27.12.2009, 13:05
|
depeche mode_albanac
Пристапил на 18.12.2009
Рангирање нема
|
МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЖРТВИ НА СРПСКАТА ГРАДЕЖНА МАФИЈА
|
|
|
|
|
МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЖРТВИ НА СРПСКАТА ГРАДЕЖНА МАФИЈА
Група белграѓани крвнички претепаа Македонци
Марија Богоеска
Дваесет белградски насилници со метални цевки и со палка за безбол завчера вечер крвнички ги претепале Кочо и Менка Костовски, кои повеќе од четириесет години живеат во белградското централно подрачје. Претепаните нашинци се хоспитализирани во главната белградска Клиника, а дежурните лекари вчера изјавија дека тие се во стабилна состојба и дека се надеваат дека наскоро ќе ги пуштат на домашно лекување. Како нарачател на нападот, како што им изјавиле жртвите на белградската полиција, се претпоставува дека стои белградскиот бизнисмен Зоран Трифуновиќ, со кого имале нарушен и човечки и деловни односи. Токму тој, пак, вчера за српските медиуми негираше дека имал каква било врска со претепувањето на македонските граѓани. Од белградската полиција велат дека по завршување на истрагата ќе поднеселе соодветни пријави за неколку граѓани, не посочувајќи за кого и за кое кривично дело. Од Македонската амбасада во Белград велат дека се во редовен контакт со српското МВР и дека го следат случајот. - Семејството Костовски, како што не информираа првично од болницата, е добро. Веќе неколкумина македонски дипломати се во постојан контакт и со истражителите и со лекарите и очекуваме наскоро да се дознае вистината - изјави вчера македонскиот амбасадор во Белград, Љубиша Георгиевски. Семејството Костовски, како што пренесуваат српските медиуми, никогаш немало некои поголеми проблеми се до пред неколку години, кога решило својата стара куќа да ја дадат на инвеститори за градба. По непромислениот потег почнала нивната драма, закани, уцени и малтретирања се со цел да ја напуштат својата куќа, а инвеститорите да го конфискуваат нивното земјиште.
Дваесетина напаѓачи маскирани и облечени во црно провалиле во нивниот дом во Белград, при што брутално ги претепале и им ја демолирале куќата. Белградските медиуми пренесуваат дека групата маскирани напаѓачи ги претепале Менка и Кочо Костовски во нивниот куќа на улицата „Станко Враза“ 38 во Белград. Откако го демолирале мебелот, ја исекле струјата и ги претепале сопствениците на куќата. Нивната ќерка Наташа во тој момент не била дома, но за локалните српски медиуми изјавила дека веќе подолго време добивале закани за кои се сомневале дека се од градежниот инвеститор со кој соработувале.
Заканите почнале пред две години, кога семејството решило своето земјиште да го отстапи на градежни инвеститори.
Семејството Костовски било во преговори со фирмата „Сава инвест“ во сопственост на Зоран Трифуновиќ да го отстапат својот плац за изградба на зграда. Тие на една година ја напуштиле куќата и отишле под кирија во друга населба. Но, по одредено време не виделе никакви резултати, ниту дека куќата е урната, а ниту, пак, дека е почнато со каква било градба на нов објект, па се обиделе да контактираат со сопственикот на фирмата, но немало никакви конкретни резултати.
- Му се јавивме да го прашаме дали да останеме и дали се уште ќе плаќа кирија или да се вратиме во куќата. Не можевме да го најдеме и не ни остана ништо друго освен да се вратиме назад бидејќи немавме пари повеќе да ја плаќаме кирија. Откако се вративме во куќата, по извесен период се појави некоја фирма „Сава инвест“, која не потпишува нас и уште двајца сосопственици на парцелата како инвеститори, а при тоа нас никој не не извести за тоа - вели Наташа Костовска.
Бидејќи со „Сава инвест“ немале потпишано никаков договор, семејството Костовски не сакало да излезе од куќата. Во август почнувале да им се закануваат, но, како што вели Наташа, и нејзините соседи не знаат кои се тие луѓе што сакаат семејството Костовски да им го отстапи плацот. Потоа дошле градежни работници и со багери насилно ја урнале оградата и почнале да копаат темели. Направиле голем неред, ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги убијат. Неколку пати пријавувале в полиција за заканите, но завчера вечер било навистина страшно. Сосетката што ја повикала итна медицинска помош вели дека глетката била страшна. - Кога излегов го видов соседот кој лежи без свест и се тресе. Како лекар се обидов да му помогнам, притисокот му беше повеќе од 200. Повикав итна помош , човекот се жалеше дека го тепале повеќе од дваесет луѓе облечени во црно, а неговата жена ја заклучиле во тоалетот и главата и ја ставале во шолјата - вели потресената сосетка.
По хоророт на семејството Костовски и обвинувањата дека зад овој напад стои посочениот нарачател на малтретирањето, белградскиот бизнисмен Зоран Трифуновиќ, тој завчера за српските медиуми потврди дека ангажирал вработени од агенција за обезбедување да го иселат семејството Костовски, но демантираше дека при настанот имало некој претепан. Тој изјавил дека добил дозвола да ги урне објектите на семејството Костовски и дека од општинската градежна инспекција им рекле дека сам морал да најде начин да го исели семејството.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|