Добредојдовте! Форум на Време Најави се | Регистрирај се | НПП
 
   Добредојдовте на форумот на дневниот весник ВРЕМЕ
Ако првпат го посетувате сајтот Регистрирај се
Aко сте веќе регистрирани Најави се

Дали сметате дека се потребни предвремени избори?

Започнато од Apocalypto на 21.06.2009 1:47. Темата има 1 одговори.

Печати Барај
Подреди коментари:    
   21.06.2009, 1:47
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Антички Македонци, Словенизација, НАТО, ЕЗ... доста веке..
Одговори Цитирај
Деновиве преку медиумите на канал 5, А2, Јанко јади бурек се води една таканаречена борба дали сме антички или словенски македонци. Интересно, но како во сето тоа се втурнува членството на НАТО и ЕЗ во тезите??

Колку што јас лично мислам, тие се две неповрзани работи кој што некој успешно ги поврзува:

1. Спорот со Р. Грција е пред и самата помисла за членството во НАТО и ЕЗ каде што е потпишана агендата дека Грција нема да ја оспори Р. Македонија во европските интеграции, се прашувам себеси зошто се наметнуваат тие две прашања и се поврзуваат со преговорите за некаков си компромис помеѓу Р.Македонија и Р. Грција!!??

2. Дали владата-те кој што во своите платформи во предизборието го најавуваат членството во НАТО и ЕЗ се свесни за последиците кој не очекуваат, намерно или не, поради партиски интереси, свесни или не, го делат народот?

3. Дали владата-те имаат стратешки цели за иднината на Македонија, или ке се создава нетрпеливост помеѓу граѓаните, антички Македонци, Македонци со словенско потекло, Македонци со Албанско потекло, Макеоднци со Влашко потекло, Ромско, Турско, предавници, патриоти....... каде е крајната цел? Дали крајната цел е распаѓање на Македонија или напредок на Македонија?

Слушајки ги гледачите од различни ТВ медиуми, се прашувам, дали некој од нас знае да разликува национална стратегија и компромисно решение. Се лиферуваат многу информации, народот е збунет, коментарите на граѓаните е до толкава мерка хистеричен да полека тонеме во реториката на Србија од 90-те од минатиот век, не бирајки зборови соодветни на едно културно ниво, заборавајки дека помина времето на комунизмот, со тврдата реторика и едноумие. Ке повторам, дали некој од нас знае да разликува членството во НАТО и ЕЗ со спорот?

Од друга страна, настапот на Љубчо Георгиевски со тезата за словенството уште толку го подели народот, намерно или не, секој од нас почнува да влегува во посебен свет, антички и словенски!!!! Зачуден бев дека Паско Кузман беше речиси НЕМ пред настапот на Љубчо, човек со долгогодишно искуство потклекна пред политичар поткован со свое знаење за историјата. Ниту еден аргумент не изнесе г-от Кузман за да ја побие тезата на г-от Љубчо, единствено уводот на Паско ми личеше на политички увод кој на старт ми беше смешен ако дискусијата беше историјата и археологијата.
Во целиот тој разговор една мисла ми се вртеше низ главата, ако по толку години ропство поминати под римјаните, подоцна византија, Бугарите, па Србите, Турците, Југославија, останавме Македонци, дали сме спремни како самостојна Македонија да останеме Македонци, или ниту сме свесни дека полека се самоуништуваме барајки непријатели околу нас! Дали полека но сигурно, стануваме исрустриран народ? Јас мислам едноставно губиме разум и контрола како народ. Исто така се прашувам што е важно дали сме антички или словени кога постоиме како Македонци.
Мене лично ова не ми “мириса“ на арно, од преголема желба за самодокажување работите ни бегаат од контрола.
Дали политичарите се и малку свесни, а мислам дека се, во каква опасност не вовлекуваат со ваквиот пристап, дома, на работа, на улица, луѓето се расправаат, роднини, браѓа, брачни парови, татко и син.... се дебатира на големо и широко, дали сме антички или не, дури моето дете се навлекува во глупостите од “политичкиот синдром“ што владее кај нас. 2 милиона политичари станавме, од обичен селанец, сточар, водоводџија, електричар па до лекари, глумци и.т.н. Нема ниту едно шоу кое ке го освежи Македонскиот граѓанин од дневнополитичките настани а да во самото шоу нема доза на политика и докажување на Македонштината. Каде одиме? Дали е потребно болно општество како рецепт за владеење?

Морам да бидам самокритичен, И ЈАС се навлеков на “вирусот“ дневнаполитика, полека почнувам да губам разум со секојдневните препукувања, на радио, телевизија, на работно место, дома со пријателите, семејството ...

ДАЛИ ИМА НЕКОЈ СВЕСЕН ДЕКА СТАНУВАМЕ СЛУГИ НА ПОЛИТИКАТА?
Господе помагај, имаме скоро 400000 невработени, економија во колапс, систем кој функционира како во бившата Југославија, непотизам, никаква инфратруктура, криминалци од типот на “секирата во мед“ и искористување на “службената положба“ каде што е најзастапен тој феномен (криминал) во нашиот менталитет, дрвокрадци со калашњикови, илириди, колапс на сточарството, колапс на земјоделието, колапс на индустријата...

АЛООООО.... ДОСТА Е!

Досега никогаш не сум имал директен негаторски став кон оваа влада, но мислам дека е време да се стави прстот на чело и да разберат не само оваа влада туку и следните дека народот го уништивте на секој план, на морален, економски, дури и психолошки, создавајки квази национална криза на идентитетот.

