Дали е на повидок нова топло-хладно игра на македонскиот Председател г.Иванов? Се на се ,правото лице на македонскиот Председател се покажа ,баш така како што и јас мислев во претходните пишувања!Значи г.Иванов не го признава г.Сејдиу како председател на република Косово,по препорака на неговиот пријател од пионирските денови г.Тадич,чак со договорено сценарио за протоколот за евентуална средба,без знaме на република Кosovo,без црвен килим,без цвечана гарда ...!Со овој потег *анти-косовскиот председател Иванов* ,на директен начин ги омаловажува своите албански граѓани во Македонија а на политичките партии на албанците им удира шљаканица како никој досега!Меѓутоа ,има една поговорка која вели*кој последен се смее,најслатко се смее*! На повидок е криза на односите Председател на република Македонија виза ви албански граѓани!Како да е судено Македонија да нема легитимен председател! Прво Глигоров се мачеше со ВМРО-ДПМНЕ како нелегитимен,потоа Трајковски со СДС, како граѓанин ТРАЈКОВСКИ,Црвенковски со ВМРО-ДПМНЕ исто така беше нарекуван граѓанин а не Председател и кулминација на *граѓанинот Иванов* во скорешно време!Се додека не се пронајде права формула за права политика ,во прв ред за сите граѓани на Македонија,председателот ќе остане во канџите на *комунистичката идеологија,полна со предрасуди и нетолерантност*,!Како може еден председател да не го чуе гласот на албанскиот граѓанин и да го исполни тоа што тие го барат,а може да го чуе повикот на Србија и ТАДИЧ ,да се омаловажи евентуалниот прием на КОСОВСКИОТ ПРЕДСЕДАТЕЛ. Чисто иронично-комунистичко-кинеско-руско-српско поведение на една гарнитура безкичмењаци!!!???