Гаф или намерна грешка???

Контроверза за карикатурите

Гаф или намерна грешка???


Apocalypto 22.04.2009, 15:43
Весник Вечер, цитат:


СОРОСИДИТЕ ОДЛЕПИЈА, НЕКОЈ СЕ ДРЗНАЛ НИВ ДА ИМ СУДИ! КАКО И ПОРАНО, ЗА ДРУГИТЕ ГИ БОЛИ УВО, А СЕ БРАНАТ САМО ПОМЕЃУ СЕБЕ.


Здружението на новинари претера: му суди и на судот!


Судот пресудил дека новинарката на А1 Телевизија Менче Точи објавила клевета. Нејзините соросидни истомисленици од ЗНМ излегоа со соопштение дека во Македонија нема судски систем, туку има таканаречено независно судство! Судењето за клевета било агресија врз новинарите. Да потсетиме, токму ЗНМ има тужби за клевета против новинари, но тоа не им пречи. Тужените не се нивни соросиди. ЗНМ може да тужи, останатите не. Соросоидна класика.

Минатата недела Основен суд Скопје 1 донел пресуда дека новинарката на А1 Телевизија Менче Точи објавила клевета во прилогот на А1 Телевизија, како и во весникот Време. Клеветата е невистинитата вест дека Васе Самараков, директор на болница од Струмица, ги малтретирал и искористувал душевно или ментално болните пациенти. Тешка, психопатска вест, која остава последици на генерации од едно семејство. Споменатиот директор од Струмица ангажирал адвокат, напишал тужба и го добил случајот. Пресудата вели дека казната е околу 500 евра, а по барање на тужителот следи и оштетна пресуда, во вредност од 2.500 евра.

Како попарени, со соопштение полно со емотивен набој, лични квалификации, закана и говор на омраза, се јавија соросоидните колеги на Менче Точи од А1 телевизија.

Во соопштението на ЗНМ по овој повод се вели: Ова е уште еден срам за таканареченото независно судство во Македонија. Малку им се изречените пресуди надвор од правна процедура, неприфаќањето на доказите од одбраната, пресуди по само едно рочиште, казни во милионски денарски суми или десетици илјади евра. Најновиот изум на бранителите на правната држава да му се пресуди на новинарот без воопшто да биде информиран дека против него се води судски спор.

На ова, Судот во денешното соопштение одговара: Не е вистина дека Менче А. Точи е осудена во тајна процедура. Судот и ја доставувал приватната тужба на адресата на А1 телевизија, заедно со поканата за закажаниот претрес. Со оглед дека не успеал во истото било оставено известување да се јави во судот на одреден датум, по кое не било постапено од страна на обвинетата. Биле закажани десет претреси, а дел од нив и одржани, и за сите овие претреси Судот испраќал покани и на нејзиното работно место А1 Телевизија, а во неколку наврати и со обид за достава покана на нејзина домашна адреса. Поканите биле уредно примени од секретарката на А1 телевизија...

Мене Точи е новинар во А1. Тоа е нејзино работно место. Кога прима покани за службени патувања, или за арно, тогаш и одговара да се јавува и се јавува. Кога ја бараат за на суд, ја нема и се крие. Точи работи на проблематика здравство. Една од областите во кои новинарите најмногу се миленици на одредени бизнис кругови. Неколку пати по ред Менче Точи објави низа тешки квалификации против компанијата Зегин и Благоја Механџиски кои потоа се покажаа неточни. Ниту еднаш Точи не се извини. Напротив. Јавно им се закануваше. ЗНМ на ова не реагираше. Сорос - Институт за отворено општетсво предводена од Владимир Милчин (екс-член на претседателство на СДСМ!) има сериозна контрола и врз ЗНМ, а особено во А1 телевизија. Кога новинарите блиски на Сорос (Милчин) се загрозени, ЗНМ и дел од невладиниот сектор близок до Милчин реагираат бурно. Дури и невкусно и вулгарано дозволувајќи си за мал тековен политички ќар да дисквалификуваат јавно цели државни институции (судот судел по основ на фрустрации, волунтаризам... пишува јавно ЗНМ!). И тоа трае со години.

