|
Зdravstvoто во потрага по нови уличари
Критиките од страна на политичките партии, се однесуваат на еден многу важен сегмент на работата на Министерството за здравство! Меѓу многуте проблеми во нашето здравство, промената на статусот на средниот медицински персонал кој е преземен од државните институции е меѓу најакутните за решавање, а тоа се однесува на медицински сестри,техничари, забните техничари, стоматолошките асистенти! Овој дискриминаторски закон го донесе претходната гарнитура, со министерот Имер Селмани! Дали некој ги прашуваше овие работници или дали некој ги советуваше како да постапат во таа ситуација? Никој немаше грижа што ќе се случи со нив следните години, бидејќи за нив одлучија докторите, министерот и други кои не ја познават добро ниту законската регулатива, а ни природата на работата што ја вршат овие работници!Асоциациите на средниот персонал кои се моментално регистрирани и делуваат,досега немат преземено ниедна иницијатива за горе наведениот проблем!Изгледа дека тие се мирни пошто тие се под државна контрола и не се заинтересирани за своите колеги *преземени *од државни здравствени институции!Во времето на кога започнаа т.н.р. реформи во примарното здравство,голем дел од персоналот кои *имаа партијска подршка *кришум ,преку ноќ преминаа во болничките одели,и наместо нив во примарното здравство ги распоредија тие што *не беа во партијски одреди*!Се ќе беше во ред доколку ,и покрај сите тие *ниски удари* кон вработените среднисти и вишисти,министерството со законот за здравствена заштита да ги бранеше како што ги брани тие што остана во терцијална здравствена заштита.Но,се случи нешто друго,па со законот се *роди* една нова категорија работници т.н.р. ** ПРЕЗЕМЕНИ** ,што има многу сличности со првата фаза пред излегување на улица! Впрочем во законот за здравствена заштита , во член 200-а, стои*
^len 200-m
Zakupecot e dol`en da gi prezeme zdravstvenite rabotnici koi, pred denot na vleguvaweto vo sila na ovoj zakon, bile rasporedeni na rabotno mesto vo organizacionata edinica {to ja zema pod zakup.
Ako vo organizacionata edinica {to se zema pod zakup nema rasporeden zdravstven rabotnik so sredno obrazovanie od oblasta na farmacijata, odnosno stomatologijata ili nivniot broj e nedovolen, zakupecot e dol`en da prezeme najmalku eden zdravstven rabotnik vraboten vo javnata zdravstvena organizacija so sredno obrazovanie na sekoj zdravstven rabotnik koj vr{i farmacevtska, odnosno stomatolo{ka dejnost so visoko obrazovanie.
Na licata koi se prezemeni soglasno so stavovite 1 i 2 na ovoj ~len ne mo`e da im prestane rabotniot odnos vrz osnova na tehnolo{ki vi{ok vo narednite pet godini od denot na prezemaweto.
-што автоматски значи дека ,според ставот 3. дека по навршените пет години работа голем број од овие работници ќе се најдат во незавидна положба! Ова приватизација само некои доктори ги претвори во директори во државните објекти, иако многумина од објектите се изградени со самопридонес на сите граѓани! Во ред би било некој доктор да вложи свои средства за да отвори здравствена установа и да вработи среден медицински персонал, да стане директор и да се однесува како што сака тој, меѓутоа на државни „јасли“ докторот да се претвори во директор со неограничена власт, па и над персоналот е недозволиво. Според информациите што ги имам, голем број забни техничари веќе не се на работа, а другите бараат алтернатива. Исто така, голем број медицински сестри се пред напуштање на работата поради малтретирањата од страна на докторите-директори и поради ниските лични доходи и обемната работа што ја извршуваат, наспроти огромните суми за плати што ги земаат докторите- директори! Кој ги брани овие работници кога во Законот за приватизација (концесија) овие се дискриминирани? Значи, со реформата на здравството една структура вработени доби се', а другите, главно среднистите, не добија ништо и останаа без работа.Дали некој ги контролира овие *преземени*работници колку се платени,колку им е обемна работата,со какви инструменти може да им се даде поголема плата,зошто немат информаци ниту право да знаат колку заработува докторот, каде одат средствата пуштени од фондот,....па нели треба да сме барем малку рамноправни ,пошто навистина среднистите немат вложено ништо во овие државни зидови ,но немаат ниту докторите директори,па имаат целосна власт,чак и власт над вработениот кој полека се претвара во слуга , во матична амбуланта!
Министерството за здравство требаше со промените на ЗЗЗ да ја исправи оваа неправда. Кога веќе оние во власта, наводно, се грижат за бездомниците, нека се грижат и за загрозените категории вработени во здравството, кое до вчера беше јавно.
Дали во ова неприципиелна бизнис дискриминација на новата категорија раборници*преземени* има раце бизнис олигаркијата, пошто сешто се работи во ова свера,посебно релацијата, општински фондови на здравство-доктор+директор -
книговодител!
17.5.2009
ILUL
|