Автогол или повторен политички трик?
Дали во Македонија владее бизнис олигархија?
Автогол или повторен политички трик?
Apocalypto
02.05.2009, 12:42
НЕ ЗАПИРААТ ПОРАКИТЕ ЗА ЕВН
Шест амбасади со писмо до Груевски
Шест амбасади во Македонија, кои го набљудувале судскиот процес меѓу Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и австриски ЕВН Македонија констатирале загриженост за тоа што го виделе за време на процесот. Амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Австрија, Швајцарија, Германија, Франција и евроамбасадорот во земјава испратиле заедничко писмо до премиерот Никола Груевски во кое му предочиле за сите неправилности што нивните претставници ги забележиле за време на судскиот процес.
Во меѓувреме, шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски излезе со свој став за информациите дека европски дипломати испратиле писмо до вицепремиерот Ивица Боцевски во кое му предочиле оти нарушените односи на ЕВН со македонската Влада може да се одразат негативно кон евроинтеграциите, па по Грција, земјата да добие нов противник “ Австрија. - Во контакт сме со сите наши пријатели. Сметам дека домашните односи на приватните фирми се регулирани со закон и ние ќе гледаме законот да биде почитуван - изјави министерот Милошоски. Шефот на дипломатијата, Милошоски, вчера потврди дека македонската амбасадорка во Виена, Весна Борозан, била повикана на разговор од страна на австриската Влада. Официјална Виена на македонската амбасадорка Борозан, во почетокот на неделава и пренела став дека бара подобрување на нарушените односи меѓу ЕВН Македонија и Владата.
Амбасадорката Борозан не сакаше да открива детали, само истакна дека Министерството за надворешни работи е надлежно за изјави. Австриски ЕВН неодамна и писмено ја извести македонската Влада дека ќе ја тужи земјата на арбитража во Вашингтон, САД, потег што следуваше откако Основниот суд Скопје 2 пресуди дека ЕВН треба да му врати повеќе од 160 милиони евра на ЕЛЕМ за ненаплатени побарувања од 1995 до 2004 година. Австријците ваквата одлука ја оценија како скандалозна, со образложение дека судот не сакал да ги земе предвид нивните докази, Анекс-договорот меѓу ЕЛЕМ и ЕСМ и мислењето на Правниот факултет.
----------------------------------------------
Поставената тема ке изгледа антипатриотски но дали ние како граѓани немо ке гледаме како некој не уназадува или не?
ЕВН е производ на СДСМ, го продадоа на Австријците, ОК, таа грешка никогаш нема да ја заборавам затоа и беа казнети што сеуште не можат да се опорават.
Судот во Р. Македонија е под нечива контрола, тоа и мало дете го знае или само претпоставуваме? Не е битно, се прашувам дали нашите судови се компетентни за судски процеси и дали ние како граѓани ке имаме доверба во истите? Јас лично немам и за среќа си немам проблем со судовите ниту би посакал да имам, посебно кај нас во Македонија.
Темата што ја поставив не е случајна, мислам дека треба да го засега секој граѓанин во Р. Македонија затоа што НЕКОЈ упорно сака да го намали реномето на Македонија пред светот и со јасни сигнали им дава во предвид дека Македонија не е достојна за ЕЗ ниту за ниедна светска институција. Наместо да се позанимаваат со проблемот каде одат 33.33% зголемена моќност нашите судови под нечив диктат водат бесмислен случај и тоа пред меѓународен мониторинг на судскиот процес. Кој добива а кој губи во сето тоа? Секако дека ние, народот на Р. Македонија, сме најголемите губитници како на правен, морален, економски така и на човечки план.
Не дека имам некое големо разбирање во доменот на електро сферата, но гледајки како тонеме како држава поради Х фактори, се прашувам каде одиме? Дали имаме некаква си цел? Што е нашата цел? Исто така се прашувам дали имаме капацитет да излеземе од оваа економска криза или најдобро е да се држи граѓанинот под секое економско ниво за негова подобра контрола??!! Дали воопшто се стремиме кон ЕЗ или НАТО или е само изговор пред народот кој и така не е ниту за една од овие гореспоменати институции, барем поголемиот дел, сем Албанците кој се 99% за истите!!
Мислам дека немаме никаков курс, и се е политичка игра која трае 18 години, 18 години мизерија, сиромаштија а народот? народот сеуште верува во подобро утре кое го нема.