ЗНМ, во кој седат и новинари кои дури немаат ни постојан професионален ангажман, со лимитирани стручни и образовни квалитети, суди на сите наоколу: му суди на Судот, им суди на новинари кои не се нивни членови, суди на граѓани кои даваат изјави... но не секогаш. Само кога нивниот соросиден систем е во прашање. Судиите не се цвеќиња за мирисање, и грешат. Но, затоа, ЗНМ не греши. Се јавува само кога соросидните новинари се на тапет. За другите новинари - не, или по исклучок, за да има барем пар случаи годишно со кои ќе се прошара.

На А2 Телевизија, во емсијита Еден на еден, гостин, кој е музички новинар, јавно повика на палење цркви! Ниту ЗНМ, ниту Советот за радиодифузија, не се огласија на овој говор на омраза. Но затоа, малку потоа, имаа многу енергија да ги нападнат оние што го бранеа правото да се гради црква на плоштад. Да не спомнуваме со која негативна енергија, и надвор од својот Статут, ЗНМ применува преки судови за емисијата Јади бурек на Јанко Илковски...

Од случајов со Точи кристално е јасно дека истата бегала од рочишта со надеж дека тужителот ќе се откаже. Не се откажал, и го добил процесот. ЗНМ во својот допис смета дека Судот го загубил тасот на вагата и пречесто натежнувал на страната на неправдата. Тие во ЗНМ се против тужби за клевета против новинари. А токму ЗНМ е единствена таква асоцијација во Европа, која тужи новинари за клевета! Лицемерна класика за соросидите.


ЗНМ: САМО СОРОСИДИТЕ СЕ НОВИНАРИ
Здружението на новинари, кое потекнува од времето на едноумието, отсекогаш, па и денес, е предводено од партиски кадар на бившиот систем кој произлегува од МРТВ и Нова Македонија. Иако веќе дваесет години имаме самостојни медиуми основани и развивани автентично во демократски ситем, речиси ниту еден функционер на ЗНМ не е автентичен новинар кој се развил во демократскиот ситем, туку сите се школувани, плаќани или биле на функции во едноумните медиуми, МРТВ и Нова Македонија. Советот за радиодифузија го водат луѓе чии жени и блиски роднини се функционери на СДСМ. За сето тоа време финансиер на проектите на ЗНМ, или неговите функционери, е Сорос, Институтот за отворено општество кој го води висок функционер на СДСМ, екс член на претседателство на партијата Владимир Милчин. Оваа невладина функција е неспоива со партиската но, кога се има толку пари на располагање има и можности новинарите да замижат на овој конфликт на интереси. Затоа, до ден-денес, пред се А1 Телевизија и Дневник, кои од почетокот се основани со финансиска помош на Сорос, се привилегирани кај ЗНМ, Сорос и Советот за радиодифузија.

За време на овие избори Советот за радиодифузија и пред изборниот процес му изрече прекршочни пријави на ТВ Сител. Тоа јавно го објави и влијаеше на довербата кон телевизијата. Во тоа им помагаше и Огледало, наменско билтен кој ги плукаше, и дома и пред странците, оние неколку преостанати медиуми кои на изборите не беа на страната на СДСМ. ЗНМ молчеше за овие преки судови без право на жалба. Јавноста треба да знае: Судот за прекршоци пресуди дека пријавата од Советот за радиодифузија против Сител - нема основ!
Кој сега ќе се срами?! Кој кому ќе се извинува?!

-------------------------------------

ВМРО-ДПМНЕ: Се уште има комунистички менталитет во општеството!


