Re: Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...

Дали во Македонија владее бизнис олигархија?

Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...


Meto 06.03.2007, 12:37

„Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...“ - Ова се зборови на Балиан, француски благородник кој го бранел Ерусалим од нападот на познатиот војсководец и филозоф - Саладин. Оваа порака треба да ја погледне, интерпретира, а потоа и да ја примени - секој од нас. Филозофската издржаност на оваа реченица е одлична. На животот му дава смисла, на постоењето - објективна цел. Да се направи својата земја подобра е да се обезбеди пристоен живот за себе и за поколенијата.

Воведот во темата можеби ве замори, но целта на овој вовед е само вистински луѓе да стугнат до овој пасус. Глодари, крлежи и други штетници, воопшто и не треба да се занимаваат со интелектуално - фолозофски дискусии. Но, Јас сум премногу прагматичен за да го ограничам своето дејстување на празни зборови. Затоа, во темата економија, иницирам еден дел во кој сите што стигаа со читање до овде може и би требало да придонесат. Во корист на нашата земја - да размислуваме заедно. Да понудиме конкретни решенија за конкретни проблеми:

  1. Проблем: ДДВ за земјоделските производи падна, но не и цените на репроматеријалите. Ова се должи на монополистичката ситуација во која се малкумина снабдувачи на репроматеријали.
  2. Проблем: околу 6000 стечајци со 25 години стаж, се со нерешен статус повеќе од 2 години. Владата нема конкретно решение, а тие бараат апанажа или работа. Апанажа е благо речено против уставна, што и помина на собраниска седница, останува работа.

Решение: Поволни владини услови за оваа категорија граѓани. Што треба да опфатат: Формирање на мали акционерски друштва кои ќе имаат за цел да отворат дистрибутивни центри за земјоделски репроматеријали. Владата треба преку ангажман на сопствени луѓе да определи локации, такви што ќе влијаат на спуштање на цените на досегашните репроматеријали, со оглед да тоа дека падот на ДДВ не предизвика и пад на цените на истите. Овие мали акционерски претпријатија треба да ги формираат и со нив да раководат стечајците со 25 години стаж. Меѓу 6.000 стечајци, убеден сум дека има: земјоделски инжинери (познавачи на репроматеријалите), економисти (водење на економијата на А.Д.), правници (правен и кадровски аспект на функционирање на А.Д.), возачи (дистрибуција од производните центри до местата на продажба). На ваков начин би се намалиле (не и целосно решиле) два проблема. Стечајците и цената на репроматеријалите.

Но, не е се така едноставно ...

  1. Во услови на тотална приватизација, каде што Владата би настапила со субвенционирање на една група луѓе, тоа би можело да биде сфатено (од засегнатите сегашни продавачи на репроматеријали) како државна конкуренција. Некој правник нека се вклучи во расправава со мислење.
  2. Многу ќе биде тешко да се пронајде точниот сооднос на вработените во фирмите кои ќе се формираат и профитот што овие фирми ќе го остваруваат. Молам некој амбициозен економист да даде коментар.
  3. Локациите што ќе ги одреди Владата можеби нема да имаат доволен број стечајци во својата околина
  4. За жал, дел од стечајците се навикнати на мала тромавост и неабициозност (што не е непоравдано за луѓе кои ги газел некој олигарх), а за функционирање во услови на почетна фирмска година, да се артува со тромавост, би значел инстант крах. Ако има психолог на форумов, нека се потруди околу овој дел.

Веројатно има уште неколку „Но...“, што не ги разбирам како електроинжинер, па проектот можеби е осуден на пропаст уште пред да почне. Можеби и никој нема да одговори и веројатно ќе има многумина што ќе речат дека се занесувам. Сепак, што би бил јас ако не направам ништо за мојата земја ...

                     ... Поздрав од Методија ...


Cogito, ergo sum ...

Re: Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...


SURAK 07.03.2007, 19:48
<BLOCKQUOTE><table width="85%"><tr><td class="txt4"><img src="/Themes/default/images/icon-quote.gif">&nbsp;<strong>Meto wrote:</strong></td></tr><tr><td class="quoteTable"><table width="100%"><tr><td width="100%" valign="top" class="txt4"><P>„Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...“ - Саладин. </P>
<P>Во корист на нашата земја - да размислуваме заедно.</p></td></tr></table></td></tr></table></BLOCKQUOTE> 
Е ова чувство е она што им фали на политичарите во Македонија. На Македонските и на Албанските политичари. Никој од нив не гледа како да се подобри ситуацијата на народот, туку ја гледаат политиката како бизинс.
Едноставно да му се згади на човек гледајќи како кполитичарите се рсправаат за тоа колку празници треба да има во Македонија, а во исто време Красничи, тежок криминалец со тапија (тероризам, киднапирање, општа опасност, кражби) може да шета по политички средби како да е херој. Овој човек не само што нема до донесе ништо добро за државата, туку нема да донесе ништо добро ниту за Албанците. Најмногу штета ќе им носи на самите Албанци, зашто не Македонци, туку Албанци ќе уценува и малтретира ако остане на слобода со чувство дека е семоќен и никој ништо не му може, поради едноставна причина што Красничи се движи во кругови само на Албанци.

