30.09.2010, 19:54
|
katerinagj
Пристапил на 30.09.2010
малку активен
|
Re: Dali nekoj ima odgovor koga ke gi isplatat studentskite krediti i stipendii??????
|
|
|
|
|
Едно нешто сигурно научив на факултет, студентите НЕ се никаков фактор во нашето општество. Изгледа фактот што нашите родители ни ја плаќаат партиципацијата е причината поради која немаме мотивација да си ги бараме парите од стипендиите, да бараме поголеми стипендии, конкурси, поголема ангажираност од професорите, можности за практична работа, можности за вработување и што друго не. Сите се однесуваме како овие проблеми да не влијаат директно врз нас. Ако не ми верувате, одете во студентскиот сојуз и побарајте помош од нив, за било кој од наведените проблеми. Факт е дека студентите дремат. Дали дома или во некој партиски комитет, сеедно. Жал ми е што е така, искрено. Сакам да се надевам дека некогаш нешто ќе се смени, ама се што ни останува е да чекаме наредни избори и да се молиме да ни фрлат некое денарче наскоро, колку да не залажат повторно да гласаме.
|
|
|
|
|
Извештај
|
|
|
|