Во врска со последната одлука на Уставниот суд на Македонија за укинување на веронауката, најголемата партија во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, но и повеќе невладини организации од земјава реагираат на според нив направената неправда диригирана од Бранко Црвенковски.
- Уставниот суд на 15 илјади ученици и 30 илјади родители во Македонија им ја укина оваа можност и оваа слобода на избор за верско образование. Законот не ги обврзуваше оние родители кои не сакаат да мораат да ги праќаат своите деца на час по веронаука. Тој дава слобода на избор, а слободата на избор е човеково право се вели во соопштението кое ВМРО-ДПМНЕ вчера го објави. Комунизмот беше општество во кое веронауката беше во целост забранета, и во кое немаше слобода на избор. Денес во Европа 40 држави даваат можност за верско образование, а во 20 од нив е дури и задолжително. Сепак, очигледно е дека оние граѓани кои по своја волја одбраа нивните деца да изучуваат веронаука ќе продолжат да бидат жртва на комунистичкиот менталитет на поединци во општеството, се вели понатаму во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ со ова соопштение до јавноста, јавно протестира на оваа општествена појава и на носењето политичко-партиски мотивирани одлуки на Уставниот суд. Имајќи предвид дека Уставниот суд е под неформална контрола на Бранко Црвенковски би сакале јавно да го потсетиме дека три по ред изборни циклуса по ред мнозинството на граѓани на Македонија даваат висока поддршка на оваа политика, што во превод значи дека Уставниот суд директно оди спроти волјата на народот. Инаку несогласување исто така на оваа одлука деновиве изразија и невладини организации од Прилеп и Кичево. Членови на невладината организација Чекор плус, Здружението на Власи од Кичево и Здружението на Македонците и нивните потомци од Егејска Македонија од Прилеп деновиве со мирни протести на плоштадите негодуваа против судската одлука. Тоа дека е така покажува и Анкетата на Институтот "Павел Шатев" за воведувањето на веронаука како изборен предмет спроведена во месец септември, 2008 година на примерок од 1113 испитаници. На прашањето кое беше поставено "Дали го поддржувате воведувањето на Веронаука во 5 одделение како изборен предмет".
- 66,6% од испитаниците одговориле повтрдно-да!
- 22,7% одоговориле негативно-не.
- 10,7% од испитаниците одговориле со зборчето "не знам" или воопшто немале одговор. Анкетата е реализирана на барање на Институтот "Павел Шатев", а е спроведена на испитаници од страна на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество.
---------------------------------

РЕЧИСИ ПРЕД КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА


Уставниот суд ја укина веронауката


Судот во образложението за укинување на веронауката нагласи дека точката 2 од амандманот 7 на Уставот на верските заедници им е овозможено слободно да организираат верски училишта, но надвор од државните образовни установи


За десет дена ќе прекине наставниот процес по веронаука во основните училишта. Уставниот суд вчера го укина членот 26 од Законот за основно образование, од 2008 година, со кој се овозможуваше организирање верско образование како изборен предмет во основните училишта. За уставните судии оваа одредба од Законот е спротивна на Уставот, кој гарантира одвоеност на државата од верските заедници.
- Уставниот суд оцени дека оваа законска одредба не е согласна на членот 19 и амандманот 7, точка 2 од Уставот на Република Македонија, со кои се гарантира слободата на правото на вероисповед, но која подразбира никој да не влијае на граѓанинот на неговиот избор и одлука околу верската определба, вели Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд. Според него, содржината на членот 26 од Законот значи во државните образовни установи да се организира верска наука, верска поука, веронаука, верско учење и слично. Уставниот суд оценил дека со ова не се обезбедува одвоеност на државата и верските заедници, туку нивно поврзување, што влијае на слободата на граѓанинот во вероисповедта. Судот во образложението за укинување на веронауката, потенцира дека точката 2 од амандманот 7 на Уставот на верските заедници им е овозможено слободно да организираат верски училишта, но надвор од државните образовни установи. Ова е втор пат, пред Уставниот суд да се најде иницијативата за преиспитување на уставноста на веронауката, поднесена од Либерално демократската партија. Првиот пат Судот не најде за потребно да покрене иницијатива за преиспитување на уставноста. Овој пат одлучи да ја укине верската поука.

Од Министерството за образование и наука велат дека се уште не ја добиле одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 26 од Законот за основно образование.
- Одлуките на Уставниот суд не се коментираат. Откако ќе ја добиеме одлуката, Министерството и Бирото за развој ќе се произнесат по неа - велат од Министерството.

(М.Н.)

---------------------------------

Коментар немам, се е јасно!

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.