|
|
Дали ни се потребни приватни училишта?
Започнато од tekstiling на 27.04.2009 20:16. Темата има 1 одговори.
 
 
|
|
Подреди коментари:
|
|
|
|
27.04.2009, 20:16
|
tekstiling
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
|
|
|
Си бил некогаш еден МК студент.Ни подобар ни полош од многуте други,среден по залагањата,што се вели просечен. Испит бр 1 Полага со една колешка што има проблем со јазикот,сами во кабинет.Овој пишува ,таа ќути и чека. Ја прашува професорот да гукне,а таа освен онаа фраза,проблем јазик ,професор!Друго ништо но доволно за 6.Другиот студент,смело богами ,прашува што знаеше оваа пред мене,а одговорот,одважен како за универзитетски професор-тоа тебе да не те интересира! Испит бр 2 Истиот јунак има положено писмено,па праша за усниот дел,професорката со лаконски одговор,следниот пат нема да ти попуштам!Кој е тој следен пат,па уште е испитот во тек.После усниот,пак писмен нели за да се има алиби,студентот ја праша,зошто не сум положил,зарем нема ниту за 6,добива одговор,ако имаше ,ќе те имаше надвор! Би било логично да го повика учтиво,да видиме кај грешиш,ама тоа е само во теоријата,праксата е сосема друга,за жал. Испит бр 3 Потпрашања колку сакаш,па и од прва година,проникливоста му вели дека тенденција за соборување чита,кога му ја пишува веке оцената,тој ја праша,а може ли јас да ве прашам нешто од ...(предмет кој е посебно сложен,а студентот богами го наизуст научи),ТАА ГО ГЛЕДА ИРОНИЧНО,ДЕМЕК КАКО МОЖЕШ ТИ МЕНЕ ! Дали сте за вакво образование? За среќа испит со пари немал полагано(технички факултет,мислам дека таму таа аномалија сеуште ја нема).Тој денес е прекален,успешен и богат со едно искуство што се вика студии на балкански начин.Вели дека кога сега би се запишал,во ваква државна институција никако!Ни случајно!!Ниту во сон!!!
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
28.04.2009, 13:34
|
Apocalypto
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
|
|
|
Одлична тема!
Како прво морам да те негирам само во едно, ПАРИ за ИСПИТИ ИМА!
Тоа е најболната точка во ова наше општество каде што просветните работници го забораваат, не знаат или се тотално неедуцирани, дека со самиот таков чин всушност ја уништуваат младината, идните генерации кој што треба да допринесат за зајакнување на државата.
Не ме чуди вашата реакција на ваквиот однос на професорите, напротив, сите сме соочени со таквиот проблем на “комплекс од висока вредност“ и мисиркина подуеност. Со самиот чин дека е професор, тој/таа, забораваат што всушност е нивната цел, нивната обврска кон студентите/учениците. Првенствено гледаат да материјално се збогатат што укажува на асоцијален феномен кој што постои во Македонија. Многубројните “совети“ помеѓу народот за наводен социјален живот се само празни реченици искажани пред масата/друштвото но за жал во практика тоа не постои. Се надоврзав со социјалниот начин на живото, бидејки постои тесна врска помеѓу твојата тема и мојот коментар. Не знам колку сте информирани, но дали кај нас школството има намена за материјално богатење/егзистенција на некои наставници или треба да биде школството установа каде што треба да се пренесе знаење на учениците/студентите и да се создаде една здрава интелектуална младина за идните поколенија на нашето општество??!! Секако дека тоа кај нас не постои, се додека имаме паразити од професори, наставници и учители, кој што наместо да ги едуцираат младите со тоа што треба и во нив да гледаат како идни професори, научници лекари, тие просто се само деца за нив и работата ја гледаат како економска заштита. Не можам да се помирам со фактот дека сеуште немаме никакви реформи во школството, дека сеуште има наставници и професори кој што мислат дека неговото работно место им дава некаков привилегиран статус во општеството занемарувајки ги темелите на школството.
Огорчен сум, од лично искуство, гледајки како тивко ни се уништува иднината, иако имаше голема реакција од моја страна, таквото однесување продолжува во училиштата каде наставник не им дава можност на децата да одговараат, каде што се казнуваат децата со ОЦЕНКА, каде се демотивираат истите деца. Дали ни е потребен таков образовен систем?
Секако дека не ни треба но некој упорно го држи народот настрана од нормалното образование, однос кон учениците и сл.
За жал.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
|
Форум на Време » Општество » Дали ни се потр... » МК студии
|
|
|
|