|
|
Дали сметате дека се потребни предвремени избори?
Започнато од vale на 26.01.2010 18:27. Темата има 8 одговори.
 
 
|
|
Подреди коментари:
|
|
|
|
26.01.2010, 18:27
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Даме и Гоце, ќе се обратат во гробот, ако разберат дека членот на српската пета колона Латас советува претседателот на ВМРО.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
02.02.2010, 11:02
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
ВАЛЕ нешто си ми многу загрижено кој го советува претседателот на ВМРО, но да расчистиме едно тој не е претседател на ВМРО туку на ДПМНЕ а тоа се две различни работи како баби и жаби, знаеш??? Друго не е важно кој го советува, туку што го советува, значи не е важно дали е србин, бугарин, албанец или грк сепак ние македонците не сме шовинисти, а и имаме заслуга-придонес за космополитизмот кој за жал сега е во трет план!!!
Значи не е убаво да се испревртуваат тезите за грнето. А советите на Латас многу брзо ја доведоа оваа елита во теснец бидејќи нивните тоталитаристички методи се се повеќе на сцена.
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.02.2010, 12:33
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Знам дека немате вистинско ВМРО, а само смешни партии, кои сакаат да користат ВМРО за реклама. А за Латас-сомнителна е заедничкиот став на Србин и Македонец по македонското прашање. Бидејќи за време на вистинското ВМРО до 1944г србската и македонската позициjа беа спротивставени.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.02.2010, 20:39
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Дали има вистинска ВМРО, па мислам дека вистинската ВМРО ја сочинуваат македонците кои ја створиле идеата и работеле на нејзина реализација, и денес постојат македонци кои ги познаваат идеите и стратешките цели на ВМРО, а кои не ги користат за лична промоција и ситничарење. Можеби нема во голем број на такви македонци но сепак се доволни за опстанокот на Македонија, ако е тоа причината за загриженоста на г-дин vale. Дека поединци ги користат придобивките од името ВМРО не е спорно, дека има многу кои за ситни и лични интереси (вработување или сл.) се членови на таквите партии е вообичаено за нашите балкански простори секогаш имало и ќе има такви, медиокритетството денес е многу актуелно а како главна одлика на тоа е безрбетништвото... Затоа денес кога ќе запрашате некого како успеал и се качил на врвот, ќе добиете одговор со ползење и лигавење, но таквите денес се повеќе и го фаворизираат нивниот модел. За Латас, можеби човекот е србин не знам но е јавна личност, што пак ми дава за право да се мајтапам со неговата докажана неспособност и просечност а во последно време се поизразената инфантилност. Замислете човекот вади документ од МВР дека не бил кодош, па уште и мавта во јавноста со него, исто како на времето нашиот ни мил Претседател Бранко Црвенковски кој извади документ дека нема сметка во швајцарските банки. Ама така е тоа кога се има работа со овци. Но дали мене ми се причинува или во оние горните две реченици провејува страв дека македонците и србите може да имаат заеднички интереси, како и македонците и било кој друг народ во дадена ситуација да имаат заеднички интерес. Да не се работи за страв кај бугарите или што, можеби нецелосна информираност-мајтапење??? Дека Македонците отсекогаш имале спротивставени ставови со хегемонистичките (читај шовинистички) политики на Србија, Бугарија, Грција и Албанија не е никаква тајна, па и ден денес ги имаме истите спротивставени ставови,,,,,,,
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
04.02.2010, 22:27
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Добро ДЛМ, Латас првпат, а случајот Спаска Митрова со нејзин поранешен сопруг Србин-наркоман? Како била осудена за 19 минути со измислени докази, само затоа што има бугарски пасош и учила во Бугарија. Да вкарате една македонска мајка па макар и со бугарски пасош во затвор, заради еден посран српски наркоман. Да не ве е грижа тој наркоман како ќе одгледува детето. Е ова се вика омраза. Ова од страв ли го правите, да не смее никој друг да каже дека е Бугарин?