НАРОД = држава, Држава без народ = 0.
Дали им е јасно на нашите политичари? Секако дека им е јасно но имаме таков исфрустриран народ со наметнат наводен патриотизам и гледа слепо, ограничено, што нам ни се случува. Да се вратам на претходното, и ке поставам прашање: Дали некој знае зошто плаќаме 33.33% зголемена моќност? Колкава е таа сума на пари пресметано? Дали со тие пари се инвестира? Од каде црпат пари ЕЛЕМ и МЕПСО? Дали се вложува во поквалитетна испорака на ел. енергија?
Изреволтиран сум колку можеме да бидеме пасивни кон животот, наместо да се освестиме и да казнуваме според сите законски мерки, ние продолжуваме слепо да ги следиме “лидерите со харизма“.
Ги повикувам сите заинтересирани да дадат коментар, да поделат мислење и знаење кон оваа проблематика. Исто така да си помогнеме меѓусебно да се заштитиме од грабежот на тие 33.33% зголемена моќност кој што јас мислам дека немам потреба да ги плаќам, да си објасниме еден кон друг дали можеме да си го повратиме дадениот ДДВ од 18% кој што редовно ни се одбиваат.
Да му ставиме крај на ваквиот однос кон нас граѓаните без разлика на партиска, религиозна, национална припадност. Заедно сме појаки.
Re: Автогол или повторен политички трик?
DLM
06.06.2009, 0:24
Случајно наидов на темава.
И АДВОКАТ НА ЕВН НЕМАШЕ ПОДОБРО ДА НИ ФРЛА ПЕПЕЛ ВО ОЧИТЕ!!!
* Амбасадорите на големите сили имаат забелешки на судскиот процес, е заболе ме ..., и јас имам забелешки на илјадници процеси кои ги води ЕВН против граѓаните па немам начин да го искажам својот револт освен да пишувам на форумов.
* Амбасадорката од редовите на СДСМ не сакала да даде изјава, а при тоа ја завршила работата со тоа што ги известила медиумите дека Австрија патронот на ЕВН Австрија протестирала, и е загрижена дека нема да може да врши одлив на капиталот од Македонија за сиромашната Австрија = Да сум министер за надворешни би ја повикал амбасадорката на одговорност и би ја суспендирал до крајот на мандатот!!!
* Министерот веднаш ги полни ѓачките и не знае содветно да одговори на „пријатели“ како што се САД, Австрија, Швајцарија, Германија и Франција (читај нивните казнети амбасадори затоа што само под казна се назначува за амбасадор во Македонија), и сега не ни мисли на тоа за да не заврши како Љубчо Георгиевски!!!
* Ако судот навистина донел таква одлука, во што се сомневам, тогаш постапил повеќе патриотски од законски, и ќе почнам да верувам дека има судии со достоинство, за што повторно велам дека е дискутабилно!!!!
*
ЕВН е производ на СДСМ
- не ЕВН е производ на СДСМ да ја држи Македонија во заложништво и секогаш кога ќе посака да се врати на власт да ги повика на помош своите „некорумпирани“ меѓународни пријатели и должници!!!
*
СДСМ казнета од грѓаните
- не СДСМ не е казнета од граѓаните ќе биде казнета кога нивните експоненти ќе одговарат за сите нанесени измами, пирамиди, милениумскиот грабеж(приватизација) и низа други злодела и неправди кои ги направија на македонските граѓани од кои многу починаа во беда и сиромаштија!!!!
*
Судот е под нечија контрола
- не судот и правниот систем во Македонија е само слика на степенот на демократија и секако извршен орган на владеачките елити!!!
Темата не е случајна и со ваквото однесување на јавноста кон истата само укажува на неукоста на граѓаните и нивниот безрбетнички став кон вакви круцијални појави кои ја детерминираат иднината на Македонија како безнадежна и заостаната дестинација каде граѓаните се манипилираат како во системот игри без граници!!! Замислете сега поради ЕВН лоповлукот нема да не примат во Европа како да некогаш и имаа таква намера, ма ајде ви семолам доста со такви магли!!!
Убаво би било некој од независните новинари да направи анализа колку e cenata na 1 KW во Македонија а колку во опкружувањето но цената која ја плаќа крајниот корисник , пример 100 KW 1000 ден => 1000 : 100 = 10 па да видиме кој е овца а што е профит!!!
