Добредојдовте! Форум на Време Најави се | Регистрирај се | НПП
 
   Добредојдовте на форумот на дневниот весник ВРЕМЕ
Ако првпат го посетувате сајтот Регистрирај се
Aко сте веќе регистрирани Најави се

Дали сметате дека се потребни предвремени избори?

Започнато од Apocalypto на 18.06.2009 12:37. Темата има 0 одговори.

Печати Барај
Подреди коментари:    
   18.06.2009, 12:37
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Кому му пречи Македонската православна црква?
Одговори Цитирај

МПЦ непожелна на меѓурелигиски собир во Србија

 

Клирици на Македонската православна црква, дури и професори од скопскиот Богословски факултет кои се во „цивилка“, не се добредојдени во соседна Србија. Ова конкретно и директно било посочено од Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Белград, која била организатор на Меѓународната конференција за изнаоѓање заеднички концепт за меѓурелигиски дијалог на земјите од Западен Балкан, која од 14 до 16 јуни се одржа во Палиќ, така што овој собир го бојкотираа сите верски лидери од Македонија.

Вчера се обидовме и официјално да добиеме одговор кој бил иницијаторот архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан да не биде поканет, но од црковни извори во Белград се сомневаат дека на „Конрад Аденауер“ тоа и' го сугерирал великодостоинственик на Српската православна црква, поточно бачкиот митрополит Иринеј.

„Кога ја добив поканата за учество на конференцијата за меѓурелигиски дијалог, мислев дека е тоа добра идеја, зашто Балканот е мултиконфесионален и ваквите средби може да бидат корисни“, ни рече вчера поглаварот на Исламската верска заедница Хаџи Сулејман ефенди Реџепи. Тој веднаш се заинтересирал во скопскиот разгранок на фондацијата „Конрад Аденауер“ дали е поканет и поглаварот Стефан, меѓутоа, откако по неколку дена добил негативен одговор, го откажал учеството. „Во такви случаи, сите верски поглавари се солидаризираат и никој од нас не замина на Палиќ“, вели Реџепи. „Кога станува збор за дискриминација на најголемата верска заедница со која делиме иста грутка земја, решив дека не ми е местото на таа конференција“, додава тој.

Индикативно е што конференцијата во Палиќ се совпадна со интервјуто на митрополитот Иринеј Бачки дадено за телевизијата РТС во Белград, во кое тој вели дека се создадени условите за обновување на разговорите меѓу Српската и Македонската православна црква. Митрополитот, кој во повеќе наврати изјавил дека „единствена призната црква во Македонија е ПОА на Јован Вранишковски“, овој пат сакаше да остави впечаток на умерен духовник. Во интервјуто за РТС, Иринеј Буловиќ, кој важи за еден од најжестоките противници СПЦ да ја прифати реалноста и постоењето на МПЦ, рече: „Имам чувство дека и од двете страни сега на спорот се гледа со ладни глави, бидејќи сегашната генерација архијереи во Скопје и во Белград се заложници на тој спор, што дава, пак, надеж за решение“.

Во истото интервју, овој српски митрополит објаснува: „Ние сме заложници на еден проблем што ни е оставен во наследство. Од наша страна, единствен жив, кој е сведок и учесник во тогашните настани од педесеттите и шеесеттите, е неговата светост патријархот Павле. Од нивна страна, во Скопје, единствен жив е митрополитот Кирил, кој исто така е во поодминати години, а еден период е и расчинет. Така што сите останати се борат со еден проблем што не го создале сами. И, ќе признаете, тоа психолошки олеснува и создава некаков урамнотежен пристап. Многу е потешко јас да се обидувам да исправам нешто, или да се обидувам да најдам компромис за нешто што сум создал. И јас се надевам токму во тој поглед, а и со придонесот на другите православни цркви и со некое созревање на теренот дека ќе дојде до еден поплоден дијалог отколку што беше во минатото“.

Со ниту збор владиката Иринеј Бачки тука не ја споменал т.н. ПОА на Вранишковски, чиј идеен творец е токму тој митрополит, како духовник кој е на отворен линк со црковна Атина. Оттаму, црковните аналитичари во овој настап на српскиот владика не гледаат никаков позитивен исчекор, кога станува збор за проблемот со МПЦ.

Белградскиот експерт за православието Мирко Ѓорѓевиќ, во изјавата за „Утрински весник“, изнесените ставови на Иринеј Бачки кусо ги прокоментира: „Тоа се празни фрази, да не кажам најобични лаги. Така се обидува да го скрие вистинскиот проблем и оттаму целата изјава е крајно неодговорна. Едноставно, човек да не поверува во она што го слуша“, категоричен е нашиот соговорник.

Во Македонската православна црква немаа коментар за најновите пораки на митрополитот Иринеј, ниту, пак, за недобивањето покана за состанокот во Палиќ.

--------------------

 

До кога со игнорирањето, до кога со пропаганди од “братските Срби“, до кога? Го читав дневникот на Крсте Петков Мисирков за Српската хегемонија, подмолноста која ни нанесе зло уште со поделбата на Македонија со помош на исто така “Руските браќа“ кој не оцрнија, не опустошија иако им го дадовме писмото, верата! Се прашувам, дали има некој  во Р. Македонија кој еднаш засекогаш ке ја каже вистината за нашите таканаречени браќа, кој со сета жестина се обидуваат да не избришат од историјата!

 

Срамота!


   Извештај 
Форум на Време » Политика » Дали сметате де... » Кому му пречи Македонската православна црква?