значи студентско движење и единство. Кај нас, пак, тие се окупирани со дневна политика и гледаат на што полесен начин и побрзо да дипломираат и со помош на политичките партии или на пријателски врски да се вработат во прогресивна фирма, а по можност и во државна институција. Затоа никој од нив не размислува дека студентското движење е, всушност, најголемата критична маса во едно општество. Според експертите, македонските студенти немо, без отпор и без критички суд, ги прифаќаат сите појави и одлуки. Кога Бернар Кушнер, шеф на француската дипломатија, неодамна изјави дека Македонија не треба да очекува либерализација на визниот режим се додека не го реши спорот со името, студентите речиси останаа без глас. Експертите укажуваат дека доколку ваквата изјава беше дадена во некоја друга земја во Европа, сите студенти ќе излезеа на улица и гласно ќе кажеа дека сакаат да патуваат, а не да бидат затворени во гето. - Кај нас студентите се колатерална штета на транзицијата. Ним повеќе им одговара да очекуваат од родителите и од другите, отколку јавно да се борат за своите права. На Правниот факултет има кутија за поплаки и за пофалби, која веќе четири години јас лично ја проверувам и секогаш е празна. Тоа значи дека ништо не им фали на студентите, или, пак, нешто не е во ред со нивниот поредок “ вели професор Ѓорѓи Иванов од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Тој смета дека овој проблем има многу длабоки корени и е комплексна тема и феномен, кој е вграден во генетскиот код на Македонците, кои низ историјата секогаш чекале другите да им помагаат и не се труделе многу да ги променат работите колку и да им било тешко. Самоил Малчевски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, вели дека ситуацијата е таква затоа што во изминативе 60 години студентските организации биле инструмент на политичкото влијание на власта. Тој истакна дека во понеделник во 12 часот ќе се одржи трибина на која се поканети сите амбасадори во Македонија кои доаѓаат од земјите на шенген-зоната со кои ќе зборуваат за проблемот за визите. И студентите, помалку или повеќе, се свесни за својата пасивност и за тоа дека иако можат, сепак не дејствуваат, па дури ни кога им се кршат правата и слободите. - Сите ние постојано се жалиме и кажуваме што не чини, а не преземаме никакви чекори да го промениме тоа. Мислам дека проблемот е во тоа што уште од мали нозе, во кругот на семејството и низ школувањето сме воспитувани да не им се спротивставуваме на авторитетите. Оваа пасивност на студентите е проблем откако постои студентски живот во Македонија - објаснува Зоран Василевски, студент на постдипломски студии на Правниот факултет. Македонските студенти немаат можност да патуваат низ Европа, не учествуваат во системот на размена на студенти, поради што не можат активно да градат свои ставови и да бидат похрабри во дејствувањето. - Во светот, младите работат на проекти, шетаат низ светот и стануваат дел од критичката мисла која го гради јавното мислење. Можеби нашите студенти не можат да учат во западноевропските држави, ама може да патуваат во Србија, Хрватска, во Босна и Херцеговина - рече Билјана Петровска- Митрева, асистент на студиите по новинарство.

Светските лидери - студентски водачи

Во светската историја студентите отсекогаш биле главната движечка сила. Студентските протести од 1968 година кои почнаа од Париз, а се проширија низ цела Европа, го променија целокупниот светски поредок. И поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Јошка Фишер, учествувал во овие протести.
Хавиер Солана, претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, додека студирал, бил член на студентските движења во неговата родна Шпанија.
Бил Клинтон, поранешниот претседател на САД, како студент бил учесник во протестите против воената интервенција на неговата земја во Виетнам......“ Затворен цитат.

Ме чуди фактот дека на истата тема пред два дена напишав коментар на А1.цом.мк за настаните во Грција каде што студентите го кренаа гласот но мојот коментар беше цензуриран а сега е пишана цела статија со истото значење.
Ако знаеме дека со уставот цензурите се забранети, исто така и мислењето на еден граѓанин се заштитени со истиот закон, се прашувам зошто мојот коментар не беше објавен кога не ширеше никаква омраза, ниту верска ниту национална туку само беше подршка за студентите во Грција и истиот настан го посочив кон нашите студенти кој се и така молчелииви.
Мојот коментар гласеше вака:
Иако Грците не ми се многу омилени сепак им давам подршка и големи симпатии поради фактот дека не дозволуваат да власта ги контролира туку јасно застанаа пред власта дека едно убиство на млад живот нема да биде опростен....

Затоа мојот коментар беше цензуриран,,,

Сепак, темата која што ја воведов се студентите. Каде се нашите студенти да го кренат гласот?
Сепак видов што се случи на Сител телевизија кога младите сили на СДСМ и на ВМРО јавно го кажаа мислењето поради визниот режим и како они допринесуваат во либерализацијата, а тоа е, обвинување едни кон другите....
Толку ми беше смешно што го исклучив ТВ приемникот кога почнаа меѓусебно онака недоквакани да си префрлаат кој бил се виновен и кој колку се изнаработел во таа визна либерализација!!!

Студенти, каде сте? Ако ве има?

Re: Македонски студенти, каде сте?


ato 15.12.2008, 13:42
За жал, нема ниту студенти ниту невладини организации ниту интеллигенција во Македонија. ма само дечиња кој со години си играат политика и ни ја упропастуваат државата која со години се градеше.
Кај се студентите, секој во некое канцелариче на партиите и мудро ќутат или извршуваат диерктиви за утре партијата ги запосли како судија, државен службеник и слично.
Зошто е тоа така? Па затоа што зад нивните дипломи не стои знаење и умеење туку празна дупка која основните поими за правото, науката го добиваат во нивните кумровачки школи, односно некакви ново наречени политички академии на партиска основа.
Ова е комплексна тема и затоа ќе завршам


А јас верував во луѓето

Re: Македонски студенти, каде сте?


bigmen 04.01.2009, 19:33
Партискиот систем владее тоа е Факт, меѓу тоа Секој од Нас дали е вработен партиски или на некој друг начин, нека седне и си ја заврши својата обврска максимално, статутарно и правно, ќе имаме аргументи како Ние студенти / интелектуалци / академски граѓани, да останеме и се бореме за нашата кариера во Нашава Држава.

Konsalting Makedonija
enema bag
zayiflama

Re: Македонски студенти, каде сте?


ato 09.08.2009, 11:35
Те молам кажи ми како ќе си ја заврши некој работата кога не ја познава.
купените дипломи се наоѓаат во државните институции, а оние заслужените се во приватниот сектор.
Но додека се развие приватното ќе ни ја упропастат државата.
Зарем не виде каде не одведоа политичките дипломи овие 20 години, а каде стигна Словенија.
Поздрав

А јас верував во луѓето

Re: Македонски студенти, каде сте?


bigmen 23.09.2009, 1:12
privaten sektor, kolku nema vrska...
nikoj recisi ne raboti po profesija, sekoj kaj se snajde, posto zasto koj kogo znae e a ne e koj sto znae...
politika sekade ima i ke ima, nemoze da nema takva ni e krvta...
Konsalting Makedonija
enema bag
zayiflama

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.