Само Тетовскиот универзитет не им бара пари на бранителите
На Државниот универизитет во Тетово законското право на упис без партиципација го искористија дури 89 бранители, а на Скопскиот и Штипскиот универзитет многумина се одбиени со образложение дека квотите за нивно бесплатно студирање се потрошени
Само ректорот на Државниот универзитет во Тетово Сади Беџети, сегашен градоначалник на градот, ги отвори ширум вратите за бранителите, учесници во конфликтот во 2001 година, дозволувајќи им да се запишат и да студираат без партиципација, тврди генералот Стојанче Ангелов, претседател на Здружението на бранителите "Достоинство". Беџети ги признал сите уверенија за бранители, за разлика од останатите универзитети и факултети во Македонија, кои само на дел од бранителите им дозволиле да студираат бесплатно. Конфликтот во 2001 година, меѓу другото беше и за легализирање на Тетовскиот универзитет, кој, со влегувањето на ДУИ во власта, стана државен.
I za ova ke vi se krivi Albancite?