ПОЛИТИЧКИТЕ СУБЈЕКТИ ВО БЛИСКА ИДНИНА!?
1.Руфи Османи ,прво ќе направи една мешаница во блокот албански партии,каде нама да се знае точно кој на која опција и припада!Се сомневам во успехот на неговата опција поради нерасчистени сметки со прошлоста!
Единствен излез е да се обелоденат сите актери и нивните улоги во Гостиварските настани,па Руфи да има потполн легитимитет!
2.Имер Селмани ќе остане во Скопје ,со мал број симпатизери и на крај ќе се врати на сопствениот бизнис!Неговиот евентуален приклучок во владата на Грујевски ќе значи крај на *Демокрациа е Ре*, поради мешано членство и
симпатизери во неговиот политички субјект!Поради непринципиелноста и политиката на двојни аршини ,мешаното гласачко тело ,безуспешна операција на *Обама*!
3.Ахмети Али ,тешко нему во следните година-две со партијската структура,борците на ОНА , појавата на нови политички опци, непоправливиот Грујо,и Охридскиот договор! Мислам дека ќе има коренити промени во ДУИ,што ќе резултират со приклучување на политичката организација на Амети со нови лица за препород на политичкиот субјект и истовремено напуштање на незадоволните!Сепак Али,ќе ја преброди кризата !
4.ПДП,по правило би требало да се самораспушти доколку сегашните челници не дадат оставка поради хиперкатастрофалните резултати на локалните избори(два -три)освоени членови на совет!
5.СДСМ за кратко време ќе го достигне рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ,со новото раководство!
6. ВМРО-ДПМНЕ, за кратко време ќе биде приморана да се дициплинира.Под
притисок на меѓународната дипломација Грујо ќе биде приморан на компромис
со името на државата, поправка на големите грешки кон албанскиот партнер и
народ, бегање од егоистичкото владеење, целосно исполнување на Охридскиот
договор , и паѓање на рејтингот на неговата политичка организација ВМРО-
ДПМНЕ!
Живи били па видели!
Селмани!Јас право да ви кажам во почеток верував во него!Поради големи разлики во гласовите за ПРЕДСЕДАТЕЛ и за негови советничките листи, доаѓам до заклучок дека него го гласале мешано гласачко тело,тоа е евидентно а и сите анализи го покажуваат тоа!Неговата прва голема грешка беше што на крунисувањето на Председателот Иванов ,и покрај бомбастичните изјави дека нема да присаствува сепак се појави во Собранието,значи ,непринципиелност од негова страна!Втора грешка , не знаеше точно кога и каде завршил образование,па даде две различити изјави со подмукол глас,значи несигурност ,или лаж!
СДСМ, нема да биде тоа што бил?!И не би требало да биде ,затоа што ќе се промени и ќе биде модерна,респектабилна партија,со нова опција !
ВМРО,моментално си има гласачко тело,има едноумна власт , повеќе се наслонува на комунистичка и ренесансна идеологијашто и е во спротивност со меѓународната заедница!Таа е хипнотизирана партија со недржечи одбрамбен механизам! На крај на крајиштата Г.НИКОЛА ГРУЈЕВСКИ, несудени боксер,својата неуспешна борилачка вештина сака да ја надокнади во политиката,меѓутоа не оди боксот со полинационална држава!Тоа ќе биде чист бумеранг!
Сепак ќе се сложам со констатацијата на ДЛМ,за СЕЛМАНИ !Тоа ја потврдува и реченицата на баба ми дека* Не мора да си убав и привлечен,за да бидеш паметен и успешен*!Кога зборувам за еволуцијата на поедини политички субјекти и нивните лидери јас не се обидувам да наредам желби,туку сакам на рационален начин да ги представам дотичните политички партии и нивните водачи за во иднина!Сепак не е целта да зборувам и пишувам денес за утре,туку обид да на концизен начин ја представам реалноста и *евентуалната иднина * на погоре споменатите засегани страни!Инаку кога би пишувал за желби тогаш,ќе фатам една златна рибица и со нејзина помош ќе исполнам три желби , а третата ќе биде влез на Македонија во ЕУ и НАТО,па можеш ли да предпоставиш која е првата и другата???
