|
|
Дали за Македонија е опасно Косово да стане независно?
Започнато од DLM на 28.11.2009 14:37. Темата има 4 одговори.
 
 
|
|
Подреди коментари:
|
|
|
|
28.11.2009, 14:37
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|
|
Ова тема се наметна по нарачка, и се покажа како прилично добра за исфрлање на оној насобран енергетски набој кај партиските пиони. Чудно никој не сака да ја види вистината, како да таа и воопшто да не ги интересира, главно е онаа што не може да го кажат дома или на шефот сега слободно може да го исфрлаат за Љубе Бошкоски. Еден веќе натеравме да си оди од Македонија во Бугарија притоа нарекувајќи го за предавник, крадец и сите други можни епитети, сега си бараме нова жртва. И не можевме сами па ни се понуди пиздунот Латас и неговата клапа да ни најдат таков и ете, Љубе Бошковски тој е новиот предавник, изрод и ...., ма тој е виновен за се и треба да си оди во овој случај за Хрватска. Прво сите што се огрешиле треба да одговараат пред македонските „правосудни органчиња“, така јас мислам, и толку за онаа дали и што сториле не овие двајца туку сите кои се обвинети или предмет на политички прогон.!.!.
Секако дека внимателно ги погледнав прикачените снимки на јутуб и, прво истите ги прикачил некој си Красимиров со македонска IP адреса, само малку пред почетокот на сителовиот дневник, значи навистина стои онаа девизата „Сител прв дознава“ ма да беше CNN немаше толку брзо да реагира. Понатаму како да никој не го интересира што има на снимките, или пак не разбираат што е тоа што го гледат. Па тој навистина повеќето чита некој извештај, за кој според присутните се гледа му е доставен од Македонија (прави грешки при читањето што само имплицира дека тоа не е негово) и на самиот крај дава свој заклучок за истиот. Од извештајот се гледа дека се тоа само факти за тоа како дошло до планирање и операционализација на самата акција, што во никој случај не го доведува легалитетот и легитимитетот на истата. Ни во едн момент Бошковски не ја доведува во прашање акцијата и целите, тој само зборува дека за истата не знаел дека истата е водена со одобрение и наредба на Претседателот и дека според тоа тој нема никаква одговорност ако при изведувањето на истата дошло до пречекорувања на овластувања од страна на некои поединци или како што обвинителството сметаше воени злосторства. И оваа секому ќе му биде јасно ако ги погледне снимките, во ниеден случај не станува за некакво предавство или кодошење. Зошто Бошковски ова го изјавил па затоа што е вистина па нели ние очекуваме од нашите политичари да ја зборат вистината. Па тој дури и посочува дека таа акција е извршена со наредба и целосна согласност на Претседателот, што значи дека сите вклучени извршувале наредби, и најважно од се е тие не се здружиле за да сторат нешто за што се обвинети, тие биле платени од државата да ја бранат!!! И сега се заборавија сите оние работи, настапи и се што сторил Бошковски се заборави Арачиново, се заборави минатото, затоа што така му се посака на деспотот така му наложија а и му смета понекогаш, па тој сега си го има ДУИ за коалиционен партнер па нели се тоа борци за човекови права, е па тогаш овој Бошковски мора да е предавник и изрод од најдолен вид и треба да си оди во Хрватска, кој е тој да зема двојно државјанство... погледнете овде има премногу коинциденција http://www.dobarglas.info/rubriki/kolumni/kolumni.htm
Само, уште што се ќе мораме да трпиме и да видиме, уште колку пати ќе бидеме декор и публика на нивните хајки и местенки, само дај боже да ни ги укинат оние визите, и на овие години ќе бегам од оваа вуко...ина. Пред малку видов некој напишал дека не им носат на сите од овие МТВ честитки туку само на избраните, зар имав таква чест да ме изберат, кој и да е на власт СДСМ или ДПМНЕ јас секогаш имам чест...
