Грѓанска тужба од сите корисници против квалитетот на горивото!!!
Дали во Македонија владее бизнис олигархија?
Грѓанска тужба од сите корисници против квалитетот на горивото!!!
Apocalypto
24.05.2009, 11:10
ИНСПЕКТОРИТЕ КРЕВААТ РАЦЕ, НЕМА НЕЗАВИСНА ЛАБОРАТОРИЈА
Никој не проверува каков бензин точиме
Никој не знае какво гориво ни точат бензинските пумпи. Пазарната инспекција, и покрај тоа што е задолжена, не може да врши контрола на квалитетот на бензините и на дизел-горивата бидејќи во Македонија нема независна лабораторија во која може да се направат вакви проверки. Од февруари на бензинските пумпи треба да се точи евродизел гориво со намален процент сулфур. Дали тоа ќе се примени во практика никој не може да знае со сигурност. Сашо Акимовски, директор на Пазарна инспекција, вели дека можат да ги носат примероците земени од горивата во лабораторијата на „Макпетрол“, меѓутоа, доколку го сторат тоа, постои можност за пристрасност. Горивата единствено можат да се пратат на проверка во овластени лаборатории во странство, но тоа ќе не чини многу скапо. - Ако ги однесеме во лабораторијата во „Макпетрол“, тие може да кажат дека нивните горива чинат, а другите не. Има лабораторија во Нови Сад, но тоа е обемен процес. Треба да се пријавиме на тендер дека сакаме да ги испитуваме горивата таму. Па да склучиме договор со нив “ истакна Акимовски. Во согласност со Правилникот за квалитет на течните горива од први јули годинава ќе треба да се намали количеството сулфур кај мазутот на еден процент, а кај бензините нивото на бензен и на ароматите. Од Министерството за економија велат дека роковите се тие, но дали ќе има одложување на нивната примена ќе зависи од производителот на нафтени деривати „Окта“. Македонија наместо да и исплати на „Окта“ 94 милиони долари, како што беше наложено од Меѓународниот арбитражен суд во Париз во 2007 година, и исплати 40 милиони долари, а остатокот од парите беа компензирани со договор со кој „Окта“ ќе може да произведува понеквалитетни горива до 30 јуни годинава. - Рокот истекува. Дали ќе има ново одложување тоа е политичка одлука на Владата “ вели Станиша Николовски од Министерство за економија. Од „Окта“ вчера не добивме официјални податоци за тоа дали се придржуваат кон правилата на игра и дали се подготвени од први јули да произведуваат поквалитетни горива.
Пропаѓаат моторите
Неквалитетните горива го скратуваат векот на моторите. Тие создаваат наслаги поради лошото согорување и ја попречуваат работата на вентилите.
- Оваа појава придонесува до пад на компресија на моторот на изненадувачки мали километражи, а со тоа и отежнато палење и пад на перформансите. Кај современите дизел-мотори, кои се опремени со систем за рециркулација на издувните гасови, оваа појава е поизразена и дополнително го скратува векот на моторите – објаснуваат од „Кадис“.
-----------------------------------
Вообичаено кога е во прашање една од поголемите компании во Република Македонија, пазарната инспекција е немоќна(??!!). Иако истите инспектори кој треба да се во служба на граѓаните и нивната заштита, како оправдување се вели дека процесот за проверка на квалитетот на горивото е скапо и требало да се даде на тендер??
Според “оправдувањето“ кое е од страна на пазарната инспекција, ние граѓаните покрај тоа што ги уништуваме возилата од неквалитетеното гориво, и плаќање на даноци со кој пазарната инспекција егзистира, треба да го проголтаме одговорот кој не е ни малку оправдан.
Јас мислам дека е многу поефтино да се прати на анализа горивото отколку илјадници возила да се уништуваат и секако, околината. Додека светот се бори за поздрава околина, за почист воздух, нашите оазарни инспектори, односно Г-от Сашо Акимовски, се загрижил за парите кој треба да се уплатат и за “тендерот“ !!!
Исто така мислам дека најдоброто решение за овој проблем е МАСОВНА граѓанска тужба, од што поголем број на граѓани, што ке чини многу поефтино за секој граѓанин, и да се истера до крај. Ако не се успее во Македонија, тогаш да се оди на повисоко ниво, Стразбург, каде што квалитетот ке се провери по секоја цена.
Г-не Сашо Акимовски, ако го читате мојот коментар, не правете не наивни, не го потценувајте својот народ и да го уништувате бранејки се со дополнителни трошоци туку дајте му на народот квалитет не само со горивото, туку и со проверка на квалитетот на водата која ја користиме во домаќинствата (покачената вода од 100% за наводна промена на цевките од водоводот кој не е сменета ниту метар а квалитетот на водата е мизерна-колку е здрава водата е добро прашањето), сметките за ел. енергија која ја плаќаме со години наназад и сомнителните 33.33% зголемена моќност...и.т.н.
Се би било во ред да знаеме дека тие пари би се искористиле соодветнно за отаварње на нови работни места, за подобра иднина на Македонија но за жал не е така. Затоа фатете се за работа и извршете ја правилно службата која ви е доделена и самиот збор ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА си го кажува своето а не да бидете инструмент на владата (која и да е).
ЕДНОСТАВНО РЕЧЕНО, ДОСТА Е!
Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.