*оваа мора со големи букви
АЛБАНЦИТЕ ГО САКАТ НАТО И ЕВРОПА
- море мајчето па и јас би ги сакал ако ги исправат неправдите кои ги направиле кон Македонија, а уште повеќе би ги сакал ако ни поклонат и некое островче или излез на Јадранот, тогаш пред секој оброк би ги споменувал, мавнете се со такви извитоперени тези кого треба да залажуваме деца или лица со психички проблеми!!!
НАРОД = држава, Држава без народ = 0.
Ајде што бидна оваа јас учев поинаку..
ДРЖАВОТВОРЕН НАРОД = Држава, Недржавотворен народ = ИСЧЕЗНАТИ ЦИВИЛИЗАЦИИ
Дали им е јасно на нашите политичари нешто е со оваа сосема се согласува кога би им било нешто јасно тие не би биле обични шупелки..., а за лидерите со харизма само жалам што ги немаме.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кога јас би имал можност веднаш би ја национализирал ЕВН или за почеток би ја претворил во АД во која државата има пресудно право на глас (златно акцијче поткрепено со 51%). Не може ЕВН неконтролирано да профитира, не може да побарува некој да ги исполни своите обврски а при тоа да не ги извршува сопствените. Сепак се работи за компнаија а не за држава во држава и мора да го усклади своето однесување во согласност со добрите деловни обичаи ако сака профит ако не подобро ќе ни биде без нив... Оваа е сиромашна земја и не ни треба некој со колонијални методи да не учи бечки валцер, нам ни треба повеќе демократија и слобода секако но не со такви методи затоа што тоа тогаш не е тоа, едноставно се има своја цена и треба да ја платиме, но има и достоинство што нема цена, ние само ја плаќаме цената што ни ја испорачува сопствената ступидност!!! А односот на нашите политичари треба да го негуваме сепак се тоа наши избрани политичари и треба со интеракција колкава била да настојуваме кон нас де се однесуваат подостоинствено, сепак се тие менлива категорија,
Добар Глас
The Best websites for Macedonia
MakHost
Re: Автогол или повторен политички трик?
Apocalypto
06.06.2009, 3:35
ДЛМ : * Амбасадорите на големите сили имаат забелешки на судскиот процес, е заболе ме ..., и јас имам забелешки на илјадници процеси кои ги води ЕВН против граѓаните па немам начин да го искажам својот револт освен да пишувам на форумов.
• Има начин и ако го прочитавте мојот завршен коментар тогаш малку ке ви беше појасно.
ДЛМ :* ЕВН е производ на СДСМ - не ЕВН е производ на СДСМ да ја држи Македонија во заложништво и секогаш кога ќе посака да се врати на власт да ги повика на помош своите „некорумпирани“ меѓународни пријатели и должници!!!
• Ако мислите дека тоталитарно владеење без никаква опозиција ќе има успех кај нас (навикнати сме друг да мисли за нас) , јас со вас нема да се сложам бидејки сободата на мислата, говорот се основите на едно демократско друштво. Опозицијата мора да постои бидејки си има своја намена, цел, инаку ке се нема никаква конторла на однесувањето на власта како во времето на комунизмот. Тие “романтичарски“ тези за патриотизмот се за мали деца кој не познаваат основа на функционирање на демократијата. Ако некој кој е демократски вграден, втемелен, таквите обвинувања можат да се оквалификуваат како во времето на Гебелс кога секој Германец требал да е т.н. “патриот“ (зомби).
ДЛМ : Темата не е случајна и со ваквото однесување на јавноста кон истата само укажува на неукоста на граѓаните и нивниот безрбетнички став кон вакви круцијални појави кои ја детерминираат иднината на Македонија како безнадежна и заостаната дестинација каде граѓаните се манипилираат како во системот игри без граници!!! Замислете сега поради ЕВН лоповлукот нема да не примат во Европа како да некогаш и имаа таква намера, ма ајде ви семолам доста со такви магли!!!
• Дали е магла, или е само повторен гаф, тоа ни носи “негативни поени“ пред меѓународната сцена. Дали е тоа “бербетнички став“, или е само теза, или немање на сенс за политички последици за иднината на нашата земја, самото време ке покаже. За мене поголема манипулација е, ако некој греши, и ме “убедуваат“ со секакви клевети (безрбетници), дека сме ние толку перфектни а сите останати не чинат. и дека со самокритичноста ја “детерминираат иднината на Македонија“. Тешка небулоза!!!