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
06.02.2010, 19:18
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
г-дин vale, повторно бегате од суштината и сега пак наметнувате теза дека македонците ги мразат бугарите, обична глупост. Можам за себе да зборам, ниту ги мразам ниту ги сакам бугарите, дека има македонци кои ги мразат, па сигурно има а зошто тоа тие самите најдобро го знаат. Дека бугарската политика, онаа официелната не е добрососедска е факт, па самата Бугарија гласаше ПРОТИВ за тоа Македонија да добие датум за отпочнување на преговори во ЕУ, но тоа е само една маленкост и ако се анализира бугарската политика кон Македонија во минатото ќе треба со денови да се пишува и пак нема да стигнам да ги набројам сите "добрососедки" потези, тоа не знаќи дека нема и некои добри работи, но балканскиот менталитет е таков лошото да се памти три пати подолго. И пак таа Спаска со нејзиниот сопруг, па веќе еднаш ми се чини реков немам намера да зборам за лица кои не се јавни личности по сопствен избор. Што се однесува пак до правниот систем и судската власт секогаш сум расположен за коментари бидејќи јас и повеќето што живеат во Македонија сме жртвите на тој и таков систем. Уште пред неколку години на овој форум реков дека сите најповеќе судиите треба и мора да имаат лекарски преглед од психијатар или бар психолог, затоа што нивните одлуки не се проблематични само од аспект на судење според законите, туку има и едно брдо сомнителни потези и носени одлуки кои го наметнуваат прашањето за нивната способност и човечност. Така е во Македонија и тоа е загрижувачко бидејќи без колку - толку исправен и функционален правен систем се доведува во прашање има или нема демократија и човекови слободи во Македонија. Се надевам дека во Бугарија немате такви проблеми а ако ги имате веројатно ќе си ги решите на ваше задоволство, и бидете сигурни дека ние како ваши соседи ќе бидеме среќни поради тоа...
Дали ме загрижува кој ќе одгледува дете, сигурно да, но повеќе ме загрижува кој и како ја води политиката и државата бидејќи ако таму се доведат работите во ред сигурно е дака прашањето кој ќе одгледува дете ќе стане безпредметно.
Колку што гледам еве вие рековте дека сте Бугарин, па никој не обрна внимание на тоа, затоа не грижете се толку никој не ве мрази за тоа кој сте, и најповеќе некој може да мрази поради тоа што сте и какви сте (се однесува на делата)!!!
Туку имам едно прашање: Како живеат македонците во Бугарија и може ли слободно да се изјаснат за тоа како се чувствуваат, имаат ли некакви права или тоа прашање сеуште не дошло на ред да се разгледува???
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
06.02.2010, 20:38
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Македонците живеат слободно во Бугарија. Тоа што се нарекуваат Бугари и истовремено Македонци и дека зборуваат на бугарски јазик и македонски дијалект, а не скопски македонски јазик, воопшто не ги иритира. Ова не е и никогаш не е бил нивниот проблем. Знам за ОМО Илинден-Пирин, нивниа обид да предизвикаат желба во Пиринско за одредување на граѓаните како Македонци по националност, како насилното впишување во 1945-1947г. Ова го сфатиле сите и немаат никаква желба да се пишат македонци по националност. Ти сигурно ќе кажеш, дека им са испрани мозоците. Добро нека и јас да те прашам-ќе дојде време Македонија да влезе во ЕУ, границите ќе се отворат, ќе има слободно движење на луѓе, истите закони. Како ќе живеат тогаш Бугари и Македонци, каде и да се наоѓаат. Пак ли ќе има спор кој народ е вистински, која историjа е невистинска.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
07.02.2010, 16:25
|
DLM
Пристапил на 08.10.2007
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
Добро тогаш да ги видиме фактите, кои г-дин vale ни ги признава, а кои ние со задоволство ќе ги коментираме и се надевам ќе увидиме колку се тие вистинити и веродостојни.
- Има Македонци кои живеат во Бугарија (нивниот број во овој момент не е важен, ќе се утврдува кога за тоа ќе има потреба некој од големата четворка или големите газди),
- Македонците во Бугарија по сопствен избор се изјаснуваат како Бугари, бидејќи така се чувствуваат и сигурно е дека кога така се чувствуваат се воедно и послободни, посити, не им треба медицинска помош ако случајно налетат на некои кои не ги сакаат Македонците, а и помалку остануваат по затворите...
