Стопанска Банка - грчкиот Тројански коњ
Дали во Македонија владее бизнис олигархија?
Стопанска Банка - грчкиот Тројански коњ
DLM
25.11.2009, 19:52
Невозможно е никој во Македонија да не обрне должно внимание на оваа тема?!
Зачудува фактот дека во Македонија се продава се и сешто, па така се продаваат и ЕСМ и СТБ, инаку стопански субјекти, преку кои без никакви додатни финансијски влогови е овозможено директно мешања во политичките односи на Македонија. За оние кои не ги следат овие работи, иако не верувам дека има такви кои го следат овој форум а да не ги воочиле ваквите инфантилни одлуки кај нашите „демократски елити“, секако некои би го оправдувалеа оваа со детските болести, но јас мислам дека се работи за целосна неподготвеност и незнаење на политичките гарнитури.
Но да се вратам на СТБ, оваа финансијска институција само преку инсистирање на своја каматна политика, може директо да одлучува која ќе биде владата и кога треба да се семени истата, ако случајно не и се допаѓа политиката на владата на владата на Македонија тогаш вистинскиот сопственик (Националната банка на Грција) може со минимални интервенции на финасијскиот пазар да створи хаос, а со тоа и да ја смени политиката.
Но би сакал да слушнам и други, дали е таков случајот како што јас гледам или не???
---------------------------------------------------------
Чудо невидено!!!
Ќе се намалуваат каматните стапки, па дали е тоа возможно???
Без срам П Г признава дека произвел дефлација, ма ви се молам, владата предвидува раст од .. процент а овој воведува дефлација, па врапците знаат дека ако се сака раст мора да има инфлација. На тој начин се врши притисок врз побарувачката а таа пак преку своите механизми делува врз понудата, и на тој начин се остварува раст. А тутурутката што направи ја десеткуваше побарувачката, нашите фирми кои не може да излезат на светскиот пазар поради неспособен менаџмент и други фактори, ја намалија понудата преку смалување на производството и доведоа не до пораст на општествениот производ туку до намалувањер.
Ма тој П Г треба да седне на своите чисти раце и да објасни зошто го направи тоа???
И сега ќе ја олабавува монетарната политика, па уште пред 40 дена на светскиот пазар паднаа каматните стапки (на хипо-кредитите се движат од 3,2 до 4,3%) а кај нас во небеса, и сакаат економија, па уште и да остварува раст!!!
А овој Бишовски побрза да објави дека намалувањето ќе биде само 0,5% и на тој начин останатите помали банки да го следат во тоа (а за жал сите се помали од неа). Нема врска што имаат зголемување на активата или ако сакате профитот за преку 30%, е каде го има тоа на кое стопанство они остваруваат таков профит, и кому полагаат сметка за изнесувањето на капиталот од државата.
Ако се сака поефтин капитал мора да се оданочува изнесувањето на капиталот надвор, а да се ослободи од оданочувањето на внес- инвестиции. Каде е тој П Г да објави колку милиони се изнесени од Стопанска банка и од ЕВН па тоа се државни фирми едната е сопственост на грчката држава другата на австриската држава. Ама тоа не може зошто ќе се оданочуваат и нивните пари кога ги носат во некое швајцарско банкиче, и затоа удри по овие дома па тие и не знаат колку имаат и колку можат!!!
Но ќе и дојде крај и на нивната економска политика и во фискалниот и во монетарниот сектор, веќе 20 години тие не може и се неспособни да управуваат со економија која има 2 милиони потрошувачи.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
04.12.2009
Изненаден сум колку мал интерес има за економската политика и состојба кај нас.
Сеуште не е разобличена моќта (капиталот) и дистрибуцијата на општествениот капитал кај нас и претставуваат непознаница. И никој не чувствува предизвик да пишува за економијата и аномалиите кои кај нас ги има во изобилство, никој не пишува за милениумскиот грабеж иако сите не претвори работничка класа, додека на другата страна иамаме класа која на неправеден начин го присвои сиот тој капитал. И бидејќи е тоа класика стандардно води кон антагонизам кој на крајот го руши таквиот систем. Само што кај нас поради неизграденото граѓанско општество и неразвиените капитал односи рекордно се рушат човековите и социјалните права. Денес еден пријател се жалеше дека ЕВН му прети дека поради неплатени сметки од 2005 ќе ми ја исклучи ел. струја. Нему се засметува индустријска тарифа иако е домаќинство, неплатените сметки се направени од друг корисник (правен субјект) кој денес ја врши својата дејност само на друга локација. Барал заштита но добил само жалење и констатација дека ЕВН прави што сака и дека за неа не важат законите односно не ги пошитува истите, така му рекле во полиција обвинителство итн итн. Со сигурност знам дека за застарени побарувања ЕВН тоа не смее да го прави, а истите може да ги бара преку суд, но тоа би било случај во колку сме ние правна држава а насилството во сите облици би било санкционирано.
Добро некој ќе рече па што оваа има со економијата? Има и тоа премногу, односите кои се поставени и владеат во економскиот сектор директно се рефлектираат во социјалниот и целокупниот живот. Да скратам тие се во интеракција, како елементи на структурите и суперструктурите.
Добар Глас
The Best websites for Macedonia
MakHost
Re: Стопанска Банка - грчкиот Тројански коњ
tekstiling
14.12.2009, 11:13
Во некој весник се јавил глас дека Дора Бакојани имала купено имот кај Св . Николе.Прво не верував,потоа анализирав и како да се стресов од сознанието дека ние всусност сами си се продаваме,што вели една народна за пари и г.... ќе дадеме.Стопанска банка знаеме добро што беше,целото стопанство,капитал,хипотеки од милион фирми ,за една јас пишував ама и тогаш се замолчи работата.Кој будала се најде неа да ја продава?Нека извини на зборот ама мора да е таков па сега кривци од надвор бараме.Грците ни влегоа баш како Тројанскиот коњ,убав и на место е насловот.
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
Copyright © 2005 Време. Сите права се задржани.