На крај на крајишта ако збориме сериозно и се разбираме на тој начин ,тогаш можам да кажам дека тотален промашај се аналитичките појавина екс политичарите ,Мерсел БИЛАЛИ, Абдулменаф БЕЏЕТИ,Ризван СУЛЕЈМАНИ,Сејфедин ХАРУНИ и многу други истомишљеници *демагози*,кои немат ништо заедничко со реалноста!Тие имаат пишувано (парапсихолошки колумни),и ред други аналитички обиди,меѓутоа сепак самите се свесни дека досега се имаат промашено!
Морам на крајот да потенцирам дека ќе имаме много жешка политичка година,со многу промени во сите свери !
Апокалипто!
Јас можам со твојата теза само да се сложам,пошто таа може само позитивно да се одрази во целото наше општество!Меѓутоа анализирајќи ги состојбите во пост монистичка Македонија уште многу време треба да се помине за да се дојде до *снемување *на етничките партии!Според моето мислење ,горенаведеното може да се случи ,доколку за неколку години НИЕ, заеднички ги решиме некои меѓуетнички недоразбирања ,кои сигурно ти се познати ,па со еден економски* бум*,,при што секој ќе биде задоволен со својата финансијска состојба.,може да дојде до промени.После ова ,евентуалното укинување на визите,влез во нато и ЕУ, самото ќе ги реши и тие ситни останати проблеми,по што ќе се заборава на националното ,предрасудите едни кон другите,непочитувањето на етничките кодекси...
Морам да признам дека ги приметувам ,(а и тоа ме радува )одредени авансирани економски контакти меѓу разните етнички заедници во нашата земја,што влева надеж дека во наредниот период ќе има промени на ова поле.Значи тезата ти е добра,иако има одреден број на високи партијски функсионери кои не сакат да ја чујат,но и нивното време поминува а и некако тие ми изгледат истрошено со нивните нон-стоп поновени фрази !Ние сме влезени на вратата каде што пишува капитализам,иако неспремни за тоа,се обидуваме на некој начин да личиме на европски земји,а немаме економски развој,имаме голем број на невработени,луѓе што ја имаат игубено работата а и такви што ги чека иста судбина.Тие се неколку елементи што за жал политичките национални партии го искористуват за да створат своја армија на послушници и зависници со нивните ветувања за (не)решавање на егзистенциални проблеми на сметка на посадувањето на мржњата и предрасудите кон другите,па и релацијата македонец-македонец е во расипани односи као и односите албанец-албанец се во криза!
На крајот , според моето скромно мнение во Македонија многу политички партии навистина ќе ги снема ( а посебно националистичките)и во прво време ќе останат по две опции за македонски парти и толку за албанските.Јас им се извинувам на другите заедници што живеат тука ,меѓутоа нивните политички субјекти нема да можат да се организираат сериозно ,туку тие ќе им се приклучат на поголемите, и така ќе настават за потврда на твојата теза!
За политичарите и за демократијата.!Еднаш напишав нешто што има блискост со ова што го дискутираме ,а тоа беше дека * демократијата како феномен не е можна !Пошто таа има значење на владеење на народот,значи , владеење на вечината над мањината,сепак не е можна.Зошто?!Па затоа што секогаш ( ако се задржиме само на ова тема )по изборите од тие добиени гласови ,ќе се одвои една група, елита, која ќе преземе се во свои раце и на тој начин ќе ги прекрши основите на демократијата.Со тоа ,наместо да владее вечината (народот) ќе владее мањината(елитната група)!*Некој може да рече дека тогаш ,пак ,народот,гласачите еден ден на избори ќе им ја одземат власта ,и мандатите ќе им ги дадат на друга политичка опција,но пак се ќе оди од почеток ,со нова ,мала група на водачи кои ќе владеат со големата група (народот).И така ,се додека ќе постои овој начин на делегирана надлежност тоа ќе трае.Моментално друга опција нема ,тоа е тоа ,земи или остави!
DLM!
Analiziraj ja mojata pretpostavka za *Politickite subjekti vo bliska idnina*od 08.05.2009. pa treba da se uverish navistina deka *zivi bili pa videli*
pozdrav ILUL