- Македонски јазик не постои, - така вели vale, туку има бугарски јазик и македонски дијалект, види мајката а јас случајно имам роднини кои во 50-тите биле во Пиринскиот дел на Македонија каде работеле како просветни работници и тоа по покана на Бугарската влада. Оваа е елемент кој најмногу придонесува за подобри соседки односи а најповеќе да ја доживуваат Бугарија како модерна демократска земја....
- Во 45-47 некој гиприсилувал граѓаните во пиринско да се изјаснуваат за Македонци, значи Горги Димитров (ми се чини дека така се викаше) излегува дека е најголемиот непријател на Бугарија бидејќи јавно заговарал Пиринскиот дел од Македонија да се припои кон Вардарскиот дел од Македонија. Но тој период на демократски и слободен избор во денешна Бугарија се минимизира, иако е еден од најблескавите периоди од вашата историја.
- Бидејќи никој не признава дека има исчистен мозок (во иднина ќе ги клонираме), не знам зошто денес некој би го прифатил тоа како извонреден метод на управување и асимилирање.
- Што се однесува до според ваши зборови, скопски македонски јазик, дијалектот што се говори во скопско навистина е полн со србизми, но ако ја збориме вистината, тогаш вистинскиот Македонски центар кон кој гравитираат Македонците е Солун, бил отсекогаш и ќе остане засекогаш, можеби звучи романтичарски но е вистина. Скопје е главен град на денешна Македонија но не е културниот економскиот и ,,, центар на Македонците. Тоа го потврдуваат фактите и го вели минатото!
- Како тоа денешните граѓани од Пиринско ја изгубиле желбата да се изјаснат како припадници на Македонскиот народ и модерната Македонска нација, ова е сигурен предизвик за некој социолог да направи блескава кариера...
Е сега да одговорам, ЕУ е политичка и економска унија, која како настанала исто така моѓе и да се распадне, се разбира кога ќе ги исполни нејзините цели, значи има рок на траење. Но случајот со народите - нациите не е таков, навистина нема пример дека некој народ исчезнал (да ја исклучиме Атлантида), но затоа примери за успони и падови на политички творби имаме во изобилство. Дали и зошто некои граѓани кои денес се изјаснуваат како Бугари, како би се чувствувале послободни, утре би се изјаниле како Македонци, што мислите... Па тие се свесни дека не се Бугари и дека никогаш тоа нема да бидат и тоа затоа што вистинските бугари тоа нема да го дозволат за жал секогаш ќе бидат онаа што се изгнаници.... Како ќе живеат Македонци и Бугари во некоја си Европа во која сме и денес, па се разбира исто како и денес во зависност од нивниот интелектуален и општествен статус, од нивните афинитети и интереси и низа социолошки типови, ќе се здружуваат или ќе се спротивставуваат. Но да не забораваме дека изборот може да е слободен или по нечија желба а тој го прави квалитетот на соодветното рамниште.
Кој народ е вистински а кој не еве линк http://www.dobarglas.info/rubriki/actual/actual_dna.htm Која историја е невистинска? прашање е која е вистинска и дали таква постои, или само се адаптира за свои потреби!!!
Добар Глас The Best websites for Macedonia MakHost
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
07.02.2010, 17:54
|
vale
Пристапил на 21.09.2008
Рангирање нема
|
Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|
|
За фактите:
1. Георги Димитров е од Пиринскиот дел на Бугариjа.
2. По ослободувањето му од Лајпциг станува марионетка / подлагар / на Сталин до крајот на својот живот.
3. Тој е национален предавник, бидејќи се согласува да одржува сталиновата политика за пристап на Пиринскиот дел, а потоа и на осакатената Бугарија кон Југославија. Сталин имал за цел да добие согласност на Тито за обврзување на Југославија кон комунистичкиот блок, преку територијално проширување на ръководената од Тито Југославија.
4. Уништувањето на Бугарија со пристапот и кон Југославија е целосно идеја на Сталин, по барање на Тито.
5. Сталин имал идруги љубопитни идеи. Бугарската Кърджалийска област, да биде предадена на Турција, а Турција да отстапи своја територија на Грузија. Оваа териториялна размена не се спроведува поради одбивањето на Турција.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|
|
Форум на Време » Политика » Дали сметате де... » Re: Груевски и Латас припадници на ВМРО
|
|
|
|