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
30.11.2009, 16:07
|
karamarko
Пристапил на 30.11.2009
малку активен
|
Re: Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|
|
Potpolno se slozuvam so tebe, ova vo vrska so Ljube Boskovski.Ocigledno se raboti za namestena rabota.Za sitel i Latas nemam zborovi,deneska ja citav negovta kolumna"kodos".Dal da placam il da se smeam,ne znam.Sega e Ljube za nego prost,nepismen,kodos, i sto ti ne.A samiot ima doblest da si priznae deka ucetvuval vo kreiranjeto na negoviot lik kako "heroj".A koga sme veke kaj spijuni: Latas bas vo tie krizni godini na Makedonija,aktivno ucestvuva vo Makedonskata politika,najverojatno raboti pod direktiva od nekoj,nekade vo toa vreme dobiva nagrada od Milosevic!!??Se prasuvam zasto Milosevic mu dava nagrada na Latas,koj navodno zivee i raboti vo Makedonija,so kakva cel mu ja dava nagradata??Najverojatano za mnogu "uspesna" rabota vo MKD.Ne znam ,se uste ke se otkrivaat raboti ,da vidime koj bil spijun i koj rabotel protiv Makedonija.Vo "Vreme" ,pred nekoj den imase eden napis deka vo Makedonija rovarat spijuni od sosedskite drzavi..Nisto cudno da ispadne i Latas da e,moeto somnevanje ide nataka
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
30.11.2009, 22:41
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|
|
Најпрво би сакал на сите оние што издржаа во овој карантин и не прифатија КОМПРОМИС=ПРОМЕНА на името Македонија да им честитам што најпосле дочекаа да отпочне постепеното укинување на црниот визен режим =карантин. И само се прашувам (и ги жалам) што ќе прават сега еуропејците, кога овие силни и неброени милиони (100 милиони) граѓани на непризнаената држава Македонија ќе заминеи ќе ги загрози нивните економии???
А сега на темата, ми причинува задоволство дека има и други кои имаат помнење и го користат својот интелект, па реагираат на извитопереноста која се повеќе станува обилежје на нашиот политички систем. И морав и јас да видам што тоа нашиот мил Латас тресе, а граѓаните по обичај му веруваат на неговите добро компонирани проказни составени од полувистини и сплетки. Нема ништо ново Латас продолжува во својот познат стил, и толку е занесен да се прашувам што намери и цели има овој човек. Па овие што се сега негови ментори еден ден ќе ја загубат моќта а со тоа и тој неговата заштита и што тогаш, тој ќе стане дивеч за слободен одстрел, мислам на статусни обилежја и социјализирани норми. После оној од Канал 5, од здружението на новинари изгледа Латас сигурно чекори по неговите стапки, и ќе заврши најверојатно како Р.П. момче за еднократна употреба!!!
А за онаа Латас па шпион, тоа е смешно може да го има само статусот на Кодош, тоа се неговите инетелктуални височини-дострели. Да се биде шпион потребно е да се има интелект и прилична урамнотеженост, за жал тој нема ни едно од овие работи. Тој има само од оној расипаниот новинарски стил, за кој јас велам дека таа професија ја врзува со политичарите и ги прави нивни егзикутори, и воедно сродност со расипаниот полициски кодекс. Шпион е лице кое врши собирање ... и работи во служба на својата земја, значи има мо...
А она дека еден ден ќе излезе нешто на виделина, не е баш така, никогаш нема ништо да излезе а најмалку вистината, затоа постојат луѓе кои може да ја согледат вистината веднаш и оние другите кои само ја слушаат а не можат да ја видат и врз таа виртуелна вистина си живеат.
Немаше толку да го напаѓам Латас но, кога тој си дозволува да пишува такви работи, неважно е дали е вистина или не но неговиот примитивен стил не е новинарство.
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.12.2009, 13:22
|
tekstiling
Пристапил на 21.10.2007
mk
Рангирање нема
|
Re: Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|
|
Долго не сум на форумов. Има работи кои ме оддалечија поготово насилничкиот стил на некои душегрижници од соседството и простачкиот стил на некои безгрижници,кои се нафрлаат не со силата на зборот туку со органот.Но еве некоја моја размисла околу оваа тема.Брат Љубе не знам дали е толку грешен,но со сигурност знам дека не си го бидува за политичар.Колку побрзо замине од политиката ,толку подобро за него,како што направија многумина пред него,вака само ќе тоне додека не го фати дното.Она со празните чаури кога гаѓаше живи мети,хахахха,беше знак дека така изгладен нема да може да биде воин .Не ми се допадна неговото блебетање за Груевски и братучедите,небаре го цитира Буч .Ако народот си даде доверба за нив ,кој е тој да ги негира,не пасел овци со нив.Подобро беше малку да се тргнеше понастрана од политичката сцена после Хаг,а тој откако се врати само утки прави.Вака како тргнал на крај и со гаволот ќе се смува....