ДЛМ : * Судот е под нечија контрола - не судот и правниот систем во Македонија е само слика на степенот на демократија и секако •извршен орган на владеачките елити!!!•
( Дали е детерминирање на иднината на Македонија вашето мислење, дали сте контрадикторен на целата теза погоре??)
Многу често сакате да “контрирате“ на мислења, ,во ред е тоа, полемизацијата е мошне убава работа и со тоа се разменува мислење и се здобиваме со повеќе инфорамции, но никако да разберам дека ниу една теза не поминува без детал (бескичмењаци), па барем и да е минимална, само поради различно размислување? Што за вас претставува критика? Предавство? Ме чуди фактот дека сепак имаме слични размислувања според твојот и мојот коментар, не само на оваа нишка, но сепак “контрирањето“ е насочени индивидуално, односно кон мене. Не го разбирам тоа но тоа е ваш проблем!
Суште стојам на ставот дека секоја непрофесионална одлука, ако е таква, е за осуда и не е важно дали ЕВН е странски инвеститор или не. ОКТА е исто така странски инвеститор но нашите возила сеуште користат гориво со сулфур и никој не го спомнува истиот проблем едниствено во “посебни случаеви“. Го знаеме резултатот на судскиот процес со ОКТА, и покрај загубените МИЛИОНИ ЕВРА, пак умот не ни доага понесени од некои свои побуди.
И на двајцат ни е јасно како функционира нашето општество и ова беше непотрбен коментар, и од твоја и од моја страна!
Поздрав ДЛМ!
Re: Автогол или повторен политички трик?
DLM
06.06.2009, 10:51
Најпрво: не Ве познавам лично да би контрирал, но ако Ви сметат моите коментари и размисли на вашите написи оваа ќе биде последниот, да Ви помогнам малку јас полемизирам со изнесените ставови (од кои повеќето сте ги презеле од „независниот печат“) а не со Вас, како Вашите изнесени мислења има многу-повеќето но како моето ги има малку или никако, па не знам зошто толку се грижите вашето мислење преовладува само јас не се сложувам со таквото мислење не гледам некој друг да го дели истото. мислење...
Ако ги сакате моите ставови во врска со општественото уредување па јас за себе мислам дека сум со либерални определби за повеќето општествени односи, демократијата е само владеење на мнозинството преку малцинството кое владее со мнозинството во име на истото тоа мнозинство и сето тоа преку повеќе или помалку демократски елити, но степенот на слобода е за мене од пресудна важност и е генератор на прогресот а не системот на уредување...
Оваа, етикетирање со Гебелс не ми е јасно која е целта , ако некој се препознава во моите коментари јас жалам но не е наменето за поединци освен кога децидно пишувам за поедини особи тогаш тоа е тоа, а сето друго се општествени појави и аномалии во општествената свест.
Критика-самокритика пак некои изветвени термини кои ама баш и не се совпаѓаат со модерните политички интенции, и што сега јас треба да одам во црква и да го молам бога за прошка опрости ми јас грешев, за себе сметам дека тоа го надминав, да изнесам една туѓа мисла ::::::::::::
„
Кога некој ќе посака да се почувствува возвишено тој погледнува нагоре, кога јас тоа ќе го посакам јас гледам долу затоа што јас сум веќе горе.
“
Да напоменам оваа не се однесува на Вас туку е според повеќето Гебелсова парола како милувате да еткетирате, а пак според мене е мисла на еден од најголемите мислители на 19 век, и медиокритетите од сите врсти со сите сили настојуваат да ги минимизираат и означат како непожелни за чистиот дух, но тоа е некои и несакајки-незнаејќи се фатени во мрежата.
ОКТА е друга тема настаната под други околности и ако сега би елаборирале за неа е непожелна дигресија, и тогаш би ја ставиле ЕВН за да расчистуваме некоја постара аномалија , мора да постои систематичност ако се сакат резултати и одржлива операционализација.
На крај да заклучам мене лично не ми се вжни оценките на големите сили (гувернерот и неговиот совет), мислам дека не сме на испит, сепак овде живеат луѓе кои заслужуваат повеќе и тие ми се поважни од профитот на некакви си белосветски манипулатори, сепак сум човекољубец................