Едноставно, денешните политичари немаат чувство дека се дел од овој народ. Го немаат чувството кое Саладин го имал пред илјада години (буквално) кое би ги терало да му помогнат на својот народ.
Денешните политичари се ИЗРОДИ од македонската нација (сите оние кои се државјани на Република Македонија. Народ е група која дели религиски и генетски особини, нација се сите во дадена држава).
Томас Кун, во Структурата на научната револуција вели дека промена на научното гледање на светот се случува само откако поддржувачите на старото гледање на светот ќе изумрат.
Зажал, мислам дека ова се однесува и за нашите политичари и родители, зашто тие се оние кои го поддржуваат старот гледање на светот. Ова е централистичкото, комунистичко гледање дека се` треба да е контролирано во една партија и во државата, тоталитаризам. Од оваа парадигма (начин на гледање на светот) не избегнаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, ПДП...

Едноставно, нашите родители знаат да живеат само со старата парадигма. Чест на индивидуалните исклучоци во државата. Но, политичарите се тие кои сеуште живеат со неа.
А и нашите родители се тие кои знаат само за неа. Едноставно, постарата генерација не знае да живее на друг начин. Така се научени.
Секој оној кој ќе покаже воља да смени нешто на подобро за својот народ, мора да е некој потрчко во партијата. Едноставно, узурпаторите, тоталитаристите, ВЛАДЕТЕЛИТЕ кои се на власт, примаат околу нив само луѓе со кои делат иста парадигма -- владеј за да направиш лична корист, а лажи го народот зашто тоа е вообичаено. „Народот е само обични гласачки ливчиња.“


<BLOCKQUOTE><table width="85%"><tr><td class="quoteTable"><table width="100%"><tr><td width="100%" valign="top" class="txt4"><OL>
<LI>Проблем: ДДВ за земјоделските производи падна, но не и цените на репроматеријалите. Ова се должи на монополистичката ситуација во која се малкумина снабдувачи на репроматеријали.</LI></ol></td></tr></table></td></tr></table></BLOCKQUOTE>
Македонија е премногу мала држава со премногу тоталитарни и незаинтересирани политичари за правниот поредок за тука да има конкурентски односи.
Во конкретниот случај, дури и кога политичарите немаат директно влијание врз бизнисот, самите трговци ги зголемуваат цените секогаш кога можат поради немање на доволно конкуренција.
тука нема што да се прави, освен да дојде конкурентна фирма, која ќе ги намали цените за да има повеќе личен приход.


<BLOCKQUOTE><table width="85%"><tr><td class="quoteTable"><table width="100%"><tr><td width="100%" valign="top" class="txt4"><ol><LI>Проблем: околу 6000 стечајци со 25 години стаж, се со нерешен статус повеќе од 2 години. </LI></OL>
<P>Решение: Поволни владини услови за оваа категорија граѓани. Што треба да опфатат: Формирање на мали акционерски друштва кои ќе имаат за цел да отворат дистрибутивни центри за земјоделски репроматеријали. Владата треба преку ангажман на сопствени луѓе да определи локации, такви што ќе влијаат на спуштање на цените на досегашните репроматеријали, со оглед да тоа дека падот на ДДВ не предизвика и пад на цените на истите. </P></td></tr></table></td></tr></table></BLOCKQUOTE>
Во капиталистички начин на работа, незамисливо е Владата да формира претпријатија, дистрибутивни центри или да влијае врз цените на репроматеријалите поради едноставна причина што во услови на отворен, капиталистички пазар каков што има пред то аи после тоа, ова ќе биде доживеано како моментален шок кој ќе повлијае позитивно за една група граѓани, но негативна за друга група.

