Непотизам приватизација.....враќање на Бранко во СДСМ!??
Што мислите за внатрешните превирања во СДСМ?
Непотизам приватизација.....враќање на Бранко во СДСМ!??
Apocalypto
24.05.2009, 17:27
24.05.2009 13:31
Бранко Црвенковски
Едногласно, со аплауз, Бранко Црвенковски е повторно на кормилото на СДСМ. Во неговиот говор јасни пораки за сите и за власта и за сопартијците.
Веќе ништо нема да биде како порано. Дури и розата го отстапи местото на тупаница. СДСМ, се ресетира. Партијата, рече, не е драгстор во кој можеш да влезеш и да излезеш и да го земеш само она што ти се допаѓа. Најави нов куќен ред и вонредна состојба во СДСМ. Црвенковски нема намера да ги мири или обединува спротивставените крила во партијата.
„Сакам да бидеме на чисто. Немам намера да потрошам ниту една секунда од моето време, било кого да мирам, со било кого да се пазарам, било кого да лепам, Секој кој ќе го прифати и почитува тоа е добредојден. Секој кој сака да продолжи како до сега, му посакувам среќен пат“, рече Црвенковски.
Гарантираше целосна демократија во внатре партиските дебати, но предупреди, одлуките ќе се носат на Бихаќка, а не на улицата Македонија, во органите на партијата, а не на седенки, преку мобилни телефони и смс пораки. Точно ќе се знае кој го соопштува партискиот став. Ова рече не значи кратење на можноста на личен став, туку крај на манипулирање со јавноста, и лични импровизации да се пласираат како партиска политика. Овации за новата шема на работа, поддршка и од видните членови.
„Не може да не добие поддршка. Апелот да има нов куќен ред, односно ако се ресетира СДСМ, веќе од денеска да се демонстрира на дело другарството и солидарноста“, изјави Владо Бучковски.
Розата го отстапи местото на тупаница
„Мислам дека е добро кога претседателот на партијата е доста отворен и реален за состојбите, критичен и со визија“, вели Јани Макрадули
Црвенковски не ја заборави ни власта, за неа, серија критики - странски инвестиции нема, партиска книшка е поважна од диплома при вработување, судството е политички понижувано, царува лицемерие и декларативни заложби. Призна власта нема да била толку агресивна и неодговорна, доколку опозицијата била моќна. Вети судбината на живите ќе биде поважна од спомениците на одамна мртвите. СДСМ, рече Црвенковски нема потреба од програмски иновирања во однос на името. Како држава треба да иницираме суштински преговори за да се дојде до взаемно прифатлив компромис и да станеме членка на НАТО.
„Ако некој во име на иднината на Македонија треба да ги менува своите определби, тоа не сме ние, туку актуелната власт. Дојде време и таа да се запише на списокот на предавници и странски платеници што самата го правеше во изминатиот период и да ја понесе одговорноста за изгубеното време и претрпените штети“, изјави Црвенковски.
Националниот идентитет, рече Црвенковски не е резултат на некој одамна завршен процес. Популизмот и го остави на власта. Говорот на новиот лидер на СДСМ го ислушаа сите, претставници на сите релевантни партии набргу си заминаа. Кај членовите еуфорија и надеж, дека СДСМ ќе биде партија на слога и заедништво, бидејќи време е, велат, за нов почеток и нови политички битки.
----------------------------
Не можам а да не иреагирам на, цитат: -“странски инвестиции нема, партиска книшка е поважна од диплома при вработување, судството е политички понижувано, царува лицемерие и декларативни заложби.“....
Г-не Црвенковски, јас мислам дека непотизмот и вработувањето е производ од вашето владеење, инвестиции исто така немаше во времето на вашето владеење, судството работеше по вашиот терк а и лицемерието не е нешто непознато за вас! Како што напоменав, тоа е мое мислење.
Интересно, колку оже да се верува во човек кој имаше можност да ја понесе земјава како премиер, не видов напредок. Сега партиските војници почнаа со еуфорија за враќањето на Бранко Црвенковски на политичката сцена како лидер на СДСМ. Дали овие партиски симпатизери чекаат повторно вработување на принципот, партиска книшка пред диплома?
Овој принцип го имаше порано, го има и сега, само што кничките се со различна боја, а актерите се исти. Вербата во зборовите сеуште трае, трае и македонската голгота. Народот е во еуфорија, барем партиските обоените зомби војничиња, трогателно висат пред Бихачка да ја чујот одлуката на партијата.
Народе Македонски, дали е етнилчки Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Босанец, Влав или Еѓипќанин, Грк или Бугарин, повторно паѓаме во “шемата“ зацртана по принципот, држава е партија, а не демократија, освестете се, дајте отпор и казнувајте, казнте ги и ови сега кој напаѓајки со вокабуларот комуњари, а всушност самите комунистилки размислуваат, едноставно, народе одбрани се себеси од политичарите.
Јас мислам дека најдобро решение е ако една партија која и да е, ако за 2 години ништо не подобри со економијата во Македонија, треба да ги снајде народот. Бркање од тое проклети фотељи кои се воздигаат во зданието наречено парламент или јас како го нарекувам, џелатот на народот!
Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.