Добар Глас
The Best websites for Macedonia
MakHost
Re: Автогол или повторен политички трик?
Apocalypto
06.06.2009, 13:14
DLM,
Се слагам дека лично не се познаваме, и имаме шанса да размениме мисла преку коментарите и со тоа можеме на некој начин да се запознаеме.
• Ова етикетирање со Гебелс не ми е јасно која е целта , ако некој се препознава во моите коментари јас жалам но не е наменето за поединци освен кога децидно пишувам за поедини особи тогаш тоа е тоа, а сето друго се општествени појави и аномалии во општествената свест.
(Можеби претерав со тоа што ја замешав индивидуалноста и милстата на темата, за тоа морам да кажам, извини, право говориш!)
Целта на нишката ми беше да обврнам внимание на тие мистериозни 33.33% кој секој од нас ги плаќа но никој не знае (ниту јас самиот) за каква зголемена моќност се работи кога со децении наназад се плаќа. Тоа што ги поврзав нашите политичари, судсвото (подоцна ке додадам мислење за државата и судството), е реалност од која не можеме да бегаме колку и да сакаме. Колку штета ни носи таквиот систем на работа ќе покаже иднината!
Гебелс го напоменав само поради еден факт, дека секој проблем со кој се соочува владата се префрлува “топката“ на другата половина на теренот, меѓу народот, со некаква си национална аконотација, и треба да има безрезервна подршка од народот, без разлика на правичноста. Едноставно не разбирам, ако идеме по принципот дека народот треба да одлучува за секој проблем, тогаш не ни е потребна влада!!
• На крај да заклучам мене лично не ми се вжни оценките на големите сили (гувернерот и неговиот совет), мислам дека не сме на испит, сепак овде живеат луѓе кои заслужуваат повеќе и тие ми се поважни од профитот на некакви си белосветски манипулатори, сепак сум човекољубец................
- Тука се разлликуваме, мене ми е многу важно да Македонија има репутација на здраво демократско општество, да има здрав правен систем, која е столб на секое општество. Јас лично не размислувам со емоции, под влијание на Орвел и неговите теории на завера или со романтика. Логиката ме води, имајки во предвид, историјата докажала дека се се работи за интереси, така функционира светот и ке функционира на таа основа. Каде сме ние тука? Сепак морам да приметам дека кај нас не се важни “држаните“ интереси туку се на прв план партиските интереси и со тоа длабоко тонеме, приметно или не, сепак за мене (барем така мислам) е така. Не се работи за сегашноста или утрешницата, се работи за иднината, треба да се има долгорочен план, стратегија, која е основа на една демократска земја. Треба да се види што е приоритет на “државата“, во каква околност се наоѓаме, опкружување, со какви ресурси располагаме, што може да се направи со аграрот, сточарството, индустријата, инфраструктурата за подобар “крвоток“ на стоки и добра.... едноставно, како што напоменав, СТРАТЕГИЈА а не кукање и лелекање и барање помош и безрезервна подршка од народот штом ке се појави и најмал проблем.
Во принцип сум идеолог, со пацифистичка ориентација, каде што пред се го ставам народот, затоа и напишав “НАРОД = држава, Држава без народ = 0“, и со тоа можам само да надополнам што претходно најавив што мислам за државата и судството и ке земам пример:
“Дефиницијата на Макс Вебер за поимот држава, таа како инстутуција држи монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.“....
“Во доцниот 20 век, глобализацијата на светската економија, мобилноста на луѓето и капиталот, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во 16 век. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште преставува контраверзија во научните кругови.....
Глобализацијата се повеќе се идентификува со број на трендови, од кој најголемиот број се развиле по Втората светска војна. Овие трендови вклучуваат поголемо меѓународно движење на стоки, пари, информации и луѓе и развојот на технологијата, организациите, легалните системи и на инфраструктурите потребни за сето тоа движење:
• Пораст на интернационалната трговија со поголемо темпо отколку порастот на светската економија.
• Пораст во интернационалниот проток на капитал вклучувајќи и странски директни инвестиции.
• Поголем прекуграничен проток на податоци, преку користење на технологии како Интернет, комуникациски сателити и телефони.
• Притисокот на многу правни лица за Меѓународен кривичен суд и меѓународни движења за правда.