WHAT YOU ARE IS GOD'S GIFT TO YOU WHAT YOU BECOME IS YOUR GIFT TO GOD
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.12.2009, 23:06
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|
|
Едно големо БРАВО за нашиот Бранко, родениот ни МАНИПУЛАНТ!!! Па овој човек успева сите да не врти ко сански кози! Сите гладни и боси влегоа во неговата шема и сега се забавуваат со претставата Груевски против Бошкоски, баш ме интересира што смислил а како што се гледа тоа ќе биде наскоро. За несреќа денес го поправив ТВ и го гледав прво на Канал5 оној недоквачениот Ефтовски или како му беше веќе името, а убаво ми беше со интернет и уште губам време а пред 7 дена си купив нов домен guide-macedonia а уште не сум ставил ни тест страница (само гугл да не ми го банира доменот уште на страт). И тоа Се со заслуга на сите овие глупости кои човек може да ги види на нашата тнр политичка сцена. Во таа емисија Љ.Б се обидува со целото негово знаење да го убеди тој недоквачениот дека новинар не смее да навредува лице со кое врши интервју, а тој па нетокму е сестро па како си сестро па така те викаат, море бог да не чува од носени недоносени. А сега да кажам зошто браво за Б.Ц па тој е махер за вакви сплетки јас мислам дека и америте ќе го ангажираат по овој серијал кој нам ни го претставува моментално, има само една особа која има знаење да го раскринка но тој абдицираше од политиката и чека опрост од „меѓународната“, и бидјќи нема други да не спасат од игрите на БЦ кој ништо друго не сака освен власта и паритени останува само да ги следиме наредните епизоди од серијалот. И кој ѓавол ме натера после таа емисија да пуштам МТВ со Томиќ, кој нешто многу сака клипчиња од „јутјуб“, така тој го изговараше со оргинален англиски акцент!!! Не знаев дека тој сакал клипови, но ајде тоа но што мајка бара онаа сопругата од Јохан Тарчуловски во емисијата за сатанизирање на Бошкоски, е сега стварно ми се јасни оние библиските приказни за јаболкото змијата и оние другите животни... нема повеќе за неа затоа што не е во ред поради сопругот кој стана вистинското жртвено јагне преку кое политичките мафиози се обидуваат да остварат некоја полза за наредната трка. Замислете тие толку се загрижени за Јохан па тие не можат ни мирно да спијат, ни да крадат, од грижи а кога го испратија во Хаг не беше толку полезен и не носеше рејтинг ама сега злато вреди да се има на своја страна. Бранко доста не мавташ ајде кажи ни го следниот чекор а можеби го знаеш и исходот, само да знаеш ако ти е во калкулациите и КОМПРОМИС = ПРОМЕНА на името тоа нема да ти помине, оние 420 000 од референдумот ниту се на твојата страна ниту на моментните властодршци, колку што јас следам тие се на страната на Македонија...
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
07.12.2009
Веќе мислев да не се јавувам по оваа тема, но баш сега ги видов оние изјави на Владо Поповски кои се пренесуваат преку јутуб, и морам да признам не можев да издржам!!! Па како може тој ЛИГУШ со педигре да дава изјави, па тој заедно со ЉФ се најголемите КОДОШИ И П.........И НА МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА. Замислете човекот кој ги креираше политичкиот систем(преку уставот на РМ), кој му е.а мамето на правниот систем преку законот за судство(или како „наш“ БЦ вели суство), беше прв човек на македонската „ЦИА“ кога се изврши атентатот (и секако даде голем придонес во разоткривањето на истиот, ама ајде да не бидам вулгарен до крај), армијата ја држеше за своја забава и со години спречуваше носење на закон за служба во АРМ, во 2001-та сесрдно предлагаше и подржуваше реконституција на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА но да не редам повеќе тој има толку бисери колку што ретко кој ги има, и сега тој истиот човек кој треба да одговара за злосторства над македонските граѓани поради се она што сторил или не сторил, се јавува и збори за закони правила и што ти ја знам, што ли веќе му дошло на тој болесн ум... Замислете тој го советувал Претседателот ама оној премиерот му ја мател водата па не можел да има целосна контрола.
Но добро има ли маж кој сериозно ќе појасни во што се состои „предвството“ на Љубе Бошкоски или ќе тераме по она „држете го крадецот“, јас а верувам и многу други не може да согледат во што се содржи тоа предавство, освен дека се работи за хајка организирана, сега веќе е очигледна, од страна на ДПМНЕ а сесрдно подржана од СДСМ кој има свои пресметки и на кои исто им смета овој ЉБ, за кој една госпоѓа вели дека не и се допаѓа, но да оставиме тој самиот да падне а не да му копаме гроб за без пари. Најмногу од се ми сметат ваквите наместени работи (кои ги имам лично искусено) па без разлика кој ги прави и под која капа се прават ( не е важно дали е комунистички или фашистички или капиталистички изум) важно е дека тоа не е во склад со тнр христијански вредности и не е воопшто во склад со здравиот човечки разум. Па не може да се користат медиумите за да се ствара хистерија и да се линчуваат луѓе, ејјјјј тоа не е здраво. Денес предмет на таквиот линч се едни но утре може да станеме ние граѓаните, затоа треба да отфрлиме наметнување на таквите норми. Секако ако некој вопшто мисли на утре и како денес го подготвуваме тоа утре...
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
|
Форум на Време » Политика » Дали за Македон... » Re: Љубе Бошкоски - брат Љубе
|
|
|
|