За нови демократски предвремени избори
Да бидеме објективни ,досега не сме имале избори кои би ги задоволиле елементарните критериуми за пролазна оценка било за внатрешна или надворешна проценка! Последните локални избори и председателски беа на ниво на пролазност. Предвремените парламентарни избори 2008. се најнерегуларните од сите одржани досега, и мандатите што се освоени не се легитимни (впрочем имавме и критики од надворешниот фактор) со тоа и е и власта нелегитимна!Тоа што се случи на тие избори е чиста кражба на гласови на разни начини што го става во знак на нелегитимност целата влада!Често сум пишувал дека ако мандатите се освоени со нај недемократски начин , кратко речено со кражба,а и така се освоени во најголем процент,тие мандати одат во собрание као *фалс мандати* . Таму по процедура се избира председател на парламентот и го гласат *фалс пратеници* што аутоматски добиваме **фалс председател на собрание*!Овој зинџир на фалсификати продолжува да се вметнува во целата структура на државата па се гласа *фалс влада со целиот кабинет* од тие нелегитимни представници на народот . Собранието работи ,усвојува закони,меѓународни договори,поставува нови лица на разни функции и.т.н. сите ги инфектира со фалсификат, затоа што доколку пратениците не се легитимно изабрани се друго што тие ќе го работат ќе биде нелегитимно! Да се вратам на темата,треба да се одржат нови предвремени парламентарни избори( иако требаше да се одржат во мај 2009.заедно со председателските и локалните) и еднаш засекогаш да се запре инфекцијата на нелегитимност во структурара на државната власт, и да добиеме власт која ќе има легитимитет и пред меѓународната заедница,поштоприметувате колку е слаба меѓународната подршка и посетите на нашите функсионери со *фалс досие* во страни земји и обратно!
E баш ги сакам поговорките ,посебно кинеските.
*Кога го нема лавот ,мајмунот станува крал на џунглата*
На Македонија не и треба опозиција,пошто опозиција се меѓународните наредбодавци,а кога тие имаат сомнежи во постојењето на неправилности ,го стегат обрачот ,па после барај опозиција .!Дали сме свесни дека поради тие предвремени,катастрофални,нерегуларни,непризнати парламентарни избори 2008.цела Македонија е под стална присмотра и давање на совети за регуларни избори.Дали некој ги чита извештаите на тие што ни ја кројат судбината !!!?