• Поголема културна размена
• Ширење на мултикултурализам и подобар пристап до културна разновидност
• Пораст на меѓународниот туризам и патување.
• Поголема имиграција, вклучувајќи и илегална имиграција.
• Развој на глобална телекомуникациска инфраструктура.
• Развој на глобални финансиски системи.
• Пораст на делот од светската економија под контрола на мултинационалните корпорации.
• Зголемена улога на меѓународните организации како СТО, СОИИ, ММФ кои се бават со меѓународни трансакции.
• Пораст во бројот на меѓународни стандарди кои се глобално прифатени: на пример - авторски права.
Бариерите на интернационалната трговија се значително намалени по Втората светска војна преку спогодби како глобалниот договор за трговија и тарифи. Еве некои посебни иницијативи како резултат на потпишаниот Општ Договор за Трговија и Царини (ГАТТ) и на СТО, за кои ГАТТ е основа:
• Промоција на слободната трговија:
° На стоки: редукција или елиминација на царини конструкција на слободни трговски зони без или со сосема мали тарифи на давачки.
° На капитал: редукција или елиминација на контрола на капитал.
° Редукција, елиминација или хармонизација на грантови за локални бизниси.
Каде сме ние во сето ова? Ке употребам термин познат кај нас: “со глава во ѕид“?
Малку претерав во пишувањето, како да ме одземаа “емоциите“. Малку шала, едноставно се трудам да не заостанам во некој 16 или 19 век за да потоа се чудам зошто сме уназадени за 50-60 или 100 години од некои земји. Нам ни треба напредок, просперитет, бидејки овој наш народ не е нималку наивен, напротив, се има капацитет и интелект за да и ние доминираме но партиите го уништуваат сето тоа поради нивни теснопартиски суети.
На крај повторно се враќам на главната поента која ми е многу важна, ЗОШТО плаќаме 33.33% во сметките за ел. енергија? МОНОПОЛ, тешко исправање на грешките од минатото? Страв дека народот ке ја тужи ЕСМ односно ЕВН за злоупотребата? Што би рекол Макс Вебер за сето тоа?
П.С. - Читај и длабоко размислувај, најди ја поентата без емоции, без “Орвеловите теории“, без етикетирање, едноставно логично поврзи ги нештата! Партиите (СИТЕ) за мене се само декор на егото...
Re: Автогол или повторен политички трик?
DLM
06.06.2009, 15:14
Прво да одговорам на наметнатите прашања а потоа за 33,33%!
Околу етикетирањето тоа зборува самото за себе, и воопшто не ми смета затоа што за левите јастреби (националсоцијалист) сум десно а пак за десните јастреби сум лево (комунист), бидејќи не можам во исто време да бидам и тоа и тоа, одговорот се наметува сам.
Вебер и неговите социолошки теории во најголем дел се докажани и не знам што би спорел околу тоа кога и самиот со повеќето се сложувам, иако истиот е малкуцка лево ориентиран. За меѓународните финансијски орг. ММФ идр. знаеме зошто програмски постојат но девијациите во нив се приказна за себе, за жал сеуште се применуваат преференцијалните системи и секоја изградена економија посегнува по нив, ако е суверена инаку е изложена на тие мерки.
Некако не ми е јасно каде се емоциите ако се збори дека по илјадници години македонскиот државотворен народ успеал да створи своја држава тоа е факт, јас само зборам како истата да се сочува и да се развие во модерно општество со демократско уредување, и не сум подготвен да пеифатам по толку поднесени жртви некој се откажува од истите само за да нему биде подобро и да има подобар стандард по цена да го изгуби соптвеното самопочитување.
Оваа го пишивам затоа што на неколку пати во написите се провејува компромис за ништо, секогаш постои дно, ме интересира дали Вие лично сте подготвени да се најде КОМПРОМИС за името, за Македонија биде прифатена од големите браќа?
И уште нешто како може да биде поважно што рекле администраторите и нивното мислење да биде пресудно, (ова се случува кога немам свое), за тоа како живееме ние од нашето сопствено. Па ние сите знаеме во каква држава и односи живееме дека сме на работ на егзистенцијата, дека ако не се изнајде модус во прашање е опстоувањето на државата, но кој им дава право на тие да се однесуваат така кога најголемата вина ја сносат токму тие и нашите неспособни политички шупелки. Глобализацијате е само нов инструмент за надминување на настанатите противречности, како сукобот на цивилизациите и сл. но повторно со цел за одржување на постоечкиот светски поредок.
