Добредојдовте! Форум на Време Најави се | Регистрирај се | НПП
 
   Добредојдовте на форумот на дневниот весник ВРЕМЕ
Ако првпат го посетувате сајтот Регистрирај се
Aко сте веќе регистрирани Најави се

Дали ни се потребни приватни училишта?

Започнато од Apocalypto на 24.04.2009 14:10. Темата има 3 одговори.

Печати Барај
Подреди коментари:    
   24.04.2009, 14:10
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Веронаука, ДА или НЕ?
Одговори Цитирај
Сакаме во Европа, а неќеме веронаука. Не бива.

Веронауката се изучува во многу земји во светот. Во некои од нив, како на пример Италија, Шпанија, Португалија, Ирска, Словачка, Хрватска, Германија, многу поексплицитно во уставните преамбули се споменува името на Бога и верата, па во ниту една од овие држави не е нарушена секуларноста, туку напротив дополнително е зајакната


Македонската православна црква денеска со биење на сите црковни камбани точно на пладне ќе ја буди свеста за потребата од верско образование. Синодот ваквата одлука ја донел како најава дека и покрај одлуката на Уставниот суд, Црквата ќе продолжи да бара алтернативи за враќање на вероучението во образовниот процес.

Македонија се уште ја бранува неодамнешната одлука на Уставниот суд. Главното образложение на уставните судии беше дека веронауката се коси со уставниот член кој потенцира дека верските нинституции се одвоени од државата и на тој начин се нарушува секуларноста.

Но вакви уставни одредби имаат речиси сите држави од европската Унија. Во некои од нив, како на пример Италија, Шпанија, Португалија, Ирска, Словачка, Хрватска, Германија, многу поексплицитно во уставните преамбули се споменува името на Бога и верата, па во ниту една од овие држави не е нарушена секуларноста, туку напротив дополнително зајакната иако во образовниот систем кај сите нив постои верската поука, регулирана со закон.
Вечер направи еден преглед по државите како е решено ова прашање.

Хрватска. Оваа држава веќе подолго време има класично верско образование. Уставот ја има речиси идентичната одредба од македонскиот устав. Верските институции се одвоени од државата и слободни во правото да основаат верски училишта.

Словачка. Држава чиј Устав се потпира на вредностите на Св. Кирил и Методиј. Словенските просветители во Уставот на Словаците имаат централно место.

Во основното образование децата имаат право на избор да изучуваат еден час неделно религија или етика.

Австрија. Веронауката е составен дел од образовниот систем од 1945. Се изучува два часа неделно, со право на родителите на децата помали од 14 години да можат да бираат изземање од задолжителната настава.

Германија. Сличен пример на Австрија. Задолжителен предмет со можност за изземање.
Белгија, држава во која се наоѓаат седиштата на двете најмоќни политички институции, Европската Унија и НАТО. Таму постојат два вида училишта. Државни и католички. Во католичките верската поука е задолжителна, но во државните има право на избор-настава по религија или етика.

Ирска. И во основните и во средните училишта постои класично верско образование, кое е дел од редовните часови.

Италија. Веронаука се одржува во сите училишта, финансирана од држвата. Постои опција за изземање од задолжителното изучување.

Во Полска, од 1989 учениците избираат меѓу веронаука и етика.
Во сите училишта во Португалија и во Шпанија, веронауката е задолжителна, со право на избор на учениците.

Норвежаните и Швеѓаните во образованиот процес изучуваат религија. Во Норвешка тоа е предмет за христијанството, во Шведска Познавање на религиите.
Финска е држава со исто така задолжително религиско образование во средните и во основните училишта.

Франција е една од ретките држави од Европа, која нема веронаука. Но сепак во државните училишта постои можност еден ден од неделата, како воннаставни активности да се учи веронаука.