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ ГО ОДЗЕМЕ ЧУВСТВОТО НА МАКЕДОНЕЦ•

колку и да сакате (политичарите) да го наметнете проблемот меѓу народот за да на референдум го оправдате поразот на глупавата политика која вие ја наметнувате и ја водите, вие политичарите, оставете го народот во спокој да си го живее животот. Ако вам ви е до власта мене, нам граѓаните лично ми е до нормален живот без страсови.

Ке искажам уште една моја мисла, иако не тврдам дека е така, дека ние, Македонскиот народ, сме до таа мера заостанати во времето што ке ни е потребна цела вечност да се опоравиме. Ако погледнам дека сите наши соседни земји напредуваат со брзо темпо, дури една Албанија (со почит а не како потценување) која до вчера не можеше ниту птица да прелета и излета од таа земја, почнува да се рангира во светските земји како земја со подобар стандард за живеење, каде што наголемо се гради а ние? ние љубормоно како по природа со “сеирџиска“ иронија сеуште се подсменвуваме на нивниот напредок и тапкаме во место.

Едноставно, треба промена не само на оваа влада ( не говорам од политички аспект туку како човек кој му е доста од лажење на народот) туку и на целиот систем на владеење во земјава каде што пред се ке се цени квалитетот на индивидуата, идеите. Доста со нашиот болен менталитет, доста со антики, словенизација, со создавање непријатели од се и од секого, доста со квази патриотизмот кој полека преминува во национализам со предзнаци на социјал национализам, доста со теории на заговор, едноставно ДОСТА!
   Извештај 
   21.06.2009, 16:15
Apocalypto не е онлајн. Последен активен: 8/23/2009 7:17:23 AM Apocalypto

Топ 10 коментари
Пристапил на 06.10.2008
Рангирање нема
Re: Антички Македонци, Словенизација, НАТО, ЕЗ... доста веке..
Одговори Цитирај
Морам да се надоврзам на мојот претходен коментар Ч

3. Дали владата-те имаат стратешки цели за иднината на Македонија, или ке се создава нетрпеливост помеѓу граѓаните, антички Македонци, Македонци со словенско потекло, Македонци со Албанско потекло, Макеоднци со Влашко потекло, Ромско, Турско, предавници, патриоти....... каде е крајната цел? Дали крајната цел е распаѓање на Македонија или напредок на Македонија?

На ова ке го додадам денешната статија од А1:

Иванов: Грција предизвикува револт во Македонија
Коментари (0)


21.06.2009 14:43
Ѓорге Иванов


Мора да се престане на Македонија да и се диктираат услови, а решението на спорот со Грција не смее да задира во честа и правото на самоопределување на народот.

Ова, како што пренесува Макфакс, го истакна претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во интервју за интернет изданието на германскиот неделник „Шпигел“, насловено „Помеѓу инаетот и револтот“.

„Името Република Македонија го признаа над 120 држави. Грција сака да се откажеме од оваа придобивка и да прифатиме име - Северна, Горна или Славо Македонија. “ Јас не знам како албанското население во Македонија би реагирало кога ние ненадејно би станале Славо Македонија“ и би говореле славомакедонски јазик“, изјави Иванов.

Тој го промовираше ставот за референдумско изјаснување за решение кое би произлегло од разговорите со Грција.

„Во Македонија во тек се разговори со сите партии за можноста за распишување на референдум“, изјави Иванов.

Тој нагласи дека не е едноставно да се најде решение за наметнатиот спор, која има „историска, геополитичка и психолошка основа“.

„ Спорот со името со нашиот северен сосед Грција трае околу 14 години и да беше толку едноставно ќе најдевме решение многу порано Кога Македонија прогласи независност и пристапи како членка на ОН под името Република Македонија, Грција стави вето, со образложение дека тоа било опасно за безбедноста во регионот. Тогаш ни беше наметнато името ФИРОМ.Но зарем некој навистина мисли дека ние сме закана за Грција и дека би постоело обединување со оние Македонци кои живеат во Грција од 1913 година“, изјави Иванов.

Одговарајќи на прашање за антиквизацијата во Македонија, како и во Грција, претседателот Иванов рече дека Скопје не е страната која го започнала овој процес.

На констатацијата на Шпигел дека, сепак, во Македонија владее вистински бум од поставување антички статуи и преименување на улици и објекти со имиња од античкиот период, ,Иванов одговори дека „станува збор за нешто помеѓу инат и револт“.

„Народите на Балканот се темпераменти и во политиката преовладуваат емоциите. Но како вие би ја доживеале фрустрацијата по самитот на НАТО, кога ние бевме сигурни дела ќе славиме како НАТО членка, следуваше ладен туш Колку пари и ресурси инвестиравме за да станеме способни за влез во НАТО. Ги исполнивме сите реформи. И што е најлошо, до денес, никој официјален претставник на НАТО не најде за сходно да зборува со нас за тоа или да предложи решение“, изјави Иванов во интервјуто за неделникот „Шпигел“.

Г-нот претседател заборава многу нешта, ама некој мора да е кривец, вообичаено за нашиот менталитет..... и политиката која ја промовира ВМРО, колку јас го следам дневниот печат, најгласни се СДСМ и нашата Македонска опозиција за некаков компромис ама ајде... пу пу не важи... :)))

   Извештај 
Форум на Време » Политика » Дали сметате де... » Антички Македонци, Словенизација, НАТО, ЕЗ... доста веке..