И на крајот политичките партии, па не знам како може на друг начин да се артикулира општествената енергија и како би можело да функционира едно демократско општество без тие партии, можеби Вие имате решение па повелете..
(можеби грешката може да се бара во тоа што тие функционираат како партии а не како странки - термин кој се користи во хрватски кругови и кој ги раздвојува антиподните политички партии од модерните политички странки, не ми е познато и не сум сигурен дека оваа се применува во нашиот модел)
Тоа што сме 60 или 100 години зад некои е резултат на нашата немоќ и никој од граѓаните не го сака тоа освен оние кои што можат да сторат нешто по тоа прашање, а тие се пак одстранети и непожелни во политичкиот живот.
И накрај дојдовме до 333,333%.
ЕВЕ ПРЕДЛОЖЕТЕ НАЦРТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНА НА ПОСТОЕЧКАТА РЕГУЛАТИВА ОД ТАА ОБЛАСТ, ЗА ИЗМЕНА НА ТИЕ ОДРЕДБИ, ЈАС НА ИСТАТ ЌЕ ПОМАГАМ КОЛКУ ШТО Е МОЕТО СКРОМНО ЗНАЕЊЕ, ИСТАТА ЌЕ ЈА ПОСТАВАМ НА БЛОГ ЌЕ СОБЕРЕМЕ ПОТПИСИ И ГОТОВО, шалата настрана, мислите дека некој ќе потпише такво нешто, во оваа апатично и исплашено општество?
Добар Глас
The Best websites for Macedonia
MakHost
Re: Автогол или повторен политички трик?
Apocalypto
07.06.2009, 0:59
DLM,
- Некако не ми е јасно каде се емоциите ако се збори дека по илјадници години македонскиот државотворен народ успеал да створи своја држава тоа е факт, јас само зборам како истата да се сочува и да се развие во модерно општество со демократско уредување, и не сум подготвен да пеифатам по толку поднесени жртви некој се откажува од истите само за да нему биде подобро и да има подобар стандард по цена да го изгуби соптвеното самопочитување.
• Значи сепак пресудно беше “Орвеловата теорија на завера“ и тезата која јас ја изнесов нема никаква врска со името на Република Македонија ниту дали да се откажеме од илјадагодишното постоење. Немам поим од каде го извлече тој заклучок!
Зошто едноставно не прочиташ што пишувам, сконцентрирај се на тоа, нека не ти лутаат мислите на најцрното сценарио.
- Оваа го пишивам затоа што на неколку пати во написите се провејува компромис за ништо, секогаш постои дно, ме интересира дали Вие лично сте подготвени да се најде КОМПРОМИС за името, за Македонија биде прифатена од големите браќа?
• Веднаш ке одговорам, не сум за менување на името на Република Македонија, туку прашање е дали ке не изиграат нашите политичари? Исто така никаде не спомнувам во нишката за некаков си КОМПРОМИС, немам поим од каде па сега се вметнува таа теза.
- И на крајот политичките партии, па не знам како може на друг начин да се артикулира општествената енергија и како би можело да функционира едно демократско општество без тие партии, можеби Вие имате решение па повелете..
• Па јас веќе кажав, не знам колку прочитавте, затоа велам повеќе концентрација за пишаното и нека не ви бега мислата. Но сепак ке повторам, нам не ни треба да сме партиски заложници ниту партиска “држава“, туку општество каде што ке функционира правниот систем. Каде што партиите ке бидат сервис на народот а не народот на власта, со визија на случувањата на глобалното општество. Во претходниот коментар се изјаснив што мислам, не би сакал да се повторувам.
- Тоа што сме 60 или 100 години зад некои е резултат на нашата немоќ и никој од граѓаните не го сака тоа освен оние кои што можат да сторат нешто по тоа прашање, а тие се пак одстранети и непожелни во политичкиот живот.