----------------------------------------

Јас мислам дека веронауката не треба да се изучува во училиштата но ако веќе народот го посакува тоа немам ништо против. Сепак една работа треба да се разбере, веронауката нека биде факултативен а не да се наметне и нека биде последен час од денот, секој родител кој одлучил неговото дете да ја посетува наставата ке има можнст за тоа додека останатите можат да си заминат.

Сепак лебди прашањето, дали родителите треба да наметнува религија на своето дете? Дали со тоа ги кршиме правата на децата? Зошто мора да му се наметнува верување, нека одлучи самото после својата 18 година!

Има многу недостатоци во животот и ова е едниот дел од тие недостатоци, наметнување на религија на дете кое ниту знае што значи религија. Како и да е, статијата од весникот “Вечер“ замачкува очи на јавноста, дадени се примери, но необјаснети. Ако веке се даваат примери, нека бидат потранспарентни со тоа што ке објават и веб страница или некаков си друг вид на информација а не само површински!
   Извештај 
   01.05.2009, 20:36
ato не е онлајн. Последен активен: 8/11/2009 12:33:34 PM ato

Топ 25 коментари
Пристапил на 02.11.2008
Atanasov
Рангирање нема
Re: Веронаука, ДА или НЕ?
Одговори Цитирај
не се слагам со веронауката во училиштата.
Тие треба да видат образовни институции.
верата треба да ја вратат верските лица, но за жал тие ја прокоцкаа, верата во народот и народот во нив.
сето тоа го донесе од кога стапи на нечесен начин од страна на ДПМНЕ изборот на сегашниот Владика. Со него дојде бизнисот и антимакедонимот во црквата. Со него дојде Вранишковски, со него дојде Изгрев, со него почнаа да се даваат огромни пари за луксузни возила во црквата, со него доага и менувањето на уставот со него ќе се подели македонија, со него ...

А јас верував во луѓето
   Извештај 
   02.05.2009, 12:57
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Re: Веронаука, ДА или НЕ?
Одговори Цитирај
АТО..

Во право си! Сепак имам прашање до тебе?

- Дали веруваш во национал социјализмот како идеологија и дали е тоа основата на Македонскиот народ?


Го прочитав твојот коментар во врска со социјал национализмот и не можам да се свестам како можеш да го поврзеш Македонскиот народ со таква идеологија која не е по природа на овие наши простори. Дали со таквата подршка му нанесуваш зло на својот народ? Дали социјал национализмот е добра идеологија или на крај најголемите последици имале самите национал социјалисти?

Најважно е дали нашите претци залудно се бореле против таа идеологија или ја подржале? Национал социјализмот е последно место каде може еден инетелкт да се скрие,

Жал ми што прочитав дека има такви идеи во Р. Македонија и уште пожално е да во една земја со 2 милиона народ од кој половината е поделена во етнички заедници да постои таков вид на идеологија. Јас мислам дека таква идеологија е погубна превенствено за нас а не дека со тоа ке се успее нешто.

Немам повеќе коментар....):
   Извештај 
   03.05.2009, 10:29
tekstiling не е онлајн. Последен активен: 5/5/2010 10:39:18 AM tekstiling

Топ 10 коментари
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
Re: Веронаука, ДА или НЕ?
Одговори Цитирај

       На еден празник бевме во црква .Владиката почна со политика и ние полека ја напуштивме црквата.Некако не ми оди светото небеско со тежината на политиката.Исто како професор по веронаука да почне со теории од физика.Еве и веронауката се коси со она децата што го учат.Физиката им кажува едно,а веронауката друго,ке знае ли детето да направи граница до каде е наука ,а од каде е проповед?Мислам дека треба да има часови по веронаука , за сите кои имаат желба ке ги посетуваат ,но во црква или за другите религии во храмовите,а не во школите.Црквата треба да го користи повторното масовно одење на лугето во светите храмови и што повеке да го помага народот кога тој го бара тоа.Да им се помага на младите со исповеди, да имаат место каде ќе прозборат за своите проблеми .

WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
   Извештај 
Форум на Време » Општество » Дали ни се потр... » Re: Веронаука, ДА или НЕ?