Сепак, олеснувања во давачки спрема државата се прифатливо решение. Може да се псроведат и владини кампањи за тренирање на ови луѓе, каква што е сегашната акција за учење на работа со компјутери. Објаснување -- Владата плаќа за обука со компјутери на ској граѓанин на Македонија. Услов е да се прати едноставно писмо до одредена адртеса во Владата, да тие да имаат пред вид колку луѓе ќе учат од секој град.

Re: Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...


Meto 10.03.2007, 13:21
Преабмициозно за учесниците на овој форум. Сите се големи македонци за муабетење...Дела - нема.
Cogito, ergo sum ...

Re: Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...


SURAK 10.03.2007, 23:01

Jas lichno mislam deka se trudam da pomognam. Ama za djabe.

Rabotam vo ne-vladina organizacija za zachuvuvanje na kulturnoto i istoriskoto nasledstvo na Delchevo i Pijanechka oblast. No, shto kje pravish koga vo lokalna samouprava gradonachalnikot kako eden od koordinatorite za proekti vraboti eden moj drugar koj ne znae dupka da iskopa, bukvalno zashto kopavme zaedno negovi slivi. Vtoriot chovek e edna devojka koja e OK lichnost, ama nema iskustvo so rabota so proekti. Propadnaa proekti od stotici iljadi evra  bidejki dotichnite ne znaat kako da gi ubedat EU da im dadat pari. Isti se i Bugarite od Blagoevgrad, so kogo trebashe da se napravi proekt za megju-granichna sorabotka.

Ednostavno, kur ne go boli nashiot "Gomnonachelnik" za toa da se stavat vistinski lugje na rab. mesta. Da beshe taka, kje napravea konkurs i intervjua. No toj sakashe da dobie glasovi od drugiot tabor na SDSM pa vraboti neznalica (mojot... mal drugar) tamu.

Ednostavno, politicharite ne gi interesira nivniot narod. Mnogu po bolno e otkolku shto e ednostavno. A premnogu e ednostavno.

Vo mojata lokalna MENSA grupa, odrzav predavanje za astronomija, kako i drugo za ophstiot narod. Objasnuvam kolku mozam. No obichniot narod ne moze nishto da napravi. Ako e chlen na partija, nikoj ne zboruva nishto vo partijata oti se plashat za vrabotuvanje ili ochekuvaat vrabotuvanje.

Na tolku be4dno nivo se nashite partii da mi se GADI od lokalnite i mega-GADOVITE.

Re: Ова е наша земја. Што би биле ние ако не ја направиме подобра...


Apocalypto 25.06.2009, 19:43
25.06.2009 16:23
Владо Бучковски


Министерот за неправда направи измама во службата за што е предвидена казна затвор од една до десет години, обвини опозицијата.

Во изминатите три години во буџетот на 72-годишниот Маневски се слевала и министерска плата и фракционерски додаток, но и пензија.

Од први јануари, спротивно на Законот, министерот ја продолжил праксата за двојни примања. Случајно по презимето ова го открива Фондот за пензиско, а опозицијата укажа пред еден месец, тогаш министерот го убедуваше и премиерот и јавноста дека тоа не е вистина бидејќи се откажал од пензијата.

Бучковски на Груевски му достави доказ од Фондот дека Маневски тоа го сторил дури во мај. И, за да биде ова, како што велат скандал за Гинис, владата за да ја стави под тепих аферата го одјавува министерот како осигуреник и Маневски од јануари до мај фигурира како министер-волонтер.

„Знам дека ви е тешко, свесен сум за заслугите на Михајло Маневски за вас. Но, ова едноставно повеќе не може вака. Не знаев дека во целата оваа ујдурма, без ваше знаење, мислам дека и вие минатиот пат така реагиравте, е инволвирана и Владата која дополнително прави скандал“, изјави Владо Бучковски, СДСМ.

Груевски вети дека ќе го разгледа документот.

„Денеска господинот Бучковски достави една фотокопија во којашто има многу избришани делови на почетокот и на крајот, јас не можам ништо да одговорам, ние ќе го провериме тоа дали е така“, рече Никола Груевски, претседател на Владата на РМ.

Она што беше избришано беше адресата од која се добиени информациите. Бучковски бараше дообјаснување, спикерот не му дозволи.

„Ве молам господине Бучковски.. Ве молам исклучете го господинот Бучковски“, смируваше Вељановски.

Од опозицијата стравуваат дека колатерална штета во невидениот скандал ќе биде првиот човек на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, од каде протекоа информациите.
---------

Ова е како одговор на нишката од Мето! Тие што треба да се пример на народот и олицетворение како треба да се сочува државата, тие го потикнуваат “криминалот“...

Советите се бесплатни па затоа се делат....

 Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.