-ЕВЕ ПРЕДЛОЖЕТЕ НАЦРТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНА НА ПОСТОЕЧКАТА РЕГУЛАТИВА ОД ТАА ОБЛАСТ, ЗА ИЗМЕНА НА ТИЕ ОДРЕДБИ, ЈАС НА ИСТАТ ЌЕ ПОМАГАМ КОЛКУ ШТО Е МОЕТО СКРОМНО ЗНАЕЊЕ, ИСТАТА ЌЕ ЈА ПОСТАВАМ НА БЛОГ ЌЕ СОБЕРЕМЕ ПОТПИСИ И ГОТОВО, шалата настрана, мислите дека некој ќе потпише такво нешто, во оваа апатично и исплашено општество?
• Поради вакви коментари велам дека сте контрадикторен. Ако длабоко во себе (јас, вие, ние, СИТЕ) сме свесни дека нешто не функционира, треба јавно да го искажеме незадоволството, на цивилизиран начин. Преку медиите, форумите, радиото и.т.н. Тоа е само дополнителен притисок кон властодршците кој од ништо не се плашат како од губењето на слаткатта моќ. Тоа е нивната слабост, тоа треба да се искористи за доброто на народот.
Дали сме свесни колку сме понижени пред политичарите? Дали сме свесни дека ни се потсмеваат? Дали едноставно знаеме какви се изрази користат за народот (рајата)? Би посакал барем еден од вас да слушне точно како размислуваат нашите политичари кога е народот во прашање! Тогаш би сакал да седнеме сите и да си кажеме точно се што мислиме.
Секако дека сме апатично и исплашено општество, се што е ново и непознато, тоа е за нас претставува како најголемиот демон од пеколот. Прашање е како е дојдено до таквата состојба. Јас лично имам мислење и за тоа, но сепак ке го задржам за себе.
Ке повторам:
- Читај и длабоко размислувај, најди ја поентата без емоции, без “Орвеловите теории“, без етикетирање, едноставно логично поврзи ги нештата! Партиите (СИТЕ) за мене се само декор на егото...
Re: Автогол или повторен политички трик?
Apocalypto
25.06.2009, 19:33
25.06.2009 17:19
Австрија преку Европската комисија е решена да ја притисне Македонија
Спорот со ЕВН може да не чини пропуштање на датум за преговори четврта година по ред, дознава А1 од дипломатски извори.
Австрија преку Европската комисија е решена да ја притисне Македонија да го реши проблемот со австриската компанија, поради кој на крајот на годинава може да ни се пише минус за најмалку два бенчмарка - независност на судство и подобрување на бизнис климата, велат нашите извори во Брисел.
Австрија не само што е лута поради судската одлука против ЕВН, туку не е задоволна ни од методологијата на Регулаторната комисија за Енергетика.
Брисел бара од Скопје компромисно решение без законски измени за сите проблеми со австриската компанија во рок од три месеци.
ЕК е подготвена на Македонија да и понуди и помош за надминување на проблемот преку експертски состаноци, велат оттаму.
Ако на ова се додаде спорот со Грција, како и недовршените реформи, не е чудо што дипломатите во Брисел се почесто порачуваат дека датум за преговори не е на дофат без дополнителен напор.
Висок дипломатски извор во Брисел информира дека ЕУ се повеќе на Грција гледа со симпатии и смета дека Атина е флексибилна, додека Македонија се оценува како неконструктивната страна во овој спор.
Европските дипломати сметаат дека Македонија изгубила многу време за исполнувањето на бенчмарковите и бараат сериозна работа во следните три месеци.
Прекинот на европското посредништво за словенечко-хрватскиот спор е многу негативен сигнал за нашата земја, објаснуваат во Брисел.
Тоа е уште еден знак дека принципот на солидарност преовладува во ЕУ и дека без решавање на спорот со Грција, Македонија е оставена сама на себе, предупредуваат овде во Брисел.
--------------------------
Нонсенсе, како и секогаш од нашата страна кога е политиката во прашање. Нишката која ја поставив не беше залудна, ова е одговор на погрешната политика која се води кај нас.
Немам поим како можат романтичари да ни ја водат државата, исто така не ми е јасно дали некој од нас знае што сака. Сите партии во нивната платформа се за влез во ЕЗ и НАТО, но како се работи на бенчмарковите од страна на ЕЗ? Дали е тоа намерно забошотување или не?
Како и предтходно пак ке речам, наместо да се проверат дали е законски да се плаќа 33.33% зголемена моќност и на тоа да се наплаќа ддв од 18%, судот во Македонија се става во позиција на една романтичарска влада.
На здравје бричење, Македонијо!
Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.