|
|
Дали ни се потребни приватни училишта?
Започнато од Apocalypto на 17.06.2009 11:47. Темата има 0 одговори.
 
 
|
|
Подреди коментари:
|
|
|
|
17.06.2009, 11:47
|
Apocalypto
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
|
85% запишани на факултет, како?
|
|
|
|
|
Матурските тестови по англиски јазик биле провалени?!
Средношколци од неколку скопски гимназии тврдат дека тестот бил провален десетина дена пред главниот испит, кој се полагаше во саботата
Тестот по англиски јазик за полагање на матурските испити, кој се одржа во саботата, бил провален десетина дена пред одржувањето на испитот и им бил продаван на средношколците по цена од 50 евра, дознава „Нова Македонија“.
Како што дознаваме, тестот бил најпродаван во скопските средни училишта „Јосип Броз - Тито“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“. Оние ученици, пак, што не успеале да дојдат директно до тестот, прашањата ги добивале од другарчињата што успеале да го купат.
- Речиси сите што полагавме ги знаевме прашањата или најголем дел од прашањата. Некои успеаја да ги купат, но одбиваа да кажат како и од кого ги набавиле. Но, затоа пак некои од нив беа солидарни и ги споделија прашањата од тестот со оние што не успеаја да го купат. Непосредно пред испитот во знак на солидарност ги кажуваа прашањата од тестот. На главниот испит, кој се одржа во саботата, кога ни беа поделени тестовите, таму беа истите прашања од тестот што претходно се распродаваше низ училиштето - раскажуваат некои средношколци што пред испитот успеале да ја дознаат содржината од тестот на матурскиот испит.
Според нив, имало две главни прашања и повеќе потпрашања по принцип на заокружување точни одговори.
- Главно беше да се напише есеј на темата: „Што беше последното нешто што те насмеа“, како и поширок текст во вид на писмо до пријател со извинување до него дека не можеш да присуствуваш на неговата изложба. Имаше и повеќе прашања кај кои требаше да се заокружи точниот одговор. Сé што се продаваше пред испитот, го имаше и во тестот што го полагавме во саботата - велат средношколци од скопските гимназии.
Бирото за развој на средното образование е институцијата што беше надлежна за чување и за дистрибуирање на тестовите за матурантите до училиштата. Вчера не успеавме да стапиме во контакт со Весна Хорватовиќ, директорка на Бирото, а од нејзиниот кабинет нé упатија информација да побараме од Секторот за средно образование во Министерството.
Љупчо Спасовски, раководител на Секторот за средно образование, вчера изјави дека до него не допрела информација дека тестот бил провален, но надлежноста ја префрли кај Бирото за развој на образованието.
- Не сум чул за такво нешто, но лично не верувам дека тоа се случило. Сепак, за тестовите најдобро е да се обратите во Бирото за развој - изјави вчера Спасовски.
---
Овој проблем си влече корени од поодамна, уште од времето на СФРЈ кога ургентно ни беше потребен “стручен кадар“ за да може Македонија да профункционира. Наместо “еволуција“ добивме “анархија“ во образованието и се пренесува од колено на колено, љубоморно и дискретно чувајки го тоа. За мене најтрагично е дека оваа практика е општо прифатена и е втемелена во менталитетот на нашиот граѓанин, без подлабока анализа како ке влијае за иднината на оваа земја.
Заслепеноста и верувањето дека сме високо интелегентен народ (статијата е добар пример дека не е така) во споредба со соседните земји, не гледајки дека на ваквиот начин со “пумпање“ или поточно “набилдани петкаши“, со помош на еврото, партиски, роднински..врски се самоуништуваме во образованието, се со цел да се дојде до “буџетска работа“ за да се седне на директорско или некое менаџерско место.
Светот не функционира така, мислам на економијата, тоа ке е како рипче помеѓу ајкули, кои се навистина набилдани во знаењето, со добро “испечено“ искуство.
Сите наши здрави интелектуалци се надвор од земјата, кој само пред камерите знаат да кажат дека со срцето се во Македонија, сепак само пред камерите а потоа си продолжуваат со својот живот НАПРЕД;НАПРЕД....НАПРЕД.
Ке додадам збор два за 85% запишани на факултет. Мислам дека ке бидеме единствена земја во светот со толкав “образовен“ кадар и се прашувам:
1. Кој ке гради патишта во Р.М.?
2. Кој ке постави Ел. инсталација на објектите?
3. Кој ке подготви добро вино без земјоделие?
4. Кој ке подготви Беровско сирење?
5. Кој ке посее пченка, пченица за да се прехрани Р.М?
...
...
...
Едноставно, кој ке биде работник ако секој стане факултетски образован? Во ред е дека е потребно знаење, немам нималку против дури ме восхитува и ме прави горд од една страна, но сепак има многу прашалници од друга кога си го познаваме менталитетот дека сме родени за нишање врата и земање плата! Како напред?
Мое мислење е дека ова е некоја нова “златна грозница“ која владее во Р.М. и повторно ме потсека на системот во СФРЈ кога секој велеше “учи сине да не копаш“... ама некако ме зачудува фактот дека ако некој не подкопа, нема ни здание да никне, ниту фабрика (кој ке работи во неа?), ниту станбен објект!!??... кај ке ни е крајот со толкав број на “образован кадар“, кој е како нас, нели?
П.С. - Ова е мое мислење на мојот коментар, статијата која е пишана од весникот Нова Македонија можеби има политичка позадина поради екстерното оценување и јас се оградувам од секаков политички маркетниг на која и да е политичка партија!!
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
|
Форум на Време » Општество » Дали ни се потр... » 85% запишани на факултет, како?
|
|
|
|