Добредојдовте! Форум на Време Најави се | Регистрирај се | НПП
 
   Добредојдовте на форумот на дневниот весник ВРЕМЕ
Ако првпат го посетувате сајтот Регистрирај се
Aко сте веќе регистрирани Најави се

Дали во Македонија владее бизнис олигархија?

Започнато од lulzim на 25.05.2009 19:31. Темата има 0 одговори.

Печати Барај
Подреди коментари:    
   25.05.2009, 19:31
lulzim не е онлајн. Последен активен: 9/13/2009 5:19:09 AM lulzim

Топ 25 коментари
Пристапил на 08.05.2009
градец
Рангирање нема
Што се случува со дневните весници на албански јазик!?
Одговори Цитирај

Некогаш немавме дневен весник на албански јазик.Потоа почна дасе штампа весникот*Флака е велазеримит*, еднаш неделно, нормално дека беше под контрола на тогашната монистичка власт,меѓутоа постоеше нешто што сем на другите  бивши ЈУ јазици да се чита ,па било тоа и еднаш неделно.Долго време,рака на срце,читавме и косовски изданиа на албански јазик, како што беше дневнната *Риљиндја* па неделникот *Зери и Ринисе*  ...   потоа *Бота сот*,*Бујку*.     Во деведесетите години од бившиот век, со промовирањето на плурализмот во Македонија и формирањето на политичката партија ПДП,во нејзините суочувања со народот , меѓу многуте барања беше и дневниот весник на албански јазик,односно весникот што веќе постоеше да стане дневен весник.После многу жешки расправи еден ден ,весникот *Флака е велазеримит* почна да изелгува дневно и под ново име *Флака* .!

    И тоа би била кратка историа на албански гласила,жалосна и мрачна,полна со предрасуди,никогаш со свое јас,никогаш да не се повтори!Интересно е тоа што за осумнаесет години демократиа албанците успеа да формират више од десет политички субјекти а помалку од дваесет, но не успеа да имат еден сериозен ,стабилен,реален дневен весник.Тие имаа неколку дневни весници  но сите беа за еднократна употреба,со нестабилна излезност што вклучува и нестабилно раководство па и читателите по та линиа стануват нестабилни.!

Денес ,постојат два гласила на албански јазик, *Коха* и *Лајм*.Според изгледот се разликуват пошто едниот е со поголем формат а другиот помал,но според начинот на пишување ... подобро да се здружат пошто се како браќа близанци,идентични,штури,неинтересни и многу евтини!?? Весникот *Факти* не се среќава по продажните места,додека *Шќип медиа* го нема !*Флака* веќе е во историја!  

Дали е на повидок враќање назад со ниеден весник или одење напред исто така со ниеден весник ,меѓутоа со интернет информирање!!?Нема место за критика нити до власта ,нити до политичките партии што се обидуват да ги представат албанците,не е виновна  опозицијата ниту позицијата.Тука е присутна незаинтересираноста на албанскиот

потенциале читател за лошо менаџирање со весниците при што сме сведоци на лоша ,да не кажам катастрофална содржина на весникот ,што вклучува и цензура на поинаквото пишување.Исто така присатна е и екслузивното право на поедини личности да се секогаш во центар на внимание со свои *парапсихолошки колумни и други пишувања*.

Се на се нешто се случува,постојат некои дневни весници меѓутоа една кинеска поговорка вика* кога го нема лавот и мајмунот станува крал на џунглата*!        

                                                              


ILUL
   Извештај 
Форум на Време » Економија » Дали во Македон... » Што се случува со дневните